Цената на пелетите е ограничена на 27.000 денари за тон, дистрибутерите предупредуваат на недостиг


  Владата донесе одлука да ја замрзне цената на пелетите на 27.000 денари за тон согласно предлогот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за економија, информира денеска ресорниот министер Крешник Бектеши. Од Националното здружение на производители и дистрибутери на продукти од биомаса „Биомак Енерџи“, пак, велат дека ако остане ограничувањето на […]

„Гери Вебер“ ќе воведе четиридневна работна недела


  Познатиот германски производител на облека „Гери Вебер“ им овозможува на своите вработени да одлучат дали во иднина сакаат да работат четири или пет дена во неделата. – Храброста и довербата се секогаш добри, тоа е моето верување. На вработените им даваме автономија и самоодговорност. Тие тоа го сфаќаат како признание и придонесува за поголема […]

Грковска за образованието: Веќе немаме право на грешки


Подобрувањето на начинот на кој се распределуваат и користат ресурсите е клучно за сите основни училишта да обезбедат квалитетно образование според националните образовни и инфраструктурни стандарди. Ова е заклучокот од состанокот  за можностите за подобрување на ефикасноста, ефективноста и правичноста на буџетските расходи за основното образование, предводен од заменик-претседателката на Владата задолжена за политики на добро […]

Франција го прекинува прифаќањето на 3.500 бегалци од Италија


 Франција одлучи да го прекине приемот на 3.500 бегалци од Италија во знак на протест поради тоа што земјата не сака да дозволи бродот „Океан Викинг“ да се закотви на нејзиниот брег, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин. Тој потсети дека европскиот механизам овозможува преместување на бегалците во други европски земји и […]

Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел се скарани, трпи ЕУ


  Кога лидерите на најмоќните земји во светот ќе се сретнат на самитот на Г20 во Бали следната недела, не очекувајте дека Европската унија ќе претстави обединет фронт. Наместо да се координираат, првите двајца функционери на блокот – претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел – со […]

Франција: Новиот закон бара соларни панели на паркинзите


  Францускиот Сенат одобри закон со кој се бара паркинзите со најмалку 80 места да бидат покриени со соларни панели. Според таа одлука, паркиралиштата со меѓу 80 и 400 места ќе имаат рок од пет години од јули 2023 година да се усогласат со новиот закон, додека кај сите поголеми, најмалку половина од паркинг просторот […]

Бектеши: Сѐ уште не е одлучено на кој енергенс ќе работат топланите по 15 ноември


Сѐ уште не е донесена одлука дали по 15 ноември топланите во Скопје ќе работат на природен гас или на дизел, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Скопјани да бидат спокојни, тие непречено и во континуитет ќе бидат снабдувани со топлинска енергија до крајот на грејната сезона. Се уште не е донесена одлуката […]

Германскиот претседател Штајнмајер доаѓа во дводневна посета на Македонија


Германскиот сојузен претседател Франк-Валтер Штајнмајер доаѓа во дводневна посета на Северна Македонија на 29 ноември годинава, соопштија од неговиот кабинет и германската амбасада во Скопје. Франк-Валтер Штајнмајер ќе биде третиот германски сојузен претседател кој доаѓа во посета на Македонија од нејзината независност досега. Во посета на земјата во минатото доаѓаа претседателите Роман Херцог и Хорст Келер. […]

Масовни оставки на раководители во М-НАВ заради обидот да се намести конкурсот за контролори


  Ако меѓу избраните нема „наши деца“ тогаш конкурсот треба да се поништи. Во тој правец оди разврската на на конкурсот за контролори за летање кој го распиша Македонска навигација (М-НАВ) за избор на осум контролори за летање. Дванаесет заменици на директорите, началници, инструктори, експерти и  раководители на сектори  вчера поднеле оставки на своите позиции […]

Увозните цени за кокс и рафинирани нафтени производи зголемени за 71,4 отсто


  Државниот завод за статистика соопшти дека во септември 2022 година, увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се пониски за 2,1 отсто на месечно ниво, но се повисоки за 71,4 проценти на годишно ниво. Индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се наменети за преиспитување или мониторирање на […]

Бектеши бара УЈП и Финансиска полиција да направат контроли за злоупотребите со регулираниот пазар на струја


  Уште во март како Влада и Министерство за економија заедно со Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги информиравме Управата за јавни приходи (УЈП) и Финансиската полиција за злоупотребите што ги прават институциите и компаниите кои се префрлаат од отворен на регулиран пазар на електрична енергија, посочи денеска министерот за економија Крешник […]

Словенечкиот парламент гласа доверба за шефицата на дипломатијата Тања Фајон


Словенија– Словенечкиот Парламент денеска на барање на дел од опозицијата ќе гласа за доверба на министерката за надворешни работи Тања Фајон, што претставува прв обид за гласање недоверба од формирањето на актуелната влада. Владејачката коалиција во парламентот има јасно мнозинство, па можноста за гласање недоверба е сведена на минимум, јави СТА. На опозицијата ѝ требаат […]

Насилство во Врање: Ученици биле принудени да шетаат голи во училница


Невиден случај на насилство меѓу ученици се случил во училиште во Врање, дознава „Новости“. Од обвинителството во Врање за „Новости“ потврдија дека возрасен ученик од околината на Бујановац се товари за кривично дело злоупотреба и тортура, додека малолетник е обвинет за насилничко однесување. Насилниците потоа ги принудувале малолетните ученици да се соблекуваат и да шетаат […]

Стопанската комора ја поздрави владината одлука за поевтина струја во месната индустрија


  Стопанската комора на Северна Македонија ја поздравува владината одлука со која листата на субвенционирани фирми за електрична енергија, ќе се прошири и со компаниите од месната индустрија. -Владата ќе излезе во пресрет на барањето на Стопанската комора за проширување на списокот со дејности кои ќе бидат поддршани со мерката субвенционирана електрична енергија од 80 […]

И вториот закажан концерт на Каролина, Дуке и Исмаил во Филхармонија е распродаден


Откако концертот „Песни за љубов и копнеж“, на Каролина, Дуке и Исмаил, закажан за 23 декември беше распродаден за само 4 часа, за веќе следниот ден беше најавен и втор концерт, но и тој е распродаден за рекордни 35 минути.  -Дека љубовта и копнежот се многу важни, особено кога за нив пеат и свират уметници […]

„Тиквеш“ најавува воведување три нивоа на квалитет на грозје


  Винарската визба „Тиквеш“ планира од следната берба да воведе три нивоа на квалитет на грозје дефинирани според прецизни критериуми и механизми за мониторинг и контрола на лозовите насади во делот на нивната здравствена состојба, висината на приносот, начинот на наводнување, видот и обемот на агротехничките мерки кои се применуваат, начинот на берба и транспорт […]

Народната банка на Србија ја зголеми референтната каматна стапка на 4,5 отсто


Извршниот одбор на Народната банка на Србија (НБС) на денешната седница одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка за 50 базични поени, на ниво од 4,5 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. Во иста мера е зголемена и стапката на депозитните средства на 3,5 отсто, како и стапката на кредитните средства на 5,5 отсто, […]

НАСА повторно ја одложи „Артемис 1“, поради бурата Никол


Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА е принудена повторно да ја одложи мисијата „Артемис 1“, овојпат поради тропската бура Никол што се приближува до Флорида. „Промената на датумот на лансирање ќе ѝ овозможи на нашата работна сила да се грижи за своите семејства и домови и да се врати по бурата, за повторно да се […]

Најмалку 10 жртви во пожар на Малдивите


Најмалку 10 лица загинаа во пожар што зафати дом на работници мигранти во Мале во раните утрински часови, соопштија одбранбените сили на Малдивите, пренесе германската новинска агенција ДПА. Пожарот изби во гаража на приземје, за потоа да се прошири на првиот кат, каде се наоѓаа просториите на работниците. Во зградата беа сместени 38 работници, најголем […]

Шакири ќе го оптимизира образованието: Некаде нема ученици, а има училишта


Оптимизација на училишната мрежа во основното образование и креирање на нови формули за финансирање на основното и средното образование се меѓу клучните компоненти на планот за реформирање на националниот образовен систем и на нив во моментов работиме заедно со Светска банка и УНИЦЕФ. Целта е подобро искористување на расположливите ресурси, постигнување на поголема ефикасност и […]