Романија ќе побара гласање за пристап на државата во Шенген зоната


 

Романскиот премиер Николае Чука денеска изјави дека Романија утре ќе побара гласање за пристап на државата во Шенген зоната.

„Едно е сигурно, ние сме решени да одиме до крај во овие напори, вклучително и со барање за гласање за Романија на Советот за правда и внатрешни работи утре, 8 декември. Сегашната состојба на неизвесност не може да продолжи повеќе. Ги имаме сите аргументи, многу издржани, кои ги поддржуваат нашите барања и ќе ги надоградиме и на утрешните разговори со министрите за внатрешни работи, кога ќе побараме да се формулира гласање, без одложување, за решение за Романија … Нашата решеност да придонесеме за европската безбедност е тешка. Ние ги докажавме овие квалитети низ годините, а особено во контекст на кризата во Украина“, рече Чука, потсетувајќи повторно дека пристапувањето во Шенген е „национална цел“.

Премиерот нагласи дека европски експерти ја посетиле Романија во октомври и ноември и го потврдиле фактот дека земјата ги исполнува „апсолутно сите потребни услови“ и заслужува да биде дел од Шенген зоната.

Тој додаде дека еден ден пред Советот за правда и внатрешни работи во Брисел, каде ќе се соберат министрите за внатрешни работи на земјите членки, Романија продолжува да прави напори за постигнување на посакуваната цел.

„Во моментов, сите земји-членки не поддржуваат да продолжиме со пристапувањето, вклучувајќи ги Холандија и Шведска, со исклучок на Австрија. Ја имаме цврстата поддршка од Франција и Германија потврдена на сите нивоа“, изјави Чука.