Од утре постудено, од недела дожд и снег на планините


Фото: Б. Грданоски

Поради спуштање на постудена воздушна маса, утре времето ќе биде променливо облачно со умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер (над 60 км/час), соопшти УХМР.

Попладне, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Дневната температура во сабота ќе опадне и ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.