Премиерот Ковачевски во посета на компании во Штип


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе посети компании во Штип, известуваат од владината прес-служба. Во 13:00 часот премиерот Ковачевски ќе ја посети фабриката „Брилијант“, а во 14:00 часот и компанијата „Актива“. 

Изложба на Мирослав Масин


Самостојната изложба на Мирослав Масин денеска ќе биде отворена во Галеријата „Ел Греко“. Мирослав Масин уметничката кариера ја почнува повлијаен од експресионизмот на Петар Мазев, а под менторство на Димитар Кондовски, Родољуб Анастасов и Душан Перчинков. За нив, иако различни во пристапот, тој вели дека биле одлична комбинација и рамнотежа на ред, конзистентност, слобода и ерудитство. […]

„Ден на бесплатни стрипови“


  Повеќе од 500 стрипови денеска, од 10:00 до 15:00 часот, бесплатно ќе бидат поделени во стрип-книжарницата „Бункер“ во рамки на „Ден на бесплатни стрипови“. По 2017 година, стрип книжарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“. Се работи за манифестација која првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002 година, а потоа се […]

Хуманитарен концерт за деца „Карневал на животните“


  Концертот за деца „Карневал на животните“ ќе се одржи денеска во Дом на АРМ. Концертот е хуманитарен и сите средства од продажбата ќе бидат донирани во СОС Детско Село. Македонската детска публика ќе има единствена можност во живо да ја слушне фантастичната композиција „Карневалот на животните“ во изведба на виолинстката Пламенка Трајковска, а во пијано придружба […]

Денеска облачно и ветровито, утре постудено со дожд и снег


Утрото студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот умерено до значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје претежно облачно со слаб до умерен ветер од […]

„Вие сте руски отпад, да не сте се осмелиле да се вратите дома“: Бизарна тирада на руската телевизија


  Пропагандистот на Кремљ, Владимир Соловјов, одржа уште еден бизарен монолог на руската државна телевизија во кој ги нападна непријателите и предавниците на рускиот народ. „Толку сум горд на моите пријатели кои се борат како припадници на руската армија, како членови на волонтерски и козачки единици. Ќе ги поддржиме, често ќе се појавувам во различни […]

Англија и САД одиграа нерешено без голови на Светското првенство


  Репрезентациите на Англија и САД одиграа нерешено во натпреварот од второто коло од групата Б на Светското првенство 2022 година. Средбата на стадионот „Ал-Бајт“ во Ал Хор заврши со резултат 0:0. Во текот на целиот натпревар Англија упати три удари кон противничкиот гол, САД – еден. Англија никогаш не ги победила САД на официјални […]

Славески: Буџетот е гломазен и инфлациски, се зголемува дефицитот и јавниот долг


  „Не би сакал да верувам дека власта свесно го прави тоа да ја подгрева инфлацијата, но политиките во економијата само го зголемуваат долгот и дефицитот, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24. Тој додаде дека можеби станува збор за незнаење на водење на економските […]

Објавена првата тврда соларна рендгенска слика од перспективата на Земјата


„Куафу-1“ успешно е лансиран на 9-ти октомври 2022-ра година од Центарот за лансирање на сателити „Џјучуен“. Првата научна „тврда рендгенска снимка“ на сателитот „Куафу-1“ неодамна е објавена во опсерваторијата во Виолетова планина при Кинеската академија на науки, која е единствена соларна тврда рендгенска слика од перспективата на земјата во светот. „Куафу-1“ успешно е лансиран на […]

Ковачевски: 2023 е година за економска пресвртница, на нова надеж


  Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) вечерва во Тетово ја продолжи серијата граѓански трибини „Силно и одлучно кон иднината“. На трибината се обрати и одговараше на прашања на граѓаните партискиот претседател и премиер Димитар Ковачевски. На прашањата што ќе се направи околу постојаните зголемување на цените на храната и енергенсите, Ковачевски посочи дека со оглед […]

Повеќе од 6 милиони домаќинства во Украина погодени од прекини на струја


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека над шест милиони домаќинства во земјата биле погодени од прекини на струја, два дена по целните руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина. „Од оваа вечер, прекините на струја продолжуваат во повеќето региони (на Украина) и во Киев. Вкупно, повеќе од шест милиони претплатници се погодени“, наведе […]

ЕУ ќе обезбеди дополнителна опрема за производство на електрична енергија во Украина


 ЕУ ќе и обезбеди на Украина повеќе од 200 трансформатори и генератори на струја, соопшти денеска претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Поголемиот дел од техничките средства се донации од Латонија и Литванија, а во пратката ќе бидат вклучени и дел од залихите на ЕУ, […]

Направена прва трансплантација на црн дроб од починат донор во Македонија


Донор е пациентка која имала мозочна смрт, а чие семејство вчера се согласило да ги донира органите. Покрај црниот дроб, се прави трансплантација и на бубрезите На Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје денеска напладне била направена трансплантација на црн дроб од починат донор што е прва во историјата на македонското здравство, објави министерот за […]

Почна изградбата на улицата „Христофер Жефаровиќ“ во Сингелиќ


Град Скопје почна со изградба на улицата „Христофер Жефаровиќ“, проект неопходен за да се овозможи безбедно движење на сите учесници во сообраќајот.   – Исклучително важно е да се постигне рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје, а едновремено да се обидеме да помогнеме на скопските општини. Пред неколку месеци имав можност во […]

Велика Британија: Путин е очаен поради својата војска, па уништува инфраструктура во Украина


Руските воздушни напади врз критичната инфраструктура на Украина се знак на очај на рускиот претседател Владимир Путин, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас за време на посетата на бродоградилиштето во Глазгов. Валас рече: Украинците се обидуваат да ја заштитат националната цивилна инфраструктура што Путин намерно се обидува да ја уништи со надеж дека ќе […]

Доди Ал Фајед ја оставил манекенката Кели Фишер „пред олтар“ заради леди Дајана


САД– Петтата сезона на „Круната“ ги запознава гледачите со Доди Ал Фаед, кој трагично загина заедно со Дајана, принцезата од Велс во 1997 година. Сепак, не е јасно колку тие двајцата беа сериозни: принцезата Дијана штотуку раскина со Хаснат Кан, британск0- пакистански кардиохирург кого таа наводно го нарече „љубовта на нејзиниот живот“. И Фајед претходно […]

Поедноставените процедури за поставување фотоволтаици носат резултати


 Транзицијата кон зелена енергија е примерен фокус и потреба повеќе од било кога и во таа насока Министерството за транспорт и врски ја поедностави процедурата за поставување на фотоволтаици со што добиваме самоодржливи домаќинства и компании, но и го помагаме централниот електроенергетски систем, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во Богданци, од […]

Холандија и Еквадор одиграа нерешено 1:1


ОАЕ– Холандија и Еквадор одиграа нерешено во натпреварот од второто коло од групата А на Светското првенство во 2022 година. Средбата на стадионот „Калифа“ заврши со резултат 1:1. Резултатот го отвори холандскиот напаѓач Коди Гакпо во 6. минута, Во 45+3 минута Еквадор можеше да израмни, но голот на Пурвис Еступинан беше поништен поради тоа што […]

Заврши вонредниот инспекциски надзор во гевгелиската градинка


Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста во рамките на своите надлежности спровело вонреден инспекциски надзор во врска со случајот на, како што нагласуваат оттаму, „претепано 10 месечно дете во градинка во Гевгелија“, како што тоа било пренесено од медиумите, а изјавено од член на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. -Од страна на инспекторите на […]

This Is Me…Now – Џеј Ло го посвети новиот албум на Бен Афлек


САД- Дваесет години до денот на објавувањето на This Is Me…Then, пејачката на „Jenny from the Block“ (53) го најави новиот албум This Is Me…Now. Ѕвездата, чии социјални мрежи станаа мрачни деновиве, самата ја сподели веста. Во краткиот клип на кој се гледа како Лопез ја пресоздава насловната страница на албумот од 2002 година, а […]