Волстрит: Индексот СиП 500 паѓа петти ден по ред 


 

На Волстрит индексот СиП 500 (S&P 500) во средата падна петти ден по ред, бидејќи на пазарот владее неизвесност за нивото до кое американската централна банка ќе ги зголеми каматните стапки и дали економијата може да избегне рецесија. СиП се лизна за 0,19 отсто за да ја заврши сесијата на 3.933,92 индексни поени. „Дау Џонс индастријал“ (Dow Jones Industrial Average) доби 1,58 поени за да ја заврши сесијата на 33.597,92. „Насдак композит“ (Nasdaq Composite) падна за 0,51 отсто за да заврши на 10.958,55.

Приносите на обврзниците, исто така, паднаа, при што приносот на 10-годишната државна обврзница достигна рекордно ниско ниво од 3,402% во еден момент.

Акциите се движеа помеѓу добивки и загуби во променливото тргување, при што СиП се зголеми за дури 0,41 отсто. На најниско ниво, референтниот индекс падна за 0,47 отсто.

Следната недела се очекува централната банка да ја зголеми стапката за 50 базични поени. Иако овој потег би бил помал во споредба со претходните четири зголемувања на каматните стапки, постои загриженост дали Банката на федерални резерви може да направи таканаречено меко приземјување додека успешно ја намалува инфлацијата.

Загриженоста за рецесија во 2023 година ги исплаши некои инвеститори во последните денови.