Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија


  Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во институциите, да имаме администрација која ќе биде на услуга на граѓаните и да се создадеме систем кој ќе биде отпорен на корупција, порача вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, на панелот […]

Европа зимава ќе има греење, но што ќе биде потоа?


  Европа најверојатно ќе ја помине зимата без прекини на гас и покрај намалените испораки од Русија, но дури и навикнувањето на постудени домови и повисоки сметки за греење можеби нема да биде доволно во годините што доаѓаат, велат аналитичарите. „Тоа е како стаклена градина, морам да признаам… Навистина користев многу гас“, вели Софи де […]

Сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози


  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб дожд се бележат на планинскиот превој Буково, информираат утрово од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ […]

„Најцрната црна“ изложба на Мице Јанкуловски во Њујорк


  Синоќа во галеријата Артифакт (Artifact Art Gallery) во Њујорк беше отворена самостојната изложба на слики  „Најцрната црна“ на Мицко Мице Јанкуловски. На изложбата беа претставени слики од најновата продукција на уметникот кој слика со најцрната боја – карбон, откриена со помош на нано-технологија. Верен на својот уметнички стил на минимализам, модуларност, мултипликација и монохромност, Јанкуловски […]

Нов земјотрес во Јадранско Море со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала


Нов земјотрес е регистриран во Јадранското Море кај италијанскиот брег. Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а епицентарот е на 65 километри од Римини и 37 километри од градот Пезаро. За потсетување, приближната локација беше погодена од земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала на 9 ноември, кој беше почувствуван и во Хрватска. […]

Вработените во Њујорк Тајмс штрајкуваат за прв пат од крајот на 1970-тите


  Повеќе од 1.100 вработени во Њујорк Тајмс и членови на синдикатот денеска ќе престанат со работа на еден ден откако пропаднаа преговорите со издавачот на весникот за „целосен и праведен договор“, соопшти синдикатот. Ова е прва пат вработените во Њујорк тајмс да учествуваат во прекин на работатат од доцните 1970-ти. Тоа е дел од […]

Волстрит: Индексот СиП 500 паѓа петти ден по ред 


  На Волстрит индексот СиП 500 (S&P 500) во средата падна петти ден по ред, бидејќи на пазарот владее неизвесност за нивото до кое американската централна банка ќе ги зголеми каматните стапки и дали економијата може да избегне рецесија. СиП се лизна за 0,19 отсто за да ја заврши сесијата на 3.933,92 индексни поени. „Дау […]

Не смее Охрид да биде синоним за скапо сместување, студени соби и бајат појадок


  Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски очекува 2022 година да ја заокружиме со околу 2,8 милиони ноќевања и над 400 милиони долари промет од туризмот. Како што вели за МИА, годинава имавме одличен старт и добра средина на „трката“, но туризмот не е спринт на 100 метри, туку […]

„Поради џезот“: Изложба на фотографии на Оливер Белопета


  На 10 декември (сабота), во 19 часот во Галеријата на МКЦ ќе биде отворена изложбата на фотографии на Оливер Белопета „Поради џезот / Because of Jazz“. Оваа изложба, под кураторство на Жига Коритник, беше поставена во 2017 година, во Галеријата на Цанкарјев дом во Љубљана. Станува збор за селекција од 30 дела од богатата […]

Продолжуваат протестите на приватните автобуски превозници


  Протестите на приватните автобуски превозници со блокади ќе продолжат се додека нема напредок во состојбата, изјави за МИА Кемал Муриќ од „Слобода превоз“. Тој додаде дека се останува исто, односно се додека нема некакво придвижување во состојбата ќе има блокади на неколку сообраќајни точки во главниот град. Директорот на „Макекспрес превоз“ Милорад Димитријевски вчера […]

Се празнува 8 Декември – Св. Климент Охридски


  Во земјава денеска со низа настани се одбележува 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски. Пред споменикот на Св. Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека во Скопје, собраниска и владина делегација ќе положи цвеќе, а во Собранието ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“. Во состав на владината делегација ќе бидат заменик […]

Кутиров: Реконструкција на граничните премини со Бугарија и дигитализација на постапките за подобрување на трговската размена


  Целосна дигитализација и комплетно автоматизирани и бесхартиени царински постапки, реконструкција на граничните премини со Бугарија како и изградба на нов граничен премин Клепало, се дел од активностите кои ги презема Царинската управа во насока на олеснување на трговијата и зголемување на регионалната соработка со Бугарија. Ова го истакна директорката Славица Кутиров, на панел дискусија […]

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во западните делови ќе има појава на локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, како што информираат од УХМР, ќе биде значително облачно со слаб […]

Перу: Претседателот сакаше да го распушти Конгресот, а тој него го смени


  Претседателот на Перу беше сменет од Конгресот во средата, откако тој се обиде да го распушти законодавното тело и да преземе еднострана контрола врз владата, предизвикувајќи тешка уставна криза. Потпретседателката Дина Болуарте го замени Педро Кастиљо и стана првата жена лидер во историјата на републиката по повеќечасовна расправија меѓу законодавниот дом и претседателот. Болуарте, […]

МОК сака враќање на руските и белоруските спортисти на меѓународните натпреварувања


  Меѓународниот олимписки комитет (МОК) денеска, додека санкциите кон Русија и Белорусија и натаму се на сила, најави дека сака повторно вклучување на спортистите од овие две земји во меѓународните натпреварувања, вклучувајќи и настап на олимписките игри 2024 во Париз. Претседателот на МОК, Томас Бах, денеска на прес-конференција во Лозана рече дека на таа тема […]

Во Сенатот на САД донесена резолуција според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид


  Сенаторите Џим Раш, член на сенатската комисија за надворешни работи и Бен Кардин, претседател на Хелсиншката комисија, денеска го поздравија донесувањето на резолуцијата според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид. – Со своите акции и зборови Путин целосно јасно даде до знаење дека негова цел е да го избрише од […]

Четворица повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово


Сообраќајот на автопатот Скопје -Тетово се пренасочуваше по локален пат вечерва поради сообраќајка со повредени лица која се случила после 18 часот. Две возила се судриле во близина на Требошки натпатник, а при тоа се повредени четири лица. -Околу 18 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина […]

Повторно пукање во „Волмарт“ во САД, има ранети


Американските медиуми јавуваат дека во САД дошло до пукање, а Си-ен-ен јавува дека пукањето се случило во супермаркет на „Волмарт“ во Мариета, во блзина на Атланта. Полицијата соопшти дека ранети се неколку луѓе, а напаѓачот е уапсен. Истрагата е во тек. Пред точно две недели исто так аимаше пукање во „Волмарт“ во Чеспик, во Вирџинија. […]

Вработени во „Комунална хигиена“ нападнале полицаец


Вчера во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со И.И. и А.М.Б., двајцата од Скопје. Како што соопштува МВР, претходно во просториите на ЈП „Комунална хигиена“ во нас.Ќерамидница му се заканувале и навредувале полициски службеник, по што И.И. физички го нападнал. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

АТП: Британската федерација казнета со еден милион долари


 Здружението на тениски професионалци (АТП) изрече казна во износ од еден милион долари на Тениската федерација на Велика Британија (ЛТА) поради забраната за настап на руски и белоруски играчи на годинешниот Вимблдон и други АТП турнири одржани оваа година на британска територија. Забраната на ЛТА беше образложена ро руската инвазија врз Украина која почна во […]