Секоја прва сабота од месецот влезот во Археолошкиот музеј во Скопје ќе биде бесплатен


Фото: Б. Грданоски

Секоја прва сабота од месецот влезот во Археолошкиот музеј во Скопје ќе биде бесплатен, соопштија од установата.

– Во интерес на посетителите и со желба за поголема посетеност, Археолошки музеј ве известува дека влезот ќе биде бесплатен секоја прва сабота во месецот – се наведува во соопштението.

Работното време на музејот, според податоците на нивната страница на „Фејсбук“, е од 10 до 18 часот.