Германското МНР предупредува на будност поради заканите со бомби


Министерството за надворешни работи во Берлин ги предупредува германските граѓани да бидат будни и претпазливи при патување во Северна Македонија поради заканите со бомби.

„Закани со бомби против јавни институции и објекти во последно време се регистрирани во главниот град Скопје. Тие првично беа насочени кон училишта и владини објекти, но во меѓувреме се погодени и хотели и други невладини установи. Последно, беше неопходна евакуација на меѓународниот аеродром Скопје, каде сообраќајот мораше да биде привремено запрен. Треба да се смета со ограничувања и сообраќајни проблеми“, се вели во информацијата на германското МНР, пренесува Дојче веле.