Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ги претстави новите предлози за дополнителни санкции против Русија поради војната во Украина. Се предлага на списокот на санкционирани да се додадат уште околу 200 физички и правни лица. Ова ги вклучува вработените во руските вооружени сили, како и поединечни офицери и компании од одбранбената индустрија, пратениците на Државната дума и Советот […]

Ќе му покажете на светот дека сте доверлив партнер во промовирањето на мирот и стабилноста, порача шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал


  Додека ја славиме 30-годишнината од Мисијата, вие се подготвувате да ја преземете функцијата претседавач со ОБСЕ. Дали може да има повеќе докази од тоа за да се илустрира вашиот успех како земја? Ова е чест, признание за позитивните случувања во земјата во спроведувањето на вашите заложби од ОБСЕ. Северна Македонија ќе му покаже на […]

ЈП „Лајка“ со конкурс за најубава празнична фотографија со куче


Во пресрет на празничниот период од годината, ЈП „Лајка“ објави „Конкурс за најубава празнична фотографија со вашето куче“. -Во изминатите две години во нашата земја се вдомени преку 300 кучиња од прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА, па ги покануваме сите досегашни вдомувачи да се пријават и учествуваат на овој конкурс со своите миленици од “Лајка”, а […]

Шеста година по ред ОКТА додели стипендии за постдипломци на УКИМ


  Во рамките на програмата „Нова Генерација“, ОКТА и годинава , им додели стипендии на студенти на втор циклус студии во учебната 2022/2023 година од факултети на државниот Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Стипендистите беа избрани од страна на комисија составена од претставници на компанијата и на соодветните факултети. Стипендиите ги добија по […]

Приведени две лица од Делчево за „перење пари“


Денеска (07.12.2022) од страна на полициски службеници од СВР Штип лишени се од слобода К.П.(64) и Д.П.(37), двајцата од Делчево. Приведувањето е врз основа на претходно поднесена кривична пријава против нив, поради сомнение за сторено кривично дело „перење пари“ казниво по чл.273 од Кривичниот законик, од страна на СВР Штип, во содејство со Одделот за […]

Го достигна ли врвот: Годишната инфлација во ноември 19,5 проценти


Стапката на инфлација, мерена преку пораст на трошоците на живот во ноември изнесуваше 19,5 проценти во споредба со истиот месец лани, а цените на мало беа зголемени за 15,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Дали е ова првиот сигнал дека инфлацијата кај нас конечно забавува? За потсетување, годишната стапка на инфлација во октомври […]

Косово идната есен повторно ќе аплицира за членство во УНЕСКО


Министерот за култура, млади и спорт на Косово, Хајрулах Чеку најави дека неговата држава идната есен ќе аплицира за зачленување во Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура, УНЕСКО, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за телевизијата Теве1, Чеку изјави дека со аплицирањето за зачленување во УНЕСКО и во други меѓународни […]

„Макекспрес превоз“: Не сме организатори на протестите, не знаеме до кога ќе траат


Од „Макекспрес превоз“ велат дека не се организатори на протестите и не знаат до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира. Апелираат политичките партии да не ги злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени. – Јавно, преку вас медиумите, апелираме политичките партии […]

Грција воведува „Кошничка за Божиќ и „Кошничка на Дедо Мраз“ со празнични производи и играчки чии цени треба да останат прифатливи


По примерот на „Кошничката на домаќинствата“ во супермаркетите во Грција со основните прехранбени продукти чија цена треба да остане иста и прифатлива или да има минимално зголемување, воведена минатиот месец, сега, за празничниот период се воведуваат уште две кошнички, едната божиќна со производи поврзани со празниците, другата „на Дедо Мраз“ со играчки, јави дописничката на […]

Поради магла намалена видливост во Крушево до 30 метри


Поради појава на магла во Крушево се бележи намалена видливост до 30 метри, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од […]

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно


САД – Сопственикот на „Твитер“ и на „Тесла“, Илон Маск, од денеска повеќе не е најбогатиот човек на светот, покажуваат податоците на престижниот њујоршки магазин „Форбс“. Маск падна од првото место по купувањето на „Твитер“ за 44 милијарди долари и продажбата на акции во неговата компанија за електрични автомобили. Првото место го зазеде Бернард Арно, сопственикот […]

СП2022: Инфантино – Фудбалот стана уште поглобален


ОАЕ – Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави денеска дека натпреварите во групната фаза на Мундијалот во Катар се најдобри во историјата на светските првенства поради големиот број изненадувања, како и географската распространетост на репрезентациите кои се пласираа во осминафиналето. „Резултатите од првиот круг на натпреварувањето покажуваат дека фудбалот станува уште поглобален спорт за што сведочат поразите на светските прваци […]

ЦЕФТА ги проширува зелените коридори ЦЕФТА-ТЦТ со Европската Унија


  Оваа година во Брисел ќе се одржи традиционалната CEFTA Week, а во петок, 9 декември, ќе се одржи централната Конференција „ЦЕФТА: Чекор поблиску до Заедничкиот пазар на ЕУ“. На маргините на Конференцијата, царинските управи на Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора ќе потпишат Меморандуми на разбирање, со што дополнително ќе се прошират зелените […]

Ученици од „Ѓорѓија Пулевски“ донираа пари за топол оброк за нивните врсници


Ученици во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром, донирале пари за да можат нивни врсници да си дозволат да имаат топол оброк додека се на училиште, беше објавено денеска на фан-страницата на хуманитарната организација „Проект среќа“. Оваа акција ја иницирала наставничката Катерина Лазев од одделенито 4-2, која вели дека учениците во ова одделение веќе се […]

Романија ќе побара гласање за пристап на државата во Шенген зоната


  Романскиот премиер Николае Чука денеска изјави дека Романија утре ќе побара гласање за пристап на државата во Шенген зоната. „Едно е сигурно, ние сме решени да одиме до крај во овие напори, вклучително и со барање за гласање за Романија на Советот за правда и внатрешни работи утре, 8 декември. Сегашната состојба на неизвесност […]

Пендаровски на самит во Брисел


 Европската Унија е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме, истакна претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел на Самитот ЕУ – Западен Балкан што се одржа во организација на аналитичкиот центар (тинк – тенк) Пријатели на Европа. На сесијата во рамки на Самитот, претседателот истакна дека историски момент и значаен исчекор за […]

Кина лансираше нов пробен сателит


  Нов пробен сателит денеска беше успешно лансиран во вселената од центарот за лансирање сателити Џиукван во северозападна Кина. Според Синхуа, тест сателитот VHF Data Exchange System (VDES) бил лансиран со ракета-носач Kuizhou-11 Y2 утринава во 9:15 часот по локално време и влегол во планираната орбита. Сателитот главно ќе се користи за комуникациско тестирање и […]

„Тајм“ го прогласи Зеленски за „Личност на годината“


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски е прогласен за „Личност на годината“ на магазинот Тајм.Тој беше еден од 10-те поединци или групи што влегоа во потесниот избор на почетокот на оваа недела. Магазинот оддаде признание и за „духот на Украина“. Зеленски ја води Украина и во исто време од крајот на февруари се справува со руската инвазија врз неговата […]

На Законот за домување му се потребни измени


Потребата од унапредување на Законот за домување се наметнува од повеќегодишното искуство за пречките во неговата имплементација на терен што зависи од повеќе услови. Правото на домување е дел од соодветен животен стандард и е застапен во Универзалната декларација за човекови права, а ние како Министерство имаме задача да поставиме услови за квалитетно домување на […]

Нуредини: Заштитните зони околу објектите за јавно снабдување мора да бидат јасно правно регулирани


 Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини оствари средба со директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министертвото за здравство, Рената Младеновска со која разговараше за предизвиците што и престојат на нашата држава во постапката за определување на заштитни зони околу објектите за јавно водоснабдување. Како што соопшти МЖСПП, посебен акцент министерот […]