Сите Германци кои идната година ќе станат полнолетни може за роденден да добијат 200 евра


 

Бундестагот минатиот петок го одобри сојузниот буџет за 2023 година, а според него 750.000 германски граѓани од државата за роденден може да добијат 200 евра, јавуваат германските медиуми.

Владата сака да го поттикне одењето на младите на културни настани.

„Сакаме да го отвориме патот кон културата. Сакаме да ги заинтересираме за разноликоста на културата во нашата земја“, вели министерката за култура Клаудија Рот од редовите на Зелените.

Се работи за ткн. „зелена пропусница“ на која ќе бидат достапни 200 евра, а така треба да се поддржи и културната индустрија која и понатаму се бори со последиците од пандемијата. Средствата се наменети за книги, посети на музеи и изложби, кино, концерти, театарски претстави и друго, но спроведувањето уште не е во потполност јасно.

Владата издвојува 100 милиони евра

Средствата би можеле да се искористат во текот на две години, а институциите кои нудат културни содржини же можат да се регистрираат по пат на интернет страница, а ќе биде достапна и мобилна апликација.

Владата за пилот-проектот ќе издвои 100 милиони евра, а „пропусница“ би добиле сите кои во 2023 година ќе наполнат 18 години. Ако проектот биде успешен , може да се прошири и на популацијата од 15 до 17 години.