ВМРО-ДПМНЕ: Богоев ќе гради хотел на брегот на Беровското Езеро, тој вели, не наскоро


Фото: Б. Грданоски

Семејството на Стефан Богоев купило имот со маркица за хотел на четири ката на самиот брег на Беровско Езеро по цена од 400 денари за м2, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Имотот на Богоев се простира на над 7.000 метри квадратни на самиот брег на езерото, и на истиот има маркица, за градба на хотел. Со хотел на таа површина Богоев буквално ќе го монополизира езерото. Сето ова се случува на неколку дена пред локалните избори минатата година кога од страна на членови на семејството Богоев е купено земјиштето, а веќе е регистрирана и фирма. Институциите да истражат како Богоев од градоначалнил на Карпош станува потенцијален инвеститор во хотел преку неговото семејство. Имотот кој го купува Богоев се наоѓа во општина каде локална власт е СДСМ, каде што самиот Богоев е потпретседател. Ја повикуваме ДКСК и ЈО да отворат случај, и да не го амнестираат Богоев по примерот на дезертерот Ковачевски“, се вели во соопштението.

„Имотот беше заедничка сопственост на татко ми и наши  соседи. Тој имот е  купен од физички лица, а не од државата. Татко ми почина пред шест месеци и тој имот останува во оставинска постапка на мајка ми, а тоа дополнително ја покажува нечовечноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, ДУП-от за којшто лажно говори Стоилковски е донесен многу пред Звонко Пекевски да стане градоначалник.

Факт е, исто така дека во моментов не се гради хотел, ниту пак во догледно време ќе има хотел на тоа место, исто како што Стефан Богоев нема никаква поврзаност со споменатата фирма“, истакна Богоев во изјава за „Фокус“.

Стефан Богоев беше градоначалник на Општина Карпош од 2017 до 2021 година. претхдно беше избран за пратеник во парламентарниот состав од 2016 година.