Дојава за бомби во шест училишта во Скопје


Повторно евакуирана е гимназијата „Јосип Броз“ во центарот на Скопје, по дојава за поставена бомба Освен во ова средно училиште истото се случувало и во останати пет во градот Скопје, информираат од полицијата за „Независен“. „Денеска (02.11.2022) во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е […]

Боки 13 повторно однесен во болница


Од затворот Идризово Бојан Јовановски-Боки 13 итно е пренесен на Клиника и задржан на болничко лекување, објави А1он повикувајќи се на изјавата на неговиот адвокат Владимир Туфекџиќ. Неговиот адвокат вели дека Јовановски е задржан на лекување во хируршката клиника откако неговата состојба се влошила. Боки 13, реагирал претходно и барал прекинување на издржувањето на казната […]

Германија најави затворски казни за демонстрантите кои ги оштетуваат уметничките дела


Германскиот министер за правда Марко Бушман изјави дека се можни затворски казни за климатски активисти кои блокираат патишта и оштетуваат уметнички дела. – Кој ќе фрли течност или предмети врз уметничките дела може кривично да одговара доколку се оштетат уметничките дела. Блокадите на патиштата може да се окарактеризираат како принуда. А доколку поради ова биде […]

Секоја прва сабота од месецот влезот во Археолошкиот музеј во Скопје ќе биде бесплатен


Секоја прва сабота од месецот влезот во Археолошкиот музеј во Скопје ќе биде бесплатен, соопштија од установата. – Во интерес на посетителите и со желба за поголема посетеност, Археолошки музеј ве известува дека влезот ќе биде бесплатен секоја прва сабота во месецот – се наведува во соопштението. Работното време на музејот, според податоците на нивната […]

Подољак: Пропадна руската уцена со извозот на житото


Русија се врати на договорот за извоз на жито од Украина бидејќи сфати дека иницијативата ќе функционираше и без учеството на Кремљ, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак. Во писмена изјава за Ројтерс, пренесува Хина, Подољак наведува дека одлуката на Москва покажува дека руската „уцена“ и „ескалација и закани“ не успеваат кога ќе […]

ССМ и СУТКОЗ: Од денес што и да се случи во „Водовод и канализација“, вината ќе биде на Арсовска


Од Сојузот на Синдикати на Македонија и Синдикатот на работници од угостителството, туризмот, комунално-станбено стопанство, занаетчиство и заштитни друштва на РМ (СУТКОЗ), со порака до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за како што велат, нејзиното „останување глува и недостапна за претставниците на работниците“. Обраќањето кон Арсовска ви го пренесуваме во целост: „Градоначалничката Арсовска и […]

Дива депонија во Скопје претворена во прв мега-парк


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска порача дека веќе се гледаат контурите на првиот мега-парк во Скопје, паркот „Даме Груев“ во општината Ѓорче Петров. -Започнавме со засадување на првите украсни садници, а веќе е завршена изведбата на шеталиштата во првиот дел од паркот и насадени зелените површини. Следува поставување на дополнителните содржини и поставување […]

Белата куќа намени 13,5 милијарди долари за трошоци на греење на американските домаќинства со ниски примања


  Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе обезбеди 13,5 милијарди долари за домаќинствата со ниски приходи како помош за трошоците за греење во текот на претстојната зима, соопшти денеска Белата куќа. Како дел од иницијативата, американското Министерство за здравство и човечки услуги обезбедува 4,5 милијарди долари финансирање за Програмата за енергетска помош на домаќинствата […]

Мицкоски ќе оди на лидерска средба ако на неа не се разговара за промена на Уставот


  На лидерска средба треба да се разговара за актуелните проблеми, а не за промена на Уставот, вели претседателот на ВМРО-Дпмне, Христијан Мицкоски за повикот на премиерот Димитар Ковачевски. Според Мицкоски, партијата има изградено став околу уставните промени и тој досега не бил променет. „Покана сѐ уште немаме добиено, не го знаеме форматот на таа […]

Шокантно видео за полициската бруталност во Иран


  Иранските власти наредиле истрага за видеото на кое се гледа како полицајци дивјачки тепаат демонстрант, за кое групите за човекови права велат дека ја разоткриле чистата бруталност на полициската репресија против протестите предизвикани од смртта на Махса Амини. Иран е потресен од повеќе од шест недели протести по смртта на Амини, која беше уапсена […]

Србија договори стенд бај аранжман со ММФ


  Со средбата во Народната банка на Србија (НБС) завршени се официјалните разговори на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд со делегацијата на Република Србија, а за време на посетата беше предложен нов стенд бај аранжман кој ќе го замени постоечкиот инструмент за координација на политиките, јави дописникот на МИА од Белград. Од НБС соопштија дека […]

Адеми: Сите партии да седнат и да разговараат за нашата европска иднина, не е време за избори


Сите политички партии, без оглед на својот етнички или идеолошки „бекграунд“ треба да седнат на иста маса и да разговараат за европската иднина на државата, изјави денеска во Собранието Арбер Адеми, пратеник и потпретседател на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Прашан во врска со поканата на „Беса“ до лидерите на другите партии на Албанците за […]

Собранието изгласа измени на законите за здруженија и за политички партии


 Собранието денеска на продолжение на 88-та седница донесе измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, и на Законот за Законот за политички партии, на предлог на СДСМ, по скратена постапка. За измените на Законот за здруженија и фондации „за“ гласаа 67 пратеници, ниту еден против и воздржани, а ист број […]

Тешка сообраќајка близу Прилеп, има повредени


Во вторникот,  во 14.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Ѓавато – Тополчани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(20) од Прилеп и патничко моторно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Љ.(67) с.Славеј, општина Кривогаштани. Во несреќата со тешки телесни […]

Костадинов ќе докажува дека „Македонија е бугарска“


Лидерот на бугарската парламентарна партија Преродба го дефинираше отворањето на македонскиот клуб во Благоевград како обид за провокација, најавувајќи дека ќе преземат активности во Брисел и во Стразбур каде што ќе докажат дека „Македонија е бугарска“. „Во неделата бевме сведоци на обид за провокација – за постоењето на едно непостоечко малцинство во Бугарија, организирано директно […]

Почна бесплатната мамографија низ лавиринтите на јавното здравство


  Жените од возрасната група од 45 до 69 години кои не направиле мамографија последните две години, имаат право на бесплатна мамографија, која почна вчера. Мамографијата се извршува во повеќе здравствени центри во земјава, а една од нив е и клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, попозната како Градска болница. Мамографијата не […]

Владата го задолжи ЕСМ дистрибуција на топлина да склучи договор за купопродажба на топлинска енергија со ТЕ-ТО


Владата на денешната 98-ма седница ја разгледа и усвои информација за преземање мерка за обезбедување дополнителни количини на топлинска енергија во случај на постоење на кризна состојба и донесе одлука за преземање мерка за обезбедување на дополнителни количини на топлинска енергија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Како што […]

Колкава е цената на епохалните грешки?


Можат ли СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се договорат за едно единствено прашање, за кое двете најголеми политички партии, сите нивни програми и сите нивни лидери, премиери, влади и претседатели веќе 31 година имаат иста цел – Македонија да стане членка на ЕУ. Со тоа конечно иднината да не ни биде судбина, туку самите да ја одредиме. […]

Дефинирани највисоките цени на огревното дрво, престанува да важи одлуката за замрзнатата маржа


Владата, на предлог на Министерството за економија, денеска донесе Одлука за определување највисоки цени на огревно дрво од даб и од бука, како и на пелети за огрев. Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500 денари за метар просторен, односно до 6 429 денари за метар кубен. […]

ЗНМ и ССНМ најавуваат бојкот ако не се усвојат измените на Кривичниот закон за заштита на новинарите


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) по повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите бараат од политичките партии веднаш да ги усвојат амандманите на Кривичниот законик со што ќе се овозможи поголема заштита на новинарите и медиумските работници. Во спротивно велат дека […]