Светската популација надмина осум милијарди луѓе


Светската популација денеска надмина осум милијарди луѓе, соопштија Обединетите нации, предупредувајќи дека регионите кои веќе се соочуваат со недостиг на ресурси поради климатските промени се во поголеми тешкотии. „Постигнувањето од осум милијарди луѓе е знак за успех на човештвото, но исто така е голем ризик за нашата иднина“, рече Џон Вилмот, директор на одделот за […]

Фон дер Лајен ја обвини Русија дека гори гас


Русија е позаинтересирана да го користи својот гас како оружје – дури и ако тоа значи да го уништи наместо да го продаде – како одговор на западните санкции против нејзината инвазија врз Украина, обвини денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен. Москва ја прекина испораката на гас за ЕУ претходно оваа година како одмазда за санкциите воведени поради инвазијата врз […]

Си Џинпинг ги повика лидерите на Г20 да се спротивстават на инструментализацијата на храната и енергијата


Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ги повика лидерите на Групата 20 индустриски развиени и земји во развој (Г20) „цврсто да се спротивстават на инструментализацијата“ на храната и енергијата.   „Мораме цврсто да се спротивставиме на секаква политизација и инструментализација на прашањата за храна и енергија и употребата на тие прашања како оружје“, рече Си на […]

Ракетата на НАСА треба утре да полета кон Месечината


Мисијата на НАСА на Месечината изминатиот период беше соочена со бројни проблеми што го одложија полетувањето, а сега лансирањето на „Артемис 1“ е закажано за утре, јавија дел од светските медиуми. Лансирањето се одложуваше поради проблеми со моторот, истекување на гориво, како и двата урагана што ја погодија Флорида. Опишана како најсилна и најсложена ракета […]

Ѓоковиќ со победа против Циципас го почна турнирот во Торино


Италија- За разлика од Надал и Медведев кои беа поразени во првото коло, Новак Ѓоковиќ победнички тргна.   Тој во два сета го победи Циципас, со 6-4 во првиот, во вториот сет се играше тај-брејк кој го доби Србинот со 7-6 (7-4).   Во првиот меч од оваа црвена група Рубљов со 2-1 (7-6, 3-6, […]

Светските лидери денеска и утре на самитот на Г-20 во Бали


Индонезија- Светските лидери денеска и утре се среќаваат на годишниот самит на Г-20 на индонезискиот остров Бали. Главната цел е да и се помогне на економијата да се опорави по коронавирусот, но тензиите околу војната во Украина би можеле да бидат попречувачки фактор, објави Би-Би-Си. Г-20 е клуб на земји кои се состануваат за да […]

Џеј Лено се здоби со „сериозни изгореници“ од бензин: „Добро сум“


САД- Џеј Лено е во стабилна состојба, но се здобил со „сериозни изгореници“ по пожар на бензин. Откако веста за неговата медицинска итна помош стана наслов во понеделникот, Лено објави изјава за Variety: „Добив сериозни изгореници од пожар на бензин. Добро сум. Само треба една или две недели да застанам на нозе“. Од Центарот за […]

„Денови на COBISS“ денеска и утре во Скопје и Битола


Националната и универзитетска бибиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје во соработка со Институтот за информациски науки – ИЗУМ од Марибор, Словенија, првпат организира „Денови на COBISS“ кои денеска и утре ќе се одржат во Скопје и Битола. Како што информира НУБ, излагачи од нашата земја и од Словенија  ќе се осврнат на досегашните активности и […]

Електрични тротинети – компромис меѓу безбедноста, екологијата и инфраструктурата


Сè повеќе граѓани користат електричен тротинет за патување до работа или училиште, како еколошки начин на превоз што значително ја зголемува мобилноста во градски средини. Сепак, ограничувачки фактор е тоа што основна инфраструктура за движење со електричен тротинет согласно законот се велосипедските патеки, а доколку нема изградено такви, тогаш е дозволено движење по пешачките патеки, […]

Законот со кој се овозможува пристап до 530 милиони евра за справување со кризата на дневен ред на 92. пленарна седница


Пратениците денеска треба да ја продолжат 92-та пленарна седница на која на дневен ред се предлог-законите за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со кредитна линија за претпазливост и ликвидност, како и за задолжување на земјава со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за […]

Русија им забрани влез на стотина Канаѓани, меѓу нив и Џим Кери и Маргарет Атвуд


Русија – Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека сто Канаѓани се додадени на листата на луѓе на кои им е забранет влез во земјата како одговор на санкциите што Канада ги воведе кон Русија. На листата на кои им е забранет влез во Русија се и писателката Маргарет Атвуд, актерот Џим Кери и Ејми […]

Почнува обврската за задолжителна зимска опрема во возилата


Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, започнува денеска и ќе трае до 15 март следната година. Обврската е пропишана во член 361 од  Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, каде во став 1 е наведено дека моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај […]

Променливо облачно со утринска магла по котлините


Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Попладне, во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно, претпладне […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 15 ноември 2022 година, 318-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 47 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 23 минути, а ќе зајде во 16 часот и 13 минути. Денов трае 9 часа 49 минути. Месечината ќе изгрее во 21 часот и 54 минути, а ќе […]

Најчестиот лек за ублажување на болка во светот предизвикува ризично однесување, покажуваат студиите


  Еден од најчесто консумираните аналгетици ширум светот, може да направи многу повеќе отколку едноставно да ја ублажи болката. Ацетаминофен, исто така познат како парацетамол, нашироко се продава под брендовите Tylenol и Panadol, а студија од 2020 година покажа дека, покрај тоа што е аналгетик, го зголемува и однесувањето на луѓето за преземање ризик. Гореспоменатата […]

По реакциите на неговото интервју се огласи и Роналдо, еве што порача


  Кристијано Роналдо во моментов е на подготовките на Португалија за Светското првенство во Катар, откако вчера беше објавено интервју со него кое крена голема прашина. Португалецот „пукаше“ кон клубот и тренерот, поради што сите погледи се вперени во Манчестер Јунајтед. Англиските новинари дознаа дека челниците на клубот веќе договориле итен состанок на кој со […]

Генетски модифицирано растение ја врши работата на 30 прочистувачи на воздух


Француски стартап наречен Neoplants генетски модифицираше растение за да може да заврши работа заменувајќи 30 прочистувачи на воздух. Neoplants генетски го модифицирале растението Epipremnum aureum, или златен ползавец или ѓаволски бршлен, како и неговиот коренски микробиом за да го создадат Neo P1, моќен прочистувач на воздухот. Сега оваа супер ефикасна билка се појави на пазарот […]

Британските пабови и ресторани го скратуваат работното време поради трошоците за енергија


  Повеќе од една петтина од британските пабови, ресторани и кафулиња го намалија работното време во изминатите три месеци во обид да ги намалат трошоците за енергија. Анализата на британската канцеларија за национална статистика, ОНС, покажа дека компаниите за храна и пијалоци го намалуваат работното време повеќе од другите сектори за да се справат со […]

Претставени маскотите за Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024


Таа носи голем црвен фустан, искрена насмевка, тробојна кокарда на крајот од нејзините големи сини очи. Таа одговара, поточно тие одговараат, во името на Фрижес, бидејќи ги има две. Фригите се маскотите на Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година, претставени од Организацискиот комитет на игрите, јави дописникот на МИА од Париз. Како што […]

Шаќири: Студентскиот оброк до март ќе се исплаќа по старо


Студентскиот оброк по цена од 120 денари дневно да се исплаќа ретроактивно до март, а дотогаш да се најде системско решение за оваа субвенција. Тоа е договорено на средбата во Собранието меѓу претставници на студентите од сојузите на неколку универзитети, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и пратениците кои предложија нов Предлог-закон за субвенциониран […]