Во Шпанија од почетокот на годината убиени шест жени, Владата свика итен состанок на експерти за семејно насилство


Шпанската влада свика втор итен состанок на експерти за семејно насилство за помалку од еден месец, по убиствата на шест жени и една млада девојка од почетокот на јануари. Владата во Мадрид ја разгледува идејата да ги информира злоупотребените жени за тоа дали нивните партнери се осудени за кривични дела насилства, објави Гардијан. Шпанскиот кризен […]

Откажани околу 300 летови од берлинскиот аеродром Бранденбург поради штрајк


  Сите патнички летови од берлинскиот аеродром Бранденбург денеска се откажани или пренасочени поради еднодневниот штрајк на работниците, јави германската новинска агенција ДПА. Откажани се околу 300 летови и се презакажани за утре, а дел од патниците се упатени на аеродромите во Дрезден и во Лајпциг. Штрајкот на аеродромските работници, безбедносниот персонал и персоналот на […]

Стејт департмент: Го поддржуваме брзиот влез на Шведска и Финска во НАТО


  Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс изјави дека САД го поддржуваат брзиот влез на Финска и Шведска во НАТО, откако Хелсинки објави дека трилатералните разговори со Турција за барањето на двете земји да се приклучат на воената алијанса се ставени во мирување. Прајс на прес-конференцијата неколку пати беше прашан за ставот на Вашингтон […]

Леброн е првиот играч во историјата на НБА кој постигнал 40 поени против сите тимови во лигата


  Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постигна 46 поени рано утрово во градското дерби со Клиперс. Така, 38-годишниот Џејмс стана првиот кошаркар кој постигнал 40 поени во натпреварите против сите 30 екипи од НБА-лигата. Лејкерси и покрај ефикасната игра на Џејмс загубија од Лос Анџелес клиперс на домашен терен со 115:133. На […]

Крис Хипкинс е новиот премиер на Нов Зеланд


  Лидерт на Лабуристичката партија на Нов Зеланд, Крис Хипкинс положи заклетва како 41. премиер на Нов Зеланд. Хипкинс (44) досега ја извршуваше функцијата министер за полиција и борба против коронавирусот. Тој на 22 јануари беше избран за лидер на Лабуристичката партија на Нов Зеланд, откако претходната премиерка Џасинда Ардерн минатата недела поднесе оставка. Кармел […]

„Ангел си ти“ – музичко-сценски настан во Крушево за 42-от роденден на Тоше


  Со крводарителска акција, со почит на неговото вечно почивалиште, промоција на уметнички дела и со музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“ денеска во Спомен-домот „Тодор Проески“  на Гумење во Крушево ќе бидат одбележани 42 години од раѓањето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на хуманитарецот и човекот со ангелско срце, Тоше Проески. Хуманитарната крводарителска акција, во организација на Црвениот крст […]

Магла на Ѓавато


  Намалена видливост поради магла до 80 метри има на планинскиот превој Ѓавато, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува […]

Стевановиќ: Заштитата од „кракен“ е иста како и за претходните соеви на Ковид-19


  Заштитата од новиот сој на Ковид-19, „кракен“, е идентична со претходните. Неопходен е сериозен пристап на граѓаните и придржување до дадените препораки. Тоа се носење маска во здравствени институции, во затворен простор како што е јавниот транспорт, како и избегнување на затворени простории преполни со луѓе, вели во изјава за МИА директорката на Универзитетската […]

НАСА и Пентагон ќе развиваат ракета на нуклеарен погон за патување до Марс


  Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека ќе соработува со Пентагон за да развие ракета со нуклеарен погон наменета за испраќање на луѓе на Марс. Директорот на НАСА, Бил Нелсон истакна дека е склучен договор за партнерство со американската воена истражувачка агенција Дарпа за „развој и тестирање на напредна технологија за термички нуклеарен погон до […]

Традиционална крводарителска акција во чест на Тоше Проески


  Под мотото „За Тоше со Љубов“ денеска, по деветнаесетти пат, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со ИТМ ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески. Крводарителската акција ќе се реализира во холот […]

Претставување на проектот „Комарците – векторски предизвик по јавното здравје во Северна Македонија и пошироко”


  „Комарците – векторски предизвик по јавното здравје во Северна Македонија и пошироко” е насловен Еразмус проектот, чиј координатор е ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, а треба да биде претставен денеска. На настанот ќе се обратат директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, доктор Бесим Зеќири и медицинскиот ентомолог Николина Соколовска. – […]

Потпишување договори за проектот за градење отчетни институции за управување со јавните финансии


  Министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи денеска ќе потпишат договори за реализација на проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии. Целта на проектот е да се подобри ефикасноста, транспарентноста и одржливоста на јавните расходи и да се зголеми […]

Уставниот суд ќе одлучува за ДУП во Центар, кој ги опфаќа и атрактивните парцели на Водно


  Уставниот суд денеска на седница ќе одлучува за донесување конечна одлука по предметот во кој е оспорена Одлука за Детален урбанистички план донесена од Советот на општина Центар од 2014-та година, а се однесува на Градска четврт Ј 07, која ги опфаќа Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и […]

Ковачевски и Шаќири во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип


  Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска ќе го посетат Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Како што информираат од Владата, двајцата ќе ги разгледаат лабораториите во просториите на Кампус 2 на штипскиот универзитет.

Маричиќ ќе го отвори билатералниот состанок за Поглавјето 7 – „Право за интелектуална сопственост“


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој од вчера е во работна посета на Брисел, денеска ќе го отвори билатералниот состанок за Поглавјето 7 – „Право за интелектуална сопственост“. Попладне, во Европскиот парламент, Маричиќ ќе се сретне со европратениците Ирена Јовева и Дејвид Мекалистер, како и со бугарскиот европратеник и известувач за Република Северна Македонија, […]

Во Малави над илјада луѓе починаа од колера


Повеќе од 1.000 луѓе починаа во Малави од почетокот на епидемијата на колера што започна во март 2022 година, соопшти Министерството за здравство. Во соопштението се наведува дека во Малавио недостигаат вакцини. Во претходната епидемија во 2001 и 2002 година починаа 968 лица. Колерата е многу заразна болест што може да предизвика смрт за неколку […]

Претежно облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места од снег


  Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени. Во Скопје […]

Мицкоски само за белградска “Политика” го признава “Отворен Балкан”


Од човек кој не знаеше што е ” Отворен Балкан” , лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека еден таков процес ќе ни помогне да излеземе од овој вител трите државо заедно, без поголеми последици. Тој ова го вели во интервју за белградска “Политика“, одговарајќи на прашањето-дали е ова шанса за мир меѓу малите држави, […]

Газдата му дал 23.500 евра да ги предаде на колега, а тој исчезнал со парите


На 23.01.2023 во Полициската станица Гази Баба, правен застапник на фирма од Скопје пријавил дека С.С. од Скопје – вработен во фирмата противправно присвоил 23.500 евра пари од фирмата, информираат од МВР. Според пријавеното, на 17.01.2023 во Скопје сопственикот на фирмата му ги дал парите на С.С. за да ги однесе со возило и предаде […]

Американската влада го тужи „Гугл“ за монопол на дигиталните реклами


  Американското Министерството за правда и повеќе држави, вклучително Калифорнија, Њујорк, Колорадо и Вирџинија, поднесоа тужба против „Гугл“, тврдејќи дека незаконски го монополизирал пазарот за онлајн реклами преку долгогодишна практика на самозастапување, антиконкурентни аквизиции и принудување бизниси да користат повеќе производи и услуги што ги нуди, пишува американското издание на „Политико“. Министерството за правда и […]