Во Малави над илјада луѓе починаа од колера


Повеќе од 1.000 луѓе починаа во Малави од почетокот на епидемијата на колера што започна во март 2022 година, соопшти Министерството за здравство.

Во соопштението се наведува дека во Малавио недостигаат вакцини.

Во претходната епидемија во 2001 и 2002 година починаа 968 лица.

Колерата е многу заразна болест што може да предизвика смрт за неколку часа доколку не се добие лекарска помош, а најчесто се појавува каде има лоши хигиенските услови.