Ковачевски: Да покажеме духовна зрелост и да се обединиме


 Со меѓусебно разбирање и грижа едни за други, да покажеме духовна зрелост и да дадеме заедничка поддршка на мирот и развојот како заедничко добро, порача премиерот Димитар Ковачевски денеска од Охрид при честитањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици. Тој заедно со министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за правда Никола Тупанчевски и за […]

Мицкоски: Полукриминални групи вршат притисоци врз пратеници кои сакаат предвремени избори


Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Охрид обвини дека полукриминални групи контролирани од СДСМ и ДУИ вршат притисок врз пратениците од власта кои сакаат да поддржат предвремени избори. Одговарајќи на новинарско прашање по осветувањето на водите на Охридското Езеро за тоа дали има пратеници од власта кои сакаат избори, посочи дека нема […]

Прв случај на зараза со новиот сој „кракен“ во Црна Гора


Во Црна Гора денеска е потврден првиот случај на зараза со подсојот на омикрон XBB.1.5 (кракен), соопшти Институтот за јавно здравје. Со тоа, како што се наведува во соопштението од Институтот, Црна Гора се приклучи на листата на земји каде е регистрирана мутација на високо заразниот сој. XBB.1.5. е нова подваријанта на омикрон создадена со […]

Сарацин: Европскиот пат на Црна Гора е на крстопат, важно е да се изберат судии во Уставниот суд


 Европскиот пат на Црна Гора е на крстопат, предупреди германскиот пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин и ги повика сите политички актери во земјата итно да изберат судии во Уставниот суд и да ги остават дневно политичките интереси настрана. Сарацин вчера беше во Подгорица каде рече дека „актуелната политичка и уставна криза претставува сериозна закана […]

Во Франција штрајк поради предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање


Француските синдикати денеска почнаа штрајк против плановите на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање. Во новиот Предлог-закон што ќе помине низ Парламентот, ќе пишува дека вработените се пензионираат на 64 години, наместо на 62, колку што е сегашната граница. Градскиот и меѓуградскиот железнички сообраќај е речиси во застој, а многу училишта […]

Обесштетувањата за ланскиот земјотрес битолчани ќе ги добијат напролет


  БИТОЛА – Најрано во мај година, битолчани можат да очекуваат исплата на штетите од земјотресот кој се случи лани на 9 јануари. Од Владата за „Независен“ потврдуваат дека елаборатот го добиле на ден-два пред Новата година и дека допрва треба да го разгледа владината комисија за проценка и утврдување на висината на штетата од […]

Васко Довлев од Варош најсреќен меѓу стотиците верници во Охрид


Деветнаесетгодишниот Васко Довлев од Варош беше најсреќен меѓу стотиците верници што денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро и го извади светиот крст. Во отежнати услови поради големите бранови предизвикани од силниот ветер, младиот Довлев, кој кажа дека се капе од мал, прв пат го фаќа светиот крст. – Чувството да се фати крстот […]

„Венчавка за умирање“ : Џенифер Лопез во златна тоалета за свадбата со Џош Духамел


САД– Џенифер Лопез ја слави премиерата на нејзиниот најнов филм на тема свадба во златна боја! 53-годишната ѕвезда присуствуваше на премиерата во Лос Анџелес за филмот „Венчавка за умирање“ (Sotgun Wedding“) облечена во проѕирен фустан во нјуд боја од „Валентино“, украсен со соодветни златни кристали. Долгата тоалета беше во центарот на вниманието додека Лопез позираше […]

Кристијан Нинески го фати крстот во водите на Вардар во Скопје


Кристијан Нинески е скопјанецот кој го фати крстот, што Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, го фрли во водите на Вардар, денеска на Водици. Нинески досега осум пати учестувал на манифестацијата, а ова е трепат како го фаќа крстот. -Сите да сте живи и здрави – изјави Нинески. Нинески беше даруван од архиепископот на Македонската православна […]

Слаб снег провејува на Попова Шапка


Слаб снег провејува на Попова Шапка, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на […]

Почина академскиот сликар и уметник Александар В. Настески


Во Тетово денеска на 75-годишна возраст почина Александар В. Настески, академски сликар и уметник. Роден е во 1948 во гостиварско Зубовце. Педагошка академија завршил во Скопје во 1968 година, додека Академија  за применета уметност во Белград (Р.Србија) во 1977 година. Бил член  на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1977 година, како и на […]

Гостиварка крадела од супермаркет, полицијата ја приведе


Во средата,  во 14.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во супермаркет на ул. „Илинденска“ во Гостивар ја лишиле од слобода С.Ш.(36) од Гостивар. Таа била затекната при вршење на кривично дело „тешка кражба“. С.Ш. е лишена од слобода, задржана во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против неа ќе биде […]

ЗНМ на средба со Арсовска – побараа да се унапреди комуникацијата со новинарите


  На барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), се одржа средба на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со претседателот Младен Чадиковски и претставници на ЗНМ. На средбата, претставниците на ЗНМ и градоначалничката Арсовска дискутираа за одржување на редовни брифинзи со новинарите како начин за унапредувањето на транспарентноста на Град Скопје, при што […]

За прв пат од 2002 година, третото коло на Австралија опен без ниту еден од најдобрите тројца на АТП


Австралија – Светскиот рекет број 2 Рафаел Надал и број 3 Каспер Руд се елиминирани во второто коло на Австралија Опен. Шпанецот вчера загуби од Мекензи Мекдоналд (4:6, 4:6, 5:7), а Норвежанецот денес загуби од Џенсон Бруксби (3:6, 5:7, 7:6(4), 2:6). Така, за прв пат по 2002 година, во третото коло во Мелбурн нема да има […]

Смирување на тензиите: Се сретнаа Пленковиќ и Вучиќ


  Хрватскиот и српскиот лидер, Андреј Пленковиќ и Александар Вучиќ, се сретнаа во Давос за да разговараарт за смирување на тензиите и за односите меѓу двете земји. Пленковиќ истакна дека се неопходни дополнителни напори за решавање на отворените прашања меѓу двете соседни земји. „За време на Светскиот економски форум во Давос разговарав со претседателот на […]

Совет на Европа: Правилата и чесноста не важат за политичкиот врв во Бугарија


Неефикасната правда, дупки во правилата за луѓето од врвот на владата и зависните медиуми се главни карактеристики за состојбата со борбата против корупцијата во врвот на владата во Бугарија. Ова се заклучоците што ги донесе Групата држави за борба против корупцијата ГРЕКО од Советот на Европа. Документот, објавен денес, ја оценува антикорупциската правна рамка во Бугарија […]

Зверев го претрпе најраниот пораз на Грен слем во последните четири години


Австралија – Поранешниот светски рекет број 2 Александар Зверев е елиминиран во второто коло на Австралија Опен. Тој загуби од среќниот губитник Мајкл Ммо – 7:6 (1), 4:6, 3:6, 3:6. Германецот е елиминиран од Грен слем турнирите толку рано за прв пат по Вимблдон 2019 година, каде што не победи ниту еден натпревар. Ммо се соочи […]

Тренчевска: Постојан раст на минималната плата и мерки за активирање на невработените лица


Растот на минималната плата, програмите и мерките насочени за спречување на одливот на работници во странство, капиталните инвестиции и вработувањата во детските градинки се темите за кои синоќа се осврна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во емисијата „Економски магазин“ на Алсат ТВ. -Со измените на законот за минимална плата, донесени во март […]

Речиси осум милиони луѓе од Украина пристигнаа во Европа од почетокот на војната


Швајцарија– Речиси осум милиони бегалци од Украина пристигнаа во земјите од Европа откако во февруари минатата година таа држава влезе во воен конфликт со Русија, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР). Во соопштението се наведува дека во текот на измината недела тој број се зголемил за 10.571. УНХЦР објави дека од 24 февруари 2022 […]