Суперкомпјутер го прогнозира натпреварот меѓу Хрватска и Мароко, еве кому дава предност
„Некои мислат дека мечот за третото место на Светското првенство е нешто повеќе од егзибициски меч, особено во споредба со финалето во кое Лионел Меси и Килијан Мбапе ќе одат еден против друг во натпреварот меѓу Аргентина и Франција. За Хрватска и Мароко, без разлика што мислат другите, таа е од големо значење“, наведува The Analyst во најавата за дуелот за бронзениот медал.
Во истиот текст се наведуваат податоците што ги објави суперкомпјутерот кој ги оценува шансите на екипите кои се соочуваат за бронзата. Според него, има мала предност на страната на хрватската репрезентација, но зголемени се шансите и за Мароко, ако се споредат процентите пред групната фаза на тие селекции.
Хрватска и Мароко одиграа 0:0 на отворањето на групата Ф. Тогаш суперкомпјутерот му даде на Мароко 24,8 отсто шанса за победа. Сега тој процент е 30,9 отсто. Хрватска и натаму е во водство и нејзините шанси за бронзениот медал се 43,1 отсто. Шансите дека мечот ќе заврши без победник се 26 проценти.
Никогаш не се случило мечот за третото место да се решава со удари од белата точка. Се одиграа 19 вакви натпревари.Само еден отиде во продолжение. Тоа беше во 1986 година, а Франција ја победи Белгија со 4:2.