За време на Светското првенство во фудбал ќе има директни летови од Тел Авив до Доха


Фудбалските навивачи од Израел и од палестинските територии ќе можат да патуваат во Катар на Светското првенство со директни чартер летови од Тел Авив според договорот објавен денеска од ФИФА. Чартер летови до Доха од аеродромот Бен Гурион во близина на Тел Авив, исто така, ќе бидат достапни за сите Палестинци. Договорот се однесува и […]

Во Србија усвоен ребалан на буџетот, опозицијата тврди дека е последица на инфлацијата


  Собранието на Србија денеска го усвои ребалансот на државниот буџет според кој вкупните приходи се зголемени за 1,6 милијарди евра, а расходите уште повеќе – за околу 2,3 милијарди евра. Опозицијата тврди дека е инфлаторен, а експерти сметаат дека е последица на трошоците јавните претпријатија. Српската Влада одлучи да предложи ребаланс затоа што „приходите […]

Грчката полиција откри уште четири случаи на детска порнографија


  Одделот за борба со електронски криминал на грчката полиција, открила четири нови случаи на детска порнографија со материјал од над 1.800 фајлови и веќе се уапсени две лица, а против други две лица е поднесена кривична пријава, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во рамките на активностите за спречување […]

Годишната инфлација во Грција првпат по седум месеци падна под 10 проценти


  Годишната инфлација во Грција за месец октомври изнесува 9,1 отсто, намалена во споредба со податоците за септември и првпат по седум месеци падна под десет проценти, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од грчката служба за статистика, односно согласно месечниот извештај за инфлацијата и цените во Грција, општиот индекс на потрошувачки […]

Вучиќ: Нема враќање во институциите на Косово додека не се исполнат двете барања на Србите


Србите нема да се вратат во институциите на северот на Косово се додека не се исполнат условите поставени од нив, односно повлекување на одлуката на Приштина за регистарски таблички и формирање Заедница на српски општини, изјави денеска во Париз српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој додаде дека во август во Брисел се зборувало за претстојниот проблем […]

Републиканците се поблиску до мнозинството во американскиот Конгрес


Републиканската партија се доближува до бројот на претставници потребни за тесно мнозинство во Претставничкиот дом на среднорочните избори за Конгресот на САД, додека контролата на Сенатот зависи од резултатите од изборите во неколку сојузни држави. Кога станува збор за Претставничкиот дом, републиканците сега се поблиску до мнозинството од 218 места потребно за преземање контрола. Според […]

Два питбула искасале скопјанец


Тешко повреден 77-годишник од Скопје откако го нападнале кучиња од расата питбул, кои биле придружувани од сопственикот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 08.11.2022 околу 11.30 часот во СВР Скопје. Инцидентот се случил на ул.„Франце Прешерн” во Скопје, на кејот на реката Вардар. -Две кучиња од расата питбул, со сопственик, го […]

Повреден малолетник од Гостивар


Шестнаесетгодишник од Гостивар вчера бил повреден откако врз него паднале метални предмети (арматурни шипки). Тој поминувал покрај објектот, кој бил во градба. Како што информира МВР, случајот вчера бил пријавен во СВР Тетово. Според пријавата, од објект во изградба на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, сопственост на 65-годишниот Х.А. од гостиварски Вруток, паднале метални предмети (арматурни […]

Вучиќ: Имаше можност за средба со Курти во Париз, но не верувам дека тоа ќе се случи


 Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека постои можност за средба со премиерот на Косово Албин Курти, но дека не верува дека тоа ќе се случи. Вучиќ на новинарите во Париз, по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека разговарале за Косово, билатералните односи, европската перспектива на Србија, соработката на стопанските комори и дека […]

Фестивалот „Егзит“ на Србија и донел преку 220 милиони евра од 2000 година


Србија– Оваа година фестивалот Егзит (EXIT) донесе нови 19,7 милиони евра за економијата на Нови Сад и Србија, со што вкупниот придонес на фестивалот од неговото основање до денес е над 220 милиони евра, објавија денеска организаторите на EXIT, пренесе Бета. Поголемиот економски придонес во однос на претходната година, кога изнесуваше 18,8 милиони евра, е резултат […]

Германците го објавија списокот за СП во Катар, Геце се враќа на големата сцена


  Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Ханси Флик, денеска го објави списокот со 26 фудбалери на кои ќе смета за натпреварите на претстојното Светско првенство кое од 20 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар. Во составот на Германија за прв пат од 2017 година се враќа Марио Геце, кој го постигна победничкиот гол во финалето на […]

„Мазда“ ги продаде за едно евро акциите во фабриката во Владивосток – и ја напушти Русија


  „Мазда“ објави во своите финансиски извештаи дека го продаде својот удел во заедничкото вложување во Владивосток, каде што претходно се произведуваше јапонската марка автомобили на руската групација „Солерс“. Договорот беше затворен на 24 октомври. Mazda го продаде својот удел во заедничкото вложување за симболична сума од едно евро. Производителот на автомобили со седиште во […]

Доларот во пад поради забавувањето на инфлацијата во САД


  Вредноста на американскиот долар се намали денеска  во однос на ривалските валути бидејќи забавувањето на инфлацијата на потрошувачките цени во САД ги намали очекувањата за поагресивно зголемување на каматните стапки на федералните резерви. Во раните попладневни зделки, зелената банкнота нагло потона наспроти фунтата, еврото и јенот, бидејќи официјалните податоци покажаа дека инфлацијата во САД […]

Уставниот суд оформи предмети за здруженијата „Културен центар Иван Михајлов” и „Цар Борис III – Охрид“


  Уставниот суд попладнево информира дека е оформен предмет во кој се оспорени Статутот и Програмата на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“. „Предметот се наоѓа во почетна фаза, односно во претходна постапка и е предаден на работа кај советник на Судот и судија кои во следниот период треба да подготват реферат со конкретен предлог по […]

Tројца вработени во ЈСП си присвоиле 500.000 евра од дневниот промет


 Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против три лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „затајување“, информираат од Министерството за финансии. – Во период од 2017 година до 2021 година, спротивно на Меѓународните сметководствени стандарди број 7 и број 8, направиле повеќе книжења […]

Годишната инфлација во САД на сѐ уште високи 7,7 отсто во октомври


  Потрошувачките цени во САД во октомври останаа на со децении високо ниво, според владините податоци објавени денеска, со што се задржува притисокот врз администрацијата на претседателот Џо Бајден додека демократите се борат да ја задржат контролата врз Конгресот. Внимателно следениот извештај покажа повеќе докази за зголемените трошоци во една година кога зголемената инфлација беше […]

Андонов: Фирмите што манипулирале со струјата, од јануари автоматски ќе бидат вратени на слободниот пазар


  На прашањето како ќе се постапи со манипулациите на 12.000 фирми во земјава што се вратиле сами на регулираниот пазар, соработникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов, истакна дека заради спречување на злоупотребите од страна на некои правни лица, Владата донесе одлука за регулирање на овој проблем. „Со таа одлука точно е наведено дека […]

Аналитичар: Војната ќе заврши кон крајот на летото 2023 година, ќе победи Украина


  Мајк Мартин, виш соработник за воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон, вели дека верува оти војната во Украина ќе заврши до крајот на летото во 2023 година. Додава дека може да се насети „дека на крај Украина ќе ја добие војната“. Во интервју за радио Тајмс д-р мартин вели. „кога велам победа, мислам […]

ЕК го претстави новиот стандард Еуро 7 за сите возила


  Европската комисија денеска предложи регулатива со нови правила за намалување на штетните издувни гасови од моторните возила наречена – Еуро 7, во која првпат се регулираат емисиите на честички и микропластика генерирани од користењето на гуми и сопирачки. Новата норма Еуро 7 ќе ја замени претходната, која има посебни правила за емисиите од автомобили […]

Ќе издржат ли енергетските капацитети дополнителна оптовареност? Не се исклучени неочекувани испади


  Од Владата денеска укажаа дека поради дополнителната оптовареност што се очекува на енергетските производни капацитети, од временските услови и од зголемената потрошувачка на струја, во наредниот период се можни неочекувани испади. Порачуваат дека состојбата се следи и оти за преземените мерки граѓаните навреме ќе бидат информирани. -Мораме да имаме во предвид дека државата во […]