Кина лансираше нов пробен сателит


 

Нов пробен сателит денеска беше успешно лансиран во вселената од центарот за лансирање сателити Џиукван во северозападна Кина.

Според Синхуа, тест сателитот VHF Data Exchange System (VDES) бил лансиран со ракета-носач Kuizhou-11 Y2 утринава во 9:15 часот по локално време и влегол во планираната орбита.

Сателитот главно ќе се користи за комуникациско тестирање и верификација на клучните технологии VDES и Automatic Identification System (AIS). Тоа е 23-та мисија на ракетата Куаиџоу-11, објави центарот за лансирање.