Фузија од емоции и виртуозност во Скопје – „страсна“ класична музика со славната виолинистка Ирина Мурезану


Кога на сцената настапува виолинистка со светска кариера Ирина Мурезану, два врвни камерни оркестри – „Профундис“ од Македонија и „13 Гудачи“ од Србија, респектибилни диригенти како Ѓурѓица Дашиќ и Срѓан Сретеновиќ, со комплексни и виртуозни дела од Бритн, Енеску, Вивалди и Пјацола –  тогаш се случува фузија од емоции и виртуозност која публиката знае да […]

Психички силните луѓе се однесуваат поинаку од останатите


Тешко е да се разбере зошто некои луѓе имаат потреба постојано да бидат негативни – да се караат со другите, да ги критикуваат, навредуваат, наместат за нешто што не го направиле и слично. Не е тешко да се сфати дека тоа го прават бидејќи самите со себе се незадоволни од некој аспект во животот, но […]

Струјата од Нова година ќе се оданочува со 10 отсто ДДВ наместо сегашните пет отсто


Данокот на додадена вредност за електричната енергија од Нова Година ќе изнесува 10 отсто, изјави вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими. Од мај годинава, како една од владините антикризни мерки, струјата се одначува со стапка од пет отсто ДДВ,   Бесими во гостувањето на Топ тема на ТВ Телма, рече дека оваа стапка ќе важи до […]

Федералните резерви ја зголеми уште еднаш каматната стапка за 75 поени, четврти пат по ред


  ВАШИНГТОН – Банката на федерални резерви на САД ја зголеми својата референтна каматна стапка во средата за три четвртини од поен, четврти пат по ред за да се бори против високата инфлација, но навести дека наскоро би можела да ја намали големината на зголемувањето на стапките. Потегот на ФЕД ја зголеми нејзината клучна краткорочна […]

Полска ја одобри изградбата на првите нуклеарни централи


  Полската Влада донесе одлука за изградба на првите нуклеарни централи во земјата, а договорот за изградба на првата нуклеарка и е доделен на американската компанија „Вестингхаус Електрик“, соопшти денеска новинската агенција „ПАП“ по одржаната владина седница.Договорот се надоврзува на оној од 2020 година што Вашингтон и Варшава го потпишаа за комерцијална употреба на нуклеарна […]

Стејт департмент: Жените новинари сѐ повеќе се цел на онлајн малтретирање и злоупореба


 Новинарите се фундаментот на независниот печат, обезбедуваат за јавноста факти и ги повикуваат владите на одговорност често соочувајќи се со опасности и непријателства, затоа на Меѓународниот ден за окончување на неказнивоста на злосторствата против новинарите, САД повторно повикаа обезбедување правда за храбрите новинари низ целиот свет.  Од американскиот Стејт департмент укажаа дека независниот печат ја […]

Бесими: Имаме јасен тренд на фискална консолидација


  Ние имавме долг период на јавни расправи за целиот сет на мерки, кој е дел од една стратегија за даночни реформи донесена од Влада во декември. Главен принцип во дискусијата е да се обезбеди еднаквост на даночниот товар во економијата, да се зголеми даночната база и да се зголеми ефикасноста на услугите во јавната […]

На трети декември Изборно собрание на ЗНМ, ќе се избира ново раководство


  Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Младен Чадиковски, согласно член 37 од Статутот, свикува редовно Изборно собрание на ЗНМ на кое ќе се избира новото раководство на ЗНМ. Изборното собрание ќе се одржи на трети декември 2022 година во Скопје, а новинарките, новинарите и медиумските работници што сакаат да учествуваат, треба да […]

Буџетот за 2023 година ќе тежи рекордни 5,28 милијарди евра, предлага Владата


  Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2023 година, предложен од Министерството за финансии, соопштија од Владата. Буџетот на расходната страна е предвидено да изнесува 324,8 милијарди денари (5,28 милијарди евра), приходите е предвидено дека ќе бидат 282,05 милијарди денари (4,58 милијарди евра), а дефицитот е проценет на 42,75 милијарди денари или околу 695 милиони […]

Еди Рама ја обвини Британија за напливот на албански мигранти


  Велика Британија реба да престане да ги дискриминира Албанците за да ги оправдува „неуспесите во политиката“, изјави Еди Рама, премиерот на Албанија. Рама рече дека „реториката“ со која се обвинуваат неговите граѓани за криминалот и граничните проблеми на Британија ги игнорирала фактите. Албанците сега ја сочинуваат најголемата група од оние што го минуваат Ламанш […]

Според резултати од истрагата, уништени се 250 метри од гасоводот Северен тек 1


Еден крак од гасоводот „Северен тек 1“  е уништен во должина од околу 250 метри во експлозија на крајот на септември, соопшти денеска операторот, пренесува ДПА. Според прелиминарните резултати од истрагата, има два кратери на морското дно, секој длабок 3-5 метри, соопшти денеска компанијата Nord Stream AG. Тие се наоѓаат на околу 248 метри оддалеченост […]

Киев подготвува 425 специјални засолништа во случај на нуклеарен напад


Олексиј Кулеба, шеф на регионалната воена администрација во Киев, соопшти дека на украинска територија се подготвени неколку стотици „специјални засолништа“ како заштита од потенцијален нуклеарен напад од Русија. Украинската влада се подготвува за најлошото сценарио додека тензиите и понатаму растат во војната меѓу Русија и Украина. „Последните 8 месеци нè научија дека сè може да […]

Пронајдени безживотните тела на 20 лица по потонатиот брод кај грчкиот остров Евија


Во операцијата за спасување и потрага што од вчера се води во морскиот дел јужно од грчкиот остров Евија, пронајдени се безживотните тела на 20 лица откако вчера потона едрилица со мигранти. Како што јави дописничката на МИА од Атина, според последните информации од крајбрежната служба на Грција, 20 загинати и 12 спасени е билансот […]

Карлос Карвахал нов тренер на Селта


Шпанскиот фудбалски прволигаш Селта Виго го објави назначувањето на Карлос Карвалхал за главен тренер на тимот. Педесет и шестгодишниот фудбалски стручњак потпиша договор до 2024 година, соопштува официјалниот сајт на клубот од Виго. Последната работа на Карвалхал беше Ал Вахда од Обединетите Арапски Емирати, од која беше отпуштен во октомври, 4 месеци по неговото назначување. […]

Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти


  Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти и таа сега изнесува 2,75 проценти, што е петта интервенција годинава. Тоа со цел да ги ублажи нагорните ценовни притисоци преку монетарната политика. – Надзорниот одбор на Централна банка на Албанија оцени дека високите нивоа на инфлациски притисоци се примарен ризик за […]

Првиот светски рекет Алкараз се пласираше во третото коло на Мастерсот во Париз


  Шпанецот Карлос Алкарас го победи Јапонецот Јошихито Нишиока во второто коло на Мастерс 1000 турнирот во Париз со 2:0, по сетови 6:4 и 6:4. Следен противник на првиот светски рекет ќе биде Григор Димитров од Бугарија кој вечерва го победи Фабио Фоњини од Италија со 2:0, по сетови 6:0 и 7:5. АТП Ролекс Мастерс […]

Приведено едно лице во врска со заканите за бомби во училиштата во Скопје


Полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Н.Н. од Скопје, поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училишта во Скопје. Во координација со надлежното обвинителство се преземаат мерки за расчистување на случајот.   Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста  дека завршија антитерористичките проверки во врска со денешните пријави дека […]

Ново разрешување, „падна“ и организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести


 Министерот за здравство Беким Сали денеска го разреши од функцијата организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди, информираат од Министерството за здравство. – Организацискиот директор на оваа Клиника се разрешува од функцијата пред истекот на времето за кое е именуван, поради утврдени нерегуларности во извештајот од извршената контрола на работењето на оваа […]

Притворен познат грчки автор на детски книги поради поседување материјал со детска порнографија


Познат и наградуван грчки автор на детски книги е притворен поради поседување материјал со детска порнографија, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на извори од полицијата пишува дека 55-годишниот писател од интернет симнувал детски порнографски материјал, а рекол дека материјалот го симнал бидејќи сакал да напише […]

Разрешен шефот на кабинет на Сали, барал раководители Албанци по болниците


Меритон Чивули, шефот на кабинет на актуелниот министер за здравство Беким Сали во понеделникот бил разрешен од функцијата, неофицијално дознава „Фокус“.Информациите ги потврдил и Сали, но официјално не ги кажал причините за разрешувањето. Пред неколку месеци „Фокус“  објави дека сега веќе поранешниот шеф на кабинет на дел од директорите на болниците им праќал списоци со […]