Двајца скопјани нападнати од седуммина во Ново Лисиче, тие пак, агресивни кон полицајците


Двајца скопјани физички нападнати од седум лица во Ново Лисиче.  На 23.11.2022 околу 23.00 часот во Полициската станица Аеродром, Д.М.(39) и Ж.М.(39), двајцата од Скопје, пријавиле дека пред угостителски објект на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје биле физички нападнати од седум лица. Полициски службеници излегле на местото и притоа Д.М. и Ж.М. агресивно се однесувале […]

Македонските и бугарските историчари не се усогласиле за Охридската архиепископија


Имавме навистина напорна и тешка средба. Два дена дискутиравме само за учебниците по историја и имаше позитивна и конструктивна атмосфера, меѓутоа не дојде до договор. Бевме блиску, можно е да се постигне договор, ние сме оптимисти и ќе продолжиме со таа надеж и следната година да дискутираме на тие теми, изјави копретседателот Драги Ѓоргиев, по […]

„Скопје Север“ исклучено од системот за гас по забраната од Град Скопје да користи мазут


Друштвото „Скопје Север“ АД информира дека денес е исклучено од системот за пренос на природен гас. „Во согласност со договорот со нашиот снабдувач со природен гас, ‘Пром-гас’, обезбедените количини треба да се платат авансно за секој месец. Поради енормно високите цени на гас во оваа година и тешката финансиска состојба на друштвото, не сме во […]

МНР ги осудува иредентистичките изјави на бугарскиот пратеник Костадинов


Министерството за надворешни работи ги осудува иредентистичките изјави кои содржат и територијални претензии кон Република Северна Македонија изкажани јавно и повеќе пати од страна на бугарскиот пратеник и лидер на политичка партија, Преродба, Костадин Костадинов. – Фактот што овие изјави се повторуваат, овојпат и во Скопје и тоа на значаен и за двете страни симболичен […]

Битиќи: Да се фокусираме соработка и меѓусебната поддршка во поширокиот регион


Во ова време на глобална криза мора, не само да се фокусираме на далечни земји со огромни разлики, туку и на нашиот регион и нашите соседи, на воспоставување мирни односи, доверба и соработка со соседите, на изградба на мостови, да се поддржуваме и она што е логично, да живееме заедно, истакна заменик-претседателот на Владата на […]

Катар уште вечерва може да ги загуби шансите за плејоф


ОАЕ – Репрезентацијата на Катар денес загуби од Сенегал во второто коло на Светското првенството кое се одржува во нивната земја. Сенегал победи со 3:1 и ги остави домаќините само со теоретски шанси за поминување на групата. Пред комплетирање на второто коло пласманот во А-групата изгледа вака: Холандија 3 бода, Еквадор 3, Сенегал 3, Катар 0. […]

Заедничка вежба на „Тигрите“ и бугарската Специјална единица за борба против тероризмот – сузбиена терористичка група


Членови на терористичка група извршиле киднапирање на две видни лица, по што од македонските власти побараа ослободување на 10-мина затвореници со закана дека ќе ги убијат киднапираните, ако барањето не им биде исполнето до 14 часот. Тоа е дел од сценариото на оперативно-тактичката вежба „ХАРПУН 2022“ што денеска на охридското крајбрежје ја изведоа припадниците на […]

„Простор за разговор“- уметнички активизам за подигнување на свеста за семејното насилство


Утревечер, 26 ноември, во 19 часот, во Мала станица, ќе започне првиот од серијата настани насловени како „Простор за разговор“ или „Dancing (Talking) Table“ во организација на Интерарт културниот центар, со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје. Во контекст на темата, родовата еднаквост и семејно насилство, настанот ќе започне со танцов перформанс кој ќе го […]

Прва трансплантација на црн дроб од починат донор во земјава


На Клиниката за дигестивна хирурија, денес беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор- прва во историјата на македонскотo здравство, соопштија од  Министерството за здравство. Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите, посочуваат од […]

Најдобрите Black Friday понуди се во брендовите на Fashion Group!


  Речиси и да нема повозбудлив викенд од овој – Black Friday понудите и официјално започнаа во Fashion Group! Викендот е совршено време да го поминете во шопинг со семејството и да си ги набавите сите работи што толку многу ги посакувавте, сега, на неверојатно намалување до -30% на колекцијата есен – зима од брендовите […]

Европските трговци се надеваат дека „црн петок“ ќе ја спаси лошата божиќна сезона


  Трговците на мало во Европа стравуваат дека целата божиќна сезона би можела да биде најлоша во изминатата деценија, бидејќи купувачите ја намалија потрошувачката, а оперативните трошоци продолжуваат да растат, намалувајќи ги нивните профитни маржи. Европските трговци се надеваат дека попустите на „црниот петок“ ќе ги поттикнат клиентите да трошат повеќе и ќе ја турнат […]

Германско државјанство ќе се добива по пет или по три години легален престој


Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фасер  денеска претстави делови од нацрт-закон со кој треба да се олесни добивање германско државјанство, па така наместо со осум ќе може да се побара по пет односно три години легален престој. – Наместо сегашните осум години, државјанство ќе може да се добие по пет години легален престој, а […]

Законот за потекло на имот мора да биде прецизен, вели Грковска


  Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, присуствуваше на состанок на работната група која работи на подготовка на новиот предлог-закон за потекло на имот, кој се подготвува со поддршка на Делегацијата на Европската унија и Советот на Европа. Грковска истакна дека е многу важно да се подготви одржливо законско решение кое ќе […]

Побегна затворник од штипска Ортопедија


Затвореник од Затворот „Штип3 утринава во 1.30 часот побегнал од одделот за ортопедија и трауматологија во Клиничка болница-Штип. Бегството на 48-годишниот осуденик го потврдува директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров и портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска. -Станува збор за 48-годишен пациент на кого требало денеска да му се извади шраф од колкот, во 1.30 часот […]

Руски гувернер до мајките на загинатите: Тие им припаѓаат на државата


  Гувернерот на рускиот регион Иркутск, Игор Кобзев, порача дека руските војници кои загинаа во борбите во Украина „им припаѓаат на државата“, Контроверзниот истап на 56-годишниот челник на регионот сместен во југоисточен Сибир се случил во текот на состанокот со мајките на загинатите војници, пренесе „Москва тајмс“. „Од сега не ми припаѓаш мене, ѝ припаѓаш […]

Клиниката за радиотерапија и онкологија ќе ги подобрува услугите со онколошки конзилиум


Новата в.д. медицинска директорка Виолета Клисаровска на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија формираше онколошки конзилиум, надлежен за правилна и подобрена покриеност на пациентите со биолошка терапија. Исто така, во тек е обновување на онколошките протоколи за лекување, согласно медицина базирана на докази, но адаптирани во рамките на актуелните можности на буџетот на клиниката, информираат […]

Бројот на попишаните Македонци во Бугарија е нереален, вели Стојко Стојков


  Членот на претседателството на ОМО Илинден-Пирин, Стојко Стојков, во разговор за „Локално“ вели дека бројката од 1.143 лица кои се изјасниле како Македонци на пописот во Бугарија не е реална, бидејќи имало граѓани кои се плашат така да се декларираат. И дека Македонци во Бугарија има многу повеќе. „Ова бројка е нереална како и […]

ЕСМ-ХЕС „Црн Дрим“ го чисти коритото и бреговите на реката Црн Дрим


  АД ЕСМ – Подружница ХЕС Црн Дрим Струга продолжи со проектот за чистење на коритото на реката Црн Дрим. По пауза од две години предизвикана од здравствената и енергетската криза, продолжи со третата етапа од планираното прочистување и тоа од излезот од градот Струга до објектот Далјан во должина околу 600 метри. -Овој простор […]

Полска ќе ги конфискува возилата на пијаните возачи


  Автомобилите на пијаните возачи во Полска ќе бидат конфискувани според новиот закон одобрен од полскиот парламент и во моментов се чека конечниот потпис од претседателот Анджеј Дуда. Секој кој ќе биде фатен со 0,15% алкохол во крвта или кој ќе предизвика сообраќајка со најмалку 0,05% алкохол во крвта, ќе мора да го предаде својот […]

Силната економија не го реши проблемот со сиромаштијата во Германија


Повеќе од два милиона германски граѓани редовно ги користат услугите на банки за храна, а еден милион не можат соодветно да ги загреат своите домови, и покрај силната економија во изминатите десет години, покажа истражувањето на институтот WSI. Во 2019 година, уделот на граѓаните со приходи повеќе од половина од просечниот беше 11,1 отсто од […]