Мојсова-Чепишевска: Скопје е величествен феномен на македонскиот дух – да го направиме центар на светот


  Сите ние сакаме да го направиме Скопје средиште, центар не само на Македонија, туку на светот. Или средиштето на светот да го поместиме или сместиме токму во нашето Скопје. Центарот, особено во последно време, е престижна категорија, па во тој контекст и борбата за центарот станува премногу актуелна, зашто таа прераснува во борба за […]

Рак -голем годишен хороскоп за 2023 година


Големиот годишен хороскоп за Рак за 2023 година – дознајте што ве очекува на полето на љубовта, финансиите, здравјето, воопшто! Годишниот хороскоп за Рак за 2023 година навестува дека се ќе помине мирно, без поголеми пресврти. Ова е период на стабилност, но и на шанси, па на Раковите ќе им треба постојана концентрација и смиреност. […]

Никола Ристановски е најтрофеен актер во историјата на македонскиот театар – Гран при и во Никшиќ


Никола Ристановски е добитник на наградата Гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ. Оваа награда му ја додели жирито во состав: Тања Бошковиќ, претседател, и Славиша Чуровиќ и Тања Перишиќ, членови. Таа е […]

Во повеќе кинески градови – рекорден број на нови случаи на коронавирус


Кина– Кинеските градови, вклучително и главниот град Пекинг, денеска соопштија за рекорден број заразени со коронавирус. На национално ниво, пријавени се 16.072 нови случаи, соопштија кинеските здравствени власти. Ова е најголем број заразени во Кина од 25 април. Рекорден број случаи е евидентиран и во Пекинг, Чонгкинг, Гуангжу и Женгжу, иако во главниот град на […]

Уапсен атентатор од Истанбул – Турција ја обвинува ПКК


Турција–Наредбата за бомбашкиот напад во Истанбул стигнала од градот Кобани во северниот дел од Сирија, изјави утрово турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу. Таму  турските воени единици  во изминатите години повеќепати преземаа воени акции против сириско-курдската милиција, која владата во Анкара ја смета за терористичка организација и оружено крило на  забранетата курдска Работничка партија, ПКК. Лицето, […]

Светски ден на дијабетес: Секој четврти човек не ја добива потребната помош


 Секој четврти човек во светот со дијабетес не ја добива потребната помош, покажува новото истражување објавено на Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември.   Меѓународната фондација за дијабетес (ИДФ) наведува дека околу 26 отсто од луѓето не добиваат доволно информации за нивната состојба откако ќе им биде дијагностицирана.   Овој факт може да доведе до […]

Зеленски ги обвини руските сили за воени злосторства во Херсон


Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги обвини руските војници за воени злосторства и убиства на цивили во Херсон, град кој минатата недела беше вратен од украинската армија по повлекувањето на Русија. „Истражителите веќе документираа повеќе од 400 руски воени злосторства. Пронајдени се тела на загинати цивили и војници. Руската армија зад себе остави траги на дивјаштво, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Богоев ќе гради хотел на брегот на Беровското Езеро, тој вели, не наскоро


Семејството на Стефан Богоев купило имот со маркица за хотел на четири ката на самиот брег на Беровско Езеро по цена од 400 денари за м2, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Имотот на Богоев се простира на над 7.000 метри квадратни на самиот брег на езерото, и на истиот има маркица, за градба на хотел. Со хотел на […]

Шортс: Тука сум како дома, се чувствувам како Македонец


 Јунакот во победата на македонската кошаркарска репрезентација на синоќешниот дуел со Данска, Ти-Џеј Шортс и се заблагодари на публиката во Гевгелија за големата поддршка. Новиот натурализиран играч на „црвено-жолтите“ натпреварот го заврши со 33 поени, шест асистенции и пет освоени топки. – Сакам да им честитам на Данците за отпорот кој го пружија. Им благодарам […]

14 ноември во историјата – Херман Мелвил го објави „Моби-Дик“


  „Моби-Дик“ сега се смета за голем класик на американската литература и содржи една од најпознатите почетни реплики во фикцијата: „Викајте ме Ишмаел“. Сепак, на почетокот книгата за капетанот Ахаб и неговата потрага да фати огромен бел кит беше неуспешна. Нејзиниот автор, Херман Мелвил е роден во Њујорк во 1819 година. Како млад тој поминал […]

Без вода дел од „Илинденска“ и „Аминта Трети“


Поради менување вентил во шахта, без вода утрово од 9 часот без вода ќе бидат корисниците на ул. „Аминта Трети“ и дел од бул. „Илинден“ (потегот од Фонтана Парк до Влада). Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Алегри: Ќе биде тешко да го освоиме Скудетото оваа сезона


 Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не е уверен дека неговиот тим може да ја освои шампионската титула оваа сезона во Серија А. – Мислам дека не можеме да го освоиме Скудетото оваа сезона со помалку од 90 бодови. Јувентус е далеку зад лидерот Наполи. Сепак, мора да продолжиме да се бориме. Ќе ги наполниме батериите […]

Уапсен еден осомничен за нападот во Истанбул


Турција – Турската полиција уапси маж осомничен дека ја поставил бомбата што експлодира на прометната пешачка улица во Истанбул, изјави утринава турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Тој рече дека првите наоди од истрагата укажуваат дека за смртоносниот напад се одговорни курдските екстремисти. Во вчерашната експлозија на авенијата Истиклал, популарна туристичка дестинација со продавници и ресторани во […]

Тунис од ЕУ ќе добие помош вредна 100 милиони евра


Тунис – Властите на Тунис соопштија дека државата од Европската Унија ќе добие 100 милиони евра помош за националниот буџет. „Парите ќе бидат искористени за ублажување на последиците од пандемијата од коронавирусот и за поддршка на економијата“, се наведува во соопштението на Министерството за економија и планирање на Тунис. Според некои медиуми, договорот треба да биде […]

Род Стјуарт одбил настап во Катар, ќе оди ли Роби Вилијамс?


Катар– Британскиот рок-пејач Род Стјуарт откри дека одбил да настапи во Катар, иако му биле понудени повеќе од еден милион долари за гостувањето. Рокерот во интервју за „Сандеј тајмс“ (The Sunday Times) говореше за претстојното Светско првенство во Катар, истакнувајќи дека за него не е прифатливо да оди во таа земја. – Пред 15 месеци ми […]

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Крива Паланка


Филмски фестивал за деца и млади „Џифони патува“ денеска и утре ќе се одржи во Центарот за култура и Европската куќа во Крива Паланка. Филмската програма е намената за учениците од градот и предвидува дводневни активности со прикажување европски филмови наменети за младата публика, кои опфаќаат теми што ја засегаат младата генерација. Филмските проекции ќе […]

ОН ќе гласаат за предлогот Русија да и плати воена отштета на Украина


САД– Генералното собрание на Обединетите нации денеска, на иницијатива на западните земји, ќе гласа за резолуција со која Русија ќе биде одговорна за кршење на меѓународното право поради нејзиниот напад врз Украина, поради што ќе треба да плати воена отштета. Во нацрт-резолуцијата се заклучува дека е неопходно да се воспостави „меѓународен механизам за репарација за […]

Мултимедијалниот проект „Ризом-X“ се изложува во КИЦ во Загреб


Мултимедијалниот проект „Ризом-X“ вечер, од 19 часот, ќе биде изложен во Kултурно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб. Креатори на проектот се авторките Вероника Камчевска и Ана Димчевска Семенпеева во соработка со аудио дизајнерот Горан Москов. „Ризом-X“ е мултимедијален проект, кој низ спацијално аудио-визулени својства ја истражува човековата адаптација низ даденост на реалитети. Авторите […]

Глобална недела на претприемништво 2022


Земјава и годинава повторно ќе биде дел од Глобалната недела на претприемништвото (ГНП) која се одржува од денеска до 20 ноември. Станува збор за еднонеделна светска иницијатива која се случува истовремено во повеќе од 200 земји ширум светот и поврзува над 10.000 партнери во активности и настани насочени кон промоција на претприемништвото, зајакнување на постоечки […]

Задолжувањето од 530 милиони евра од ММФ на седница на Собранието


Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 92. седница. На предложениот дневен ред се две точки. Пратениците треба да ги разгледаат Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд со Кредитна линија за претпазливост и ликвидност и Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај […]