Во пратка од Иран до Јемен американската морнарица заплени 70 тони компонента за ракетно гориво


  Американската морнарица денеска соопшти дека запленила 70 тони амониум перхлорат, кој може да се користи за производство на ракетно гориво. Тој бил скриен во вреќи со ѓубриво на брод кој патувал од Иран за Јемен, што е прв ваков случај по истекот на примирјето во војната што избувна во Јемен пред повеќе години. Американската […]

Бектеши: Од 1 јануари нема да поскапи струјата, ТЕЦ Неготино ќе работи кога тоа ќе биде исплатливо


ТЕЦ Неготино ќе работи кога тоа ќе биде исплатливо. Во моментов е поевтино да увеземе струја, отколку да работи ТЕЦ Неготино, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Според Бектеши, залихи на мазут има, граѓаните да не стравуваат зашто во континуитет ќе бидат обезбедени потребните количини топлинска и електрична енергија, а се прават и сите […]

Сите Германци кои идната година ќе станат полнолетни може за роденден да добијат 200 евра


  Бундестагот минатиот петок го одобри сојузниот буџет за 2023 година, а според него 750.000 германски граѓани од државата за роденден може да добијат 200 евра, јавуваат германските медиуми. Владата сака да го поттикне одењето на младите на културни настани. „Сакаме да го отвориме патот кон културата. Сакаме да ги заинтересираме за разноликоста на културата […]

БРАКО сo 15% раст за периодот јануари-септември во споредба со истиот период лани


Велешки БРАКО во првите три квартали од 2022 година продолжува да бележи позитивни резултати во работењето, и покрај сите предизвици со кои се соочува стопанството. БРАКО бележи пораст на приходите од 15,65 % во периодот јануари-септември во 2022 година во споредба со истиот период лани. Главен носител на овој пораст е значителното зголемување на извозот […]

Општина Аеродром ја зајакнува соработката со дијаспората


Во просториите на Општина Аеродром, денеска се одржа работна средба меѓу градоначалникот Тимчо Муцунски и министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи на која двете страни потпишаа договор за заемна соработка кој предвидува отворање на „Центар за дијаспора“ во Општина Аеродром. Центарот за дијаспора ќе има посредничка улога, односно ќе биде линк меѓу граѓаните од дијаспората […]

Индонезија собра 20 милијарди долари за да ја намали зависноста од јаглен


  Индонезија, четвртата најнаселена земја во светот, собра 20 милијарди долари од богатите земји и меѓународни институции за да ја намали зависноста од јаглен и да постигне јаглеродна неутралност една деценија порано од очекуваното. Меѓу земјите кои придонесоа за тој инвестициски фонд во Индонезија се САД, Франција, Канада и Велика Британија, соопшти Белата куќа на […]

Кина е против исклучување на Русија од Г20 и други меѓународни форуми


  Кина е против исклучување на Русија од Г20 и други меѓународни форуми, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на индонезискиот остров Бали. Тој, на почетокот на билатералниот состанок со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на самитот на Г20, посочи дека Пекинг ја поддржува улогата на Русија во […]

Претседателот на ФИФА повикува на прекин на огнот во Украина за време на Светското првенство во фудбал


Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, денеска повика на едномесечен прекин на огнот во Украина, за време на Светското првенство во Катар. – Мојот апел до сите е да размислат за едномесечен привремен прекин на огнот за времетраењето на Светското првенство, рече Инфантино на ручекот со лидерите на Г20 на индонезискиот остров Бали. […]

Шефот на ИОК бара клаузула за „спортска неутралност“: На Олимпијадите да учествуваат и земји во конфликт


  Шефот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, ги повика лидерите на Г20 да вклучат клаузула за „спортска неутралност“ во заедничката изјава по самитот на Бали. – Олимписките игри одржани во Токио и Пекинг во екот на пандемијата му дадоа надеж на целиот свет. Олимпијадата може да го обедини целиот свет само ако на […]

Додека јавните претпријатија колабираат, ВМРО-ДПМНЕ ќе дели социјална помош со пари на Град Скопје


Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ  во Град Скопје ќе дели социјална и економска помош на „најпогодените лица во македонското општество“  додека јавните претпријатија во градот не можат да поделат плати и колабираат едно по едно. Според она што се пофалија од самата партија, испаѓа дека во ВМРО-ДПМНЕ мислат дека водат држава, па влезени во тој филм […]

Оваа недела ќе се знае кои производи поевтиниле во маркетите


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека оваа недела ќе бидат направени анализи на цените во маркетите и јавноста ќе биде информирана за нивното намалување. Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo, Бектеши уште еднаш напомена дека нема да се дозволи никаква злоупотреба на кризата врз грбот […]

(Видео) Уред произведува струја од влажноста на воздухот


Група истражувачи од Националниот универзитет на Сингапур создале уред кој произведува електрична енергија од влажноста на воздухот, пишува Факултети.мк. Новиот уред содржи само морска сол, јаглеродно мастило и специјален гел што апсорбира вода. Уредот произведува електрична енергија кога јоните во морската сол се одвојуваат при апсорпцијата на водата, предизвикувајќи промени во површината и создавајќи електрично […]

(Видео) Саем на добавувачите од Балканот


Во организација на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија денеска и утре во Скопје ќе се одржи бизнис настан SUBEX – Suppliers Balkan Expo. Целта на овој бизнис настан е поврзување на домашните компании добавувачи од металната, електро, ИТ, текстилната, дрвната и прехранбената индустрија од Северна Македонија со компании купувачи од Германија, Грција, Турција, […]

Лав – голем годишен хороскоп за 2023 година


Годишниот хороскоп на Лавот за 2023 година открива дека ова е навистина ваша година. Време е за промени, време е да се дејствува. Можете да преземете конкретни активности, чекори и промени во вашето поле на работа и кариера. Ако преземете одговорност, бидете храбри и наоѓате мерка и рамнотежа во се што правите, успехот е загарантиран. […]

Од почетокот на 2021 година издадени 68 одобренија за градба во Центар


Од почетокто на 2021 година, во Општина Центар издадени се вкупно 68 одобренија за градење, а од  доаѓањето на градоначалникот Горан Герасимовски на позицијата, односно од ноември лани, до денеска,  издадени се 35 правосилни одобренија за градење. Како одговорна, транспарентна и отчетна општина, Центар од оваа година започнува нова активност, односно објавување на полугодишни извештаи […]

Во Кина нови 17.909 случаи со корона вирус


Кина вчера регистрираше 17.909 случаи со Ковид-19, а од нив 1.661 со и 16.248 без симптоми, јавија дел од британските медиуми, повикувајќи се на кинеската државна здравствена комисија. Ден претходно беа евидентирани 16.203 нови заразени лица, од кои 1.794 со и 14.409 без симптоми. Со исклучок на заразата внесена однадвор, Кина забележа 17.772 локални случаи, […]

„Студентски отпор“ најави нов протест, бара исполнување на сите барања


 „Студентски отпор“ – организаторот на вчерашниот протест пред Собранието, не е задоволен од договореното на средбата во Собранието меѓу студенти – претставници на универзитетски собранија со пратеници и министерот за образование и наука и повика на нов протест в четврток.   -Јавно соопштуваме дека не сме задоволни од крајниот исход и од одлуките кои се […]

Бритни Спирс: Не ми даваа пари 15 години, а само јас работев


Американската поп-пејачка Бритни Спирс неодамна проговори за својот живот во периодот кога нејзиниот татко Џејми имаше надзор над неа, со судска одлука дека таа е неспособна самата да располага со својот имот. – Колку ми значи што првпат купувам нешто после 15 години. Обезбедувањето ја чуваше мојата кредитна картичка 15 години. Кога беше време за […]

ЕХФ Еуро 2022: Норвешка обезбеди полуфинале, Шведска ја совлада Словенија


 Репрезентациите на Шведска и на Норвешка забележаа победи во четвртото коло од Групата-1 на Европското ракометно првенство за жени. Норвежанките беа поуспешни од Словенија со 26:23, додека Шведска ја победи Унграија со 30:25. По четири кола Норвешка е лидер со осум бода, Данска има шест, Шведска и Словенија по четири, Хрватска 2, Унгарија е последна […]

Гардијан: Ѓоковиќ ќе добие виза за Австралија


 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе добие виза за Австралија и ќе може да учествува на Австралија опен. Според „Гардијан“, министерот за имиграција на Австралија, Ендрју Гилс ќе ја укине тригодишната забрана за влез во земјата. За да го направи тоа, министерот мора да биде сигурен дека постојат убедливи околности кои дозволуваат лице со поништена виза […]