Претставување на проектот „Комарците – векторски предизвик по јавното здравје во Северна Македонија и пошироко”


 

„Комарците – векторски предизвик по јавното здравје во Северна Македонија и пошироко” е насловен Еразмус проектот, чиј координатор е ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, а треба да биде претставен денеска.

На настанот ќе се обратат директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, доктор Бесим Зеќири и медицинскиот ентомолог Николина Соколовска.

– На првата меѓународна конференција ќе ги истакнеме нашите достигнувања во истражувањето на комарците во Македонија, идните планови и стратегии, партнерите ќе ги пренесат искуствата од нивните земји и ќе одговориме на многу неодговорени прашања на граѓаните. Овој период од годината е идеален за вакви настани, затоа што општините сега прават планови и обезбедуваат финансии за контрола на комарците. Настани од ваква тематика се повеќе од важни и за граѓаните, но и за институциите, бидејќи истражувањето на комарците во Македонија не се спроведува од искоренувањето на маларијата. Но, климатските промени, размената на стоки, брза урбанизација и други човечки влијанија, придонесуваат да се појавуваат инвазивни видови комарци и вектор – преносливи болести, се наведува во пишаната изјава на проектниот координатор Соколовска.