По реакциите на неговото интервју се огласи и Роналдо, еве што порача


 

Кристијано Роналдо во моментов е на подготовките на Португалија за Светското првенство во Катар, откако вчера беше објавено интервју со него кое крена голема прашина. Португалецот „пукаше“ кон клубот и тренерот, поради што сите погледи се вперени во Манчестер Јунајтед.

Англиските новинари дознаа дека челниците на клубот веќе договориле итен состанок на кој со адвокатите и главните луѓе на спортскиот сектор ќе одлучуваат за казната за португалската ѕвезда, кој ги шокираше со своето однесување.

Додека се чека најавата на Јунајтед, Роналдо се огласи на својот Инстаграм профил. Во моментов е со португалската фудбалска репрезентација која се подготвува за Светското првенство во Катар.
„Целосен и апсолутен фокус на работата на националниот тим. Обединета група, одиме кон една цел: остварување на сонот на сите Португалци“, напиша Роналдо.

Во коментарите под објавата се огласија и неколку навивачи на Јунајтед, а повеќето од нив му изразија поддршка.

Изгледа не е премногу загрижен што ќе одлучи Јунајтед, но сите со нетрпение чекаат да видат колкава казна ќе изрече клубот изрече на својата ѕвезда. Дали ќе се работи за казна од еден милион фунти, како што претходно објавија англиските медиуми, или нешто друго, наскоро ќе се дознае…