На аукција во Њујорк, уметничката колекција на Пол Ален надмина милијарда долари


  Продажбата на уметничката колекција на ко-основачот на „Мајкрософт“, Пол Ален, кој почина во 2018 година, ја надмина историската граница од 1 милијарда долари во средата вечерта во аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк, со низа рекордни достигнувања за делата на Ван Гог, Сезан и Гоген. И покрај економската неизвесност поради војната во Украина и инфлацијата, […]

ЕК предлага нов план за кибер одбраната на ЕУ


 Европската комисија попладнево на маса стави нов план за ЕУ кибер одбрана во контекст на руската агресија врз Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Со ваква нова кибер одбранбена политика ЕУ би ги зајакнала соработката и инвестициите во оваа област за подобро да се заштити од нападите. ЕУ стравува од напади врз нејзината клучна […]

Сали уверува: Проблемот со термините за мамографија ќе се реши од јануари


Децениското нерационално инвестирање во здравствената опрема, неправилната распределба на услугите, со што пациентите од другите градови се принудени да патуваат во Скопје и застарената опрема, се причините што министерот за здравство Беким Сали денеска ги наведе откако беше прашан зошто нема ниту еден термин за мамографија во шесте јавни здравствени установи. – Потпишан е договорот […]

ВМРО-ДПМНЕ бара Деспотовски да ги објави договорите за државна помош во ТИРЗ


ВМРО-ДПМНЕ бара директорот Јован Деспотовски да ги објави договорите за државна помош во ТИРЗ. Според нив катастрофални се резултатите што Македонија ги бележи последните пет години на полето на странските инвестиции.  -Новите факти кои денес ќе ги објавиме се однесуваат на Извештајот објавен од ДЗР каде се нотираат многу работи за кои очекуваме конкретни одговори. Имено, донесените […]

ОБСЕ бара неодложно усвојување на новиот Кривичeн законик


Законите не можат да бидат алатка на политиката, туку рамки и граници на легитимно политичко дејствување, а Казненото право како највисок степен на заштита треба да биде граница преку која не смее да помине никој, изјави министерот за правда, Никола Тупанчески, на денешна стручна расправа за предлогот на новиот Кривичен законик. На настанот по повод […]

За 50 отсто повеќе прегледи со новиот дијагностички центар за магнетна резонанца во ГОБ „8 Септември“


  Новите апарати за томографски магнетни резонанци и ултразвучниот апарат во Градската општа болница „8 Септември“ ќе го зголемат капацитетот за 50 проценти, односно плус 15 пациенти дневно, што претставува голема предност за брза дијагностика на тешко болни пациенти. Оваа опрема во новиот дијагностички центар за магнетна резонанца при ГОБ „8 Септември“ е донација од […]

Експерти од Тик-ток, Гугл, Пејонир и други компании утре во Скопје на 5. Конференција за е-трговија


Врвни и еминентни експерти од големите светски брендови Тик-ток, Гугл, Пејонир, но и претставници од едни од најуспешните регионални бизниси ќе бидат дел од 5. јубилејно издание на Конференцијата за е-трговија која ќе се одржи утре во Скопје, под мотото „E-commerce: Accelerate!“. Говорниците преку предавања, панел дискусии и неформални разговори ќе ги пренесат своите експертизи […]

Подољак: Русија сака да го претвори Херсон во „град на смртта“


Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак  денеска изјави дека Русија сака да го претвори Херсон во „град на смртта“. Тој ги обвини руските војници дека сè минираат, од станови до канализација и планираат да го гранатира јужниот украински град преку реката Дњепар. – Вака изгледа „рускиот свет“: Дојдоа, ограбија, славеа, убиваа „сведоци“, оставија […]

Тренчевска: Обезбедувањето можности за вработување и создавање перспектива за сите граѓани е обврска на Владата


Министерката за труд и социјална политика денеска заедно со Австрискиот Аташе за Република Северна Македонија, Харалд Фугер и Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати присуствуваа на последната работилница од билатералниот проект за поддршка за сервиси за вработување за младите во Република Северна Македонија. Министерката во воведот на своето обраќање истакна […]

Од утре постудено, од недела дожд и снег на планините


Поради спуштање на постудена воздушна маса, утре времето ќе биде променливо облачно со умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер (над 60 км/час), соопшти УХМР. Попладне, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Дневната температура во сабота ќе опадне и ќе биде во […]

Дејли Телеграф: Подобри временски услови и веднаш нов бран Албанци со гумени чамци преку Ла Манш


Британски „Дејли Телеграф“ продолжува со написи за бранот албански мигранти кој не стивнува. Временските услови се подобруваат а со тоа се очекува зголемување на бројот на албански имигранти кои со гумени чамци го минуваат Ла Манш, бидејќи шверцерите го гарантираат минувањето „100 илјади проценти во добри услови“, пишува Дејли Телеграф. Во написот се наведува дека […]

Од 1 јануари нема да има драстично поскапување на струјата и парното, вели Бектеши


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека од 1 јануари нема да има драстично поскапување на струјата и парното. Граѓаните да бидат спокојни, порача Бектеши, зашто до крајот на грејната сезона нема да имаат никаков проблем во делот на снабдувањето со топлинска и со електрична енергија. -Граѓаните да бидат спокојни. До крајот на […]

Се подготвува регулатива и за социјалните медиуми


Законската регулатива на Северна Македонија е 100-процентно усогласена со Европската директива за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Преостанува делот за социјални медиуми, кои во моментов не се опфатени со регулација, а кој е уреден со измените на Европската директива од декември 2018 година за што во тек е изработка на драфт верзија која треба да биде […]

Украинската војска го ослободи важниот сообраќаен јазол Снигиревка на југот на земјата


  Вооружените сили на Украина, веројатно, го ослободија градот Снигиревка во јужниот регион Миколаев. Украинските медиуми и канали на Телеграм распространија видео каде украински војник, опкружен со војници и локални жители, вели дека градот бил ослободен на 10 ноември. Судејќи според снимката, видеото е снимено во западниот дел на Снигиревка. Генералштабот на вооружените сили на […]

Ковачевски: Се испитуваат неправилностите во исплатите во јавното здравство


  Премиерот Димитар Ковачевски вели дека нема никаква селективност во разрешувањето на директорите во јавното здравство. Тој најавува дека идните чекори во однос на кадровските прашања ќе бидат според анализите од контролите за работата на менаџерите што ги спроведува Министерството за здравство, а со кои, како што информира ресорниот министер Беким Сали, во прва фаза […]

Белорусија го означи слоганот „Да живее Белорусија“ како нацистички симбол


  Министерството за внатрешни работи на Белорусија го вклучи слоганот „Да живее Белорусија“ во списокот на нацистички симболи и реквизити. Ова го пренесува изданието „Зеркало“ повикувајќи се на уредбата на министерството. Документот содржи две листи – список на организации и структури, како и список на симболи и реквизити што белоруските власти ги сметаат за нацистички. […]

Војдан Стојановски: Би сакал љубителите на кошарката да ја исполнат салата до последно место и да бидат наш шести играч


Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, ги повика навивачите на „црвено-жолтите“ да дојдат и да ја исполнат салата „26 Април“ во Гевгелија каде вечер гостува Норвешка. – Би сакал да ги повикам сите љубители на кошарката да ја исполнат салата до последно место и да бидат наш шести играч. Нема да биде воопшто лесно, […]

Македонија на чекор до членство во НАТО сајбер центарот за одбрана


 Во рамки на официјалната посета на Естонија, министерот за надворешни работи Бујар Османи го посети НАТО Центарот за кооперативна сајбер одбрана (NATO Cooperative Cyber Defence Centre of Excellence – NATO CCDCOE) со седиште во Талин. На средбата со директорот на Центарот, Март Норма,  министерот Османи потенцираше дека сајбер безбедноста е високо на агендата на Владата […]

Нов предлог на ЕК за намалување на загадувањето на воздухот од моторни возила


 Со новиот предлог на Европската комисија, надежта е дека новите моторни возила на европскиот пазар ќе ги исполнат зелените амбиции за нула загадување , јави дописничката на МИА од Брисел. Предлогот го презентираше претпладнево еврокомесарот за индустрија, Тиери Бретон. Тој посочи дека со новиот „Евро 7“ стандард ќе обезбеди почисти возила, почист воздух, подобрување на […]

Бектеши: Во наредните десет дена се очекува намалување на цените на основните прехранбени производи


Во наредните десет дена очекуваме намалување на цените на основните прехранбени производи, посебно на тие наведени во Одлуката за утврдување на маржите од 5 до 12 отсто. И во делот на лебот веќе почна поевтинувањето. Очекуваме во наредните 3-4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и […]