ЕХФ Еуро 2022: Норвешка обезбеди полуфинале, Шведска ја совлада Словенија


 Репрезентациите на Шведска и на Норвешка забележаа победи во четвртото коло од Групата-1 на Европското ракометно првенство за жени.

Норвежанките беа поуспешни од Словенија со 26:23, додека Шведска ја победи Унграија со 30:25.

По четири кола Норвешка е лидер со осум бода, Данска има шест, Шведска и Словенија по четири, Хрватска 2, Унгарија е последна без освоен бод.

Вечер ќе се играат два натпревара од 4.коло во Групата-2 која се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје:
Романија – Црна Гора (18 часот)
Франција – Германија (20:30 часот).