Индонезија собра 20 милијарди долари за да ја намали зависноста од јаглен


 

Индонезија, четвртата најнаселена земја во светот, собра 20 милијарди долари од богатите земји и меѓународни институции за да ја намали зависноста од јаглен и да постигне јаглеродна неутралност една деценија порано од очекуваното.

Меѓу земјите кои придонесоа за тој инвестициски фонд во Индонезија се САД, Франција, Канада и Велика Британија, соопшти Белата куќа на маргините на самитот на Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот и земји во развој.

На индонезискиот остров Бали денеска почна дводневниот самит на Г20.

Членки на Г20 се Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Велика Британија, Соединетите Американски Држави и претставници на Европската унија, односно администрацијата во Брисел.