АД „Пошта“: Намален капацитет и брзина поради надградување на системот, нема прекини во доставата


АД „Пошта на Северна Македонија“ соопшти дека поради одржување и надградување, а со цел подобрување на работењето, компјутерскиот систем во единиците на поштенската мрежа работел со намален капацитет и брзина, но во ниту еден момент немало прекин во доставата на поштенски пратки. – Продолжуваме посветено да работиме во интерес на нашите корисници. Ви благодариме на […]

Познати се сите учесници во плејофот од Лигата на шампионите 2022/23


  Познати се сите учесници во плејофот од Лигата на шампионите 2022/23. По завршување на групната фаза пласман во осминафиналето на елитното натпреварување изборија: Наполи, Ливерпул, Порто, Бриж, Баерн, Интер, Тотенхем, Ајнтрахт, Челзи, Милан, Реал Мадрид, Лајпциг, Манчестер сити, Борусија Дортмунд , ПСЖ и Бенфика. Ждрепката за осминафиналната фаза на Лигата на шампионите ќе се […]

Кои се 100-те највредни брендови во 2022 година


Со оглед на самата природа на брендовите, одредувањето на финансиската вредност на брендот е тешка задача. И покрај нематеријалноста на брендот, тешко е да се одрече колку брендот може да биде ефективен во зајакнувањето на крајната линија на компанијата. Имајќи го тоа на ум, Brand Finance го презеде предизвикот да ги идентификува највредните брендови во […]

Историјата на денешен ден, 3 ноември – Отворен Светскиот трговски центар Еден на Менхетен


  Светски трговски центар Еден официјално е отворен на Менхетен, Њујорк, на 3 ноември 2014. Новата кула, заедно со остатокот од комплексот на Светскиот трговски центар, ги замени кулите близначки и околниот комплекс, кои беа уништени од терористички напади на 11 септември 2001 година. Како што градот и државата се оттргнаа од нападите, кои ја […]

Стојаноска-Иванова: Дојавите за бомби кај децата создаваат недоверба кон институциите


  Секојдневните дојави за бомби во средните училишта во главниот град не оставаат никој рамнодушен. Се јавува чувство на страв и стрес, пред сè кај самите деца, но и кај наставниот кадар кој е одговорен за децата додека се во училиштата. Со цел да се надмине оваа дестабилизација што во моментов се случува, социологот проф. д-р Татјана […]

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан застрелан во нога на политички митинг


Поранешниот пакистански премиер Имран Кан е застрелан во стапалото денеска на политички митинг, но тој е во стабилна состојба, изјави негов советник. „Тој е во стабилна состојба“, изјави Рауф Хасан, советник на Кан. Тој додаде дека – „Ова беше обид да го убијат, да извршат атентат врз него“. 

„Гејм џем“ за деца и млади


  Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје денеска и утре организира „Гејм џем“ за деца и млади. Активностите ќе се реализираат во фоајето на кино „Синеплекс“ во Сити Мол во период од 11:00 до 15:00 часот. Младите креативци ќе имаат прилика да се запознаат со самиот процес на креирање видео игра и […]

Британски истражувачи: Мајмунските сипаници можат да се шират и пред симптомите


  Мајмунските сипаници можат да се шират и пред да се појават симптоми, објавија британски истражувачи. Претходно се сметаше дека мајмунските сипаници речиси целосно ги пренесуваат лица, кои веќе биле заразени. Мајмунските сипаници, релативно блага вирусна болест што е ендемска во неколку земји од Западна и Централна Африка, годинава експлодираше во некои делови од светот, […]

Доживотен затвор за напаѓачот во училиштето на Флорида


  Напаѓачот во училиштето во Паркленд, Флорида, 24-годишниот Николас Круз е осуден на 34 казни доживотен затвор без можност за помилување, откако семејствата на 17 убиени жртви сведочеа дека станува збор за злобно лице, кукавица, монструм и нечовек. Судијката Елизабет Шерер определи 34 доживотни казни за Круз. Седумнаесет за секое убиено лице и уште толку […]

Бајден: Американската демократија е нападната


  Американската демократија е нападната, истакна претседателот Џо Бајден во својот говор за заштита на демократијата, што го одржа на станицата Унион во Вашингтон, недалеку од Капитол Хил. „Американската демократија е нападната затоа што поразениот поранешен претседател на САД одби да ги прифати резултатите од изборите во 2020 година“, рече Бајден. „Тој одбива да ја […]

Аларм во Јапонија поради ракета истрелана од Северна Кореја


   Северна Кореја лансираше нова ракета која прелета над Јапонија во правец на Тихиот Океан, соопшти јапонската влада, но подоцна ја корегираа изјавата. Проектилот ја прелета државата околу 7:48 часот (22:48 часот по Гринич на 2 ноември), соопшти кабинетот на јапонскиот премиер на Твитер. Јапонската телевизија емитуваше специјални пораки во кои ги повикуваше жителите на […]

Нуклеарната централа „Запорожје“ е исклучена, оштетени се високонапонски водови при руски напад


Украинската нуклеарна централа Запорожје е исклучена од електричната мрежа откако во руско гранатирање оштетени се преостанатите високонапонски водови, оставајќи во употреба само дизел генератори, соопшти денеска украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом. Украинскиот нуклеарен оператор објави дека централата има залихи од гориво за генераторите уште 15 денови. 

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка


  Анкетите меѓу британските граѓани покажуваат дека голем дел од населението го дефинира Брегзит како грешка, објави Британскиот совет за анкети – синдикат на социолошки агенции во земјата. „Брегзит денес е веројатно со најниска популарсност од јуни 2016 година“, рече политикологот Џон Кертис, претседател на Советот. На гласањето во 2016 година, 52 отсто од Британците […]

Премиерот Ковачевски на Самитот за Западен Балкан во Берлин


  Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски денеска учествува на средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан во рамките на Самитот за Берлински процес, што на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц се одржува во Берлин. Во состав на владината делегација ќе бидат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за […]

Донесени законските измени за здруженија и партии, со нив се заштитува антифашистичкото минато на државата


  Без ниту еден глас против, ниту воздржани, пратениците и од власта и од опозицијата со 67 гласови „за“ вчера ги изгласаа измените на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и на Законот за политички партии, поднесен од СДСМ, со кои се забранува здруженија и партии да носат фашистички имиња. Предложените законски измени […]

Продолженија на три собраниски седници


  Собранието денеска треба да продолжи со 79-та, 88-та и 82-та седница. Пратениците во рамки на 79-та седница вчера расправаа за Предлог-законот за дополнување на Законот за здравствена заштита, по скратена постапка. Гласањето по оваа точка ќе биде закажано дополнително. На дневен ред на оваа седница се повеќе предлог законски решенија, меѓу кои предлог законот […]

Нов проект за консолидација на земјиштето финансиран од ЕУ


  ЕУ и ФАО денеска во Скопје ќе го промовираат новиот проект „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“ и ќе ги презентираат  резултатите од проектот „Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште“ (МАИНЛАНД). Проектот вреден 1,2 милиона евра, ќе се реализира во период од 42 месеца, од август 2022 година до јануари […]

„Омаж на маестро Џамбазов“ со оркестарот на Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија вечер, во 20 часот,  ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“. Концертот е посветен на големиот македонски композитор, а диригент е Џијан Емин. Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија […]

Премиера на претставата „Госпоѓица Јулија“ во режија на Мето Јовановски


Претставата „Госпоѓица Јулија“ по текст на Аугуст Стриндберг, а во режија на Мето Јовановски вечер премиерно ќе биде изведена во Културно-информативниот центар во Скопје. Во претствата играат Марија Кондовска, Андреј Серафимовски и Сандра Темова.   Костимите и сценографија се на Благој Мицевски, а дизајнот на плакатот е на Влатко Јовановски.   Проектот е реализиран со поддршка […]

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер, температурата до 26 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната […]