„Празнична рапсодија 3“- новогодишен концерт на Пијано дуо Мимоза и Јована


  Во камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи новогодишниот концерт на Пијано дуо Мимоза и Јована – „Празнична рапсодија 3“. Како што е најавено, пијанистките ќе изведат богата програма од литературата за четирирачно пијано со дела од Волфганг Амадеус Моцарт, Петар Илич Чајковски и Едвард Елгар. Инаку, Мимоза Ќека и Јована Трајчева остваруваат […]

Саем на мали тиквешки семејни винарии


Во Кавадарци викендов ќе се одржи предновогодишен саем на мали тиквешки семејни винарии кое се организира од страна на истоименото здружение. На саемот ќе присуствуваат над 35 мали винарии, а посетителите ќе имаат можност да се запознаат и дегустират над 200 сорти вино, 30 сорти ракии, 30 вињаци и да вкусат храна од четири производители. […]

Премиера на претставата „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски


  На сцената на Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Сите сме птици“, работена по текстот на либанско-канадскиот автор, Важди Муавад, а во режија на реномираниот Слободан Унковски. -Оваа моќна современа драма која спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, го истражува и идентитетот за тоа кои сме – или мислиме […]

Мултимедијален проект „Премин-X“ вечер во КСП Центар-Јадро


  Во KСП Центар-Јадро во Скопје вечер ќе биде изложен мултимедијалниот проект „Премин-X“. Креатори на проектот се видео авторката Вероника Камчевска и аудио дизајнерот Горан Москов. Аудио-визуелната инсталација „Премин-X“ е сензорно мапирање на спацијалнокогнитивно искуство кое иницира состојба на симуларкум. Проектот е поврзување на мултимедијалниот проект „Ризом-X“. „Премин-X“ интегрира видео фрагменти, аудио дизајн и категории […]

НАТО информиран за дојавите за бомби, во МВР формиран посебен штаб, ќе заседава и Советот за кооринација


  Повеќе објекти во државава и вчера беа евакуаирани поради дојави за експлозивни направи, за кои, како и во претходните денови, се утврди дека се лажни по проверките од единиците на Министерството за внатрешни работи. За дојавите за бомби надлежните вчера ги известиле и НАТО структурите, во МВР веќе е формиран посебен штаб, а се […]

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со […]

Усвоени законски измени за укинување на прогресивното оданочување и даночење камати од заштеди


  Собранието ги усвои измените на Законот за данокот на личен доход со кој од 1 јануари 2023 година се продолжува со примена на рамниот данок од 10 проценти, односно се укинува прогресивното оданочување и се одложува даночењето на каматите на заштедите до влезот на државава во Европската унија. Законските измени што беа изгласани денеска, […]

Пилата, сепак, дојде по дрвата на улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром


  Две години жителите на Аеродром од делот кај улицата „Васко Карангелески“ протестираа за да се спаси повеќедеценискиот дрворед. Но се покажа дека тоа било безуспешно. Не помогнаа ниту дописите на граѓаните, ниту предлогот на Зелен хуман град за суспензија на урбанистичкиот план околу улицата. Во април годинава граѓаните добиле уверување од градоначалничката Данела Арсовска […]

„Форд фокус“ и „Форд фиеста“ заминуваат во историјата


  Моделите „фокус“ и „фиеста“ на автомобилскиот бренд „Форд“ се подготвуваат за заминување во пензија.   „Форд“ ја потенцира електрификацијата, па така некои популарни модели како „ф-150“ и „мустанг“ беа „преродени“ во облик на моделите „ф-150 лајтнинг“ и „мустанг мач-е“. Меѓутоа, шефот на европскиот оддел на компанијата задолжен за електрични автомобили, Мартин Сандер, потврди дека […]

ЕУ воведува построги правила за набавка и рециклирање на ЕВ батерии


Европската унија сака да ја направи набавката на батерии за електрични возила и нивното рециклирање поодржливо и поеколошко Европската унија дојде до привремен политички договор кој има за цел да ги направи сите батерии за електрични возила поодржливи, побезбедни и полесни за рециклирање. Веќе од јули 2024 година, производителите ќе мора да го пријават целиот […]

Имал забрана за приближување, но сепак, ја претепал сопругата


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(39) од село Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда при семејно насилство“, „загрозување на сигурноста при семејно насилство“ и „неизвршување на судска одлука“. На 29.11.2022, и покрај изречената забрана за приближување до неговата сопруга и нивната ќерка, пријавениот се заканувал и физички […]

Цистерна со метан е причината за отежнат сообраќај кај Плетвар


Од РЦУК – Прилеп известуваат дека од 15:20 часот пожарникарите од Прилеп и екипа од Полициска станица ПС Прилеп на патен правец Прилеп – Плетвар кај каменоломот имаат интервенција на сигурносниот вентил кој испуштал гориво од возило – цистерна што превезувала течен гас – метан. Возилото е отстрането од сообраќај, а на местото се упатени […]

Земјотрес кај Битола


Денес регистриран земјотрес со јачина од 2.4 степени близу Битола. Епицентарот бил на 10 километри од градот. Изминативе денови имаше слаби земјотреси во Битола и во Делчево. Инаку, земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала денес имаше во Вранча во Романија.

„Тоа се технички грешки“ – се правдаат авторките на учебникот по историја


  По големата бура негодувања во јавноста за повеќе катастрофални грешки во учебникот по историја и општество за V одделение, авторките Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, денеска преку социјалните мрежи објаснуваат дека грешките биле технички и настанале поради неможноста да го погледаат учебникот пред печатењето. „Навистина ни е жал што во нашите напори да не […]

Рустеми и Бербери разговараа за проектите на Коридор 8 и ГП Ќафасан-Струга


 Генералниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта на Македонија, Ејуп Рустеми денеска во Тирана оствари средба со директорот на Албанската управа за патишта, Евис Бербери, на која разговараа за имплементацијата на неколку клучни проекти како што е проектот за Коридор 8 и Граничен премин „Ќафасан-Струга“.     Бербери го запознал својот соговорник со проширувањето на патниот […]

ОН: Опасен преседан суспендирањето профили на новинари на Твитер


Обединетите нации денеска оценија дека одлуката на „Твитер“ да суспендира профили на неколку новинари претставува „опасен преседан“, во време кога новинарите ширум светот се соочуваат со цензура, физички закани и уште полоши работи, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик. Дижарик нагласи дека ОН се „многу вознемирени“ од „произволното суспендирање“ на новинарите од „Твитер“. Тој порача […]

Малолетник со петарда запaлил тенда на угостителски објект во Свети Николе


Малолетник од Свети Николе синоќа со петарда запалил тенда на угостителски објект на плоштадот „Илинден“. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека во 19:30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 19:20 часот малолетник фрлил пиротехничко средство во угостителски објект на плоштад „Илинден“ во Свети Николе, при што настанал пожар на тендата […]

Столтенберг: Нема да успее руската стратегија со ракетни напади врз Украина


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, остро ги осуди новите руски ракетни напади врз Украина и денешниот бран напади врз Киев. Обидите да се лиши украинскиот народ од вода, струја и греење се намерен напад врз цивили, изјави тој за ДПА. Русија со месеци ја граѓа украинската енергетска инфраструктура. Повеќе региони објавија ракетни напади, вклучувајќи […]

Собранието даде виза за прераспределба на 112 милиони евра во Буџетот, ќе се плаќаат и долгови за струја


  Со прераспределбата на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите се обезбедија 7,25 милијарди денари или 118 милиони евра, првенствено за справување со енергетската криза, односно овозможување на сигурност во обезбедувањето со електрична енергија на граѓаните и бизнисот, како и покривање на трошоците за електрична енергија на институциите за нивно непречено функционирање и давање услуги […]

„Бомбите ќе експлодираат на сеизматичен покрет“: Ова го пишува во дојавите за бомби


  Се појави и информација што пишува во заканувачките дојави за бомби испратени до повеќе училишта, институции, скопскиот аеродром, хотели. Освен пораката „Суспендирајте ги санкциите, ебани гомна“, нема некои посериозни индикации зошто се пишуваат овие закани. Првата реченица од пораката за бомби гласи: „Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја“ За да продолжи: „Затоа […]