Османи: Внимателни сме кон намерата на хибридните напади, државата е стабилна


Државата е стабилна, нема ризик од некаква дестабилизација, но сме внимателни кон намерата на овие хибридни напади кои имаат за цел да создадат немир и недоверба меѓу граѓаните, а потоа да се надоврзат евентуално и политички партии и други прашања. Останува МВР да се координира со партнерските служби во регионот и да побара помош за да се откријат сторителите кои очигледно […]

Илон Маск ги укина суспензиите на неколку новинари на Твитер


  Сопственикот на Твитер Илон Маск ги врати налозите во социјалната мрежа на неколку новинари кои ги блокираше откако објавија податоци за неговиот приватен авион. Одлуката на милијардерот предизвика бран незадоволство и ја смени само еден ден откако ја објави во четвртокот. Маск го направи ова откако прибегна кон својот омилен метод: анкетирање на корисниците […]

Македонската Атлетска федерација во 2024 домаќин на европската елита


  Атлетската федерација на Македонија (АФМ) ја доби организацијата на Европската атлетска конвенција во 2024 година на која традиционално се избираат најдобрите атлетичари на Стариот континент. -Со оваа одлука на нашата Федерација ѝ е укажана огромна доверба како резултат на нашето прогресивно и проактивно меѓународно дејствување, соопшти АФМ. -Нашето лобирање во Талин неодамна, кога бевме […]

Се тресеа нафтените полиња: Западен Тексас го погоди земјотрес од 5,4 степени по Рихтер


  Еден од најсилните земјотреси во историјата на сојузната американска држава Тексас се случи синоќа, во западниот дел од земјата, каде што се произведува нафта. Нема информации за материјална штета или повредени. Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,4 степени. Тој бил со епицентар на околу 22 километри северо-северозападно од Мидленд, […]

Делегација на американската амбасадата во посета на РЕК „Осломеј“


  Делегација на амбасадата на САД во Северна Македонија беше во работна посета на РЕК „Осломеј“, со цел да се запознае со работењето на рударско-енергетскиот комбинат, но и со неговиот статус на прв проект за енергетска трансформација во земјата, кој успешно се спроведува преку неколку етапи, соопшти АД ЕСМ. Заменик-генералниот директор на АД ЕСМ, Имер […]

Столтенберг: Русија се подготвува за долга војна во Украина


  Руското раководство се подготвува за продолжена војна во Украина, така што сите земји-членки на НАТО кои го поддржуваат Киев мора да продолжат да обезбедуваат оружје за украинската армија додека (Владимир) Путин не сфати дека не е во состојба да победи на бојното поле. Ова го изјави за АФП генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс […]

Германското МНР предупредува на будност поради заканите со бомби


Министерството за надворешни работи во Берлин ги предупредува германските граѓани да бидат будни и претпазливи при патување во Северна Македонија поради заканите со бомби. „Закани со бомби против јавни институции и објекти во последно време се регистрирани во главниот град Скопје. Тие првично беа насочени кон училишта и владини објекти, но во меѓувреме се погодени […]

Суперкомпјутер го прогнозира натпреварот меѓу Хрватска и Мароко, еве кому дава предност


„Некои мислат дека мечот за третото место на Светското првенство е нешто повеќе од егзибициски меч, особено во споредба со финалето во кое Лионел Меси и Килијан Мбапе ќе одат еден против друг во натпреварот меѓу Аргентина и Франција. За Хрватска и Мароко, без разлика што мислат другите, таа е од големо значење“, наведува The […]

СП2022: Недостиг од аргентински дресови


  Германскиот производител на спортска опрема Адидас објави денеска дека во некои земји има недостиг од дресови на аргентинската репрезентација пред утрешното финале против Франција на Светското првенство во Катар. -Поради зголемена побарувачка за аргентинските дресови ширум светот, на дел од пазарите се јави недостиг. Работиме на тоа да проследиме што е можно повеќе дресови […]

Анџелина Џоли се повлекува од функцијата претставник на ОН за бегалци


  Американската актерка, добитничка на Оскар, Анџелина Џоли изјави дека по повеќе од 20 години се повлекува од улогата на амбасадор на Агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР, јави Би-Би-Си. Анџелина Џоли извршила „повеќе од 60 теренски мисии за да сведочи за приказни за страдање, како и за надеж и издржливост“, велат од УНХЦР. „Верувам […]

Според стандардот на куповна моќ, Македонија е на ниво од 42 отсто од просекот на ЕУ


Црногорскиот Завод за статистика Монстат ги објави Бруто домашниот производ (БДП) и реалната индивидуална потрошувачка по глава на жител, според Стандардот за куповна моќ (ППС). „Од земјите членки на ЕУ, највисок БДП по глава на жител според стандардот на куповната моќ е забележан во Луксембург, чие ниво е повеќе од два и пол пати повисоко […]

Русија има доволно проектили за нови големи напади, вели Зеленски


Киев, 17 декември 2022 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската армија има доволно залихи на проектили за да изврши уште неколку големи напади врз Украина, јавува Анадолија. Зеленски изутринава и се обрати на нацијата во видео-порака споделена на неговиот профил на Телеграм, коментирајќи го ракетниот напад на руските сили врз важните инфраструктури […]

Денеска малото финале: Хрватска и Мароко во натпревар за третото место на СП2022 во Катар


Возбудувањата на Светското фудбалско првенство во Катар кое почна на 20 минатиот месец ќе кулминираат овој викенд со малото и големото финале. Како увертира на натпреварот за светската титула, попладнево од 16 часот ќе се одигра натпреварот за третото место меѓу актуелниот светски вицешампион Хрватска и најголемото изненадување на Мундијалот, Мароко. Хрватска во полуфиналето загуби […]

Помладиот брат на Мбапе дебитираше за ПСЖ


  Братот на ѕвездата на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе, 15-годишниот Етан Мбапе, дебитираше синоќа за сениорскиот тим на ПСЖ. Помладиот Мбапе го одигра второто полувреме во победата на францускиот првак од 2-1 во пријателскиот натпревар против локалниот ривал Париз влегувајќи на теренот на местото на Фабијан Руиз. Покрај младите играчи во составот на ПСЖ […]

РКЕ: Со регулаторите од Италија, Албанија, БиХ и Црна Гора основано Балканското училиште за енергетика


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Северна Македонија (РКЕ), заедно со регулаторните тела од Италија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора го основаа Балканското училиште за енергетика (БУЕ) по иницијатива на Регулаторното тело за енергетика, мрежи и животна средина на Италија (АРЕРА). Како што се наведува во соопштението од РКЕ, главна цел […]

Повеќе од милион луѓе би можеле да умрат од корона во Кина следната година, предупредуваат научници


  Ненадејното укинување на строгите ограничувања на КОВИД во Кина може да резултира со експлозија на заразени и повеќе од еден милион смртни случаи во 2023 година, според новите предвидувања на американскиот Институт за мерење и евалуација на здравјето (IHME). Според предвидувањата на институтот, бројот на случаи во Кина ќе го достигне врвот околу 1 […]

Во Битола вечер традиционален годишен коцерт на КУД „Илинден“


  Културно – уметничкото друштво „Илинден“ вечер во Битола ќе го одржи традиционалниот годишен концерт „Поведи коло танчаријо“ насловен според истоимената сценска адаптација од источен дел на Славиште што ја подготви Љупка Стефановска. Во програмата застапени се кореографии од сите краишта на државата кои ќе ги изведат ансамбите на КУД „Илинден“ и нивните гости Дијана […]

Утрово температури над нулата, преку ден од 12 до 18 степени


  Температурите во земјава изутрината беа над нулата. Најниската темепература од три стеоени беше измерена во Берово, пет на Попова Шапка, шест во Крива Паланка, осум во Струмица, девет во Скопје-Петровец, Прилеп, Тетово, Крушево и Маврови Анови, десет во Куманово и Лазарополе, 11 Скопје-Зајчев Рид, 12 Битола, Охрид, Претор и Дојран, 13 во Штип и […]

17 декември во историјата – Полета првиот авион


  Во близина на Кити Хок, Северна Каролина, Орвил и Вилбур Рајт го направија првиот успешен лет во историјата на самооден, потежок од воздухот, авион на 17 декември 1903 година. Орвил го пилотираше бипланот со бензински погон, со пропелер, кој остана во воздухот 12 секунди и помина 40 метри на својот прв лет. Орвил и […]

Промоција на книгата „Старите кина (киноприкажувањето во Македонија 1897-1954)“ од Илинденка Петрушева


  Во кино „Фросина“ во Скопје вечер ќе се одржи промоција на книгата „Старите кина (киноприкажувањето во Македонија 1897-1954)“ од авторката Илинденка Петрушева, во издание на издавачката куќа „Слово“. Настанот е во организација на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ заедно со Младинскиот културен центар, а книгата ќе ја претстават Јасна Франговска, радиоводител и новинар, […]