Ковачевски во Берлин: Дојде време да се испорачаат суштински постигнувања


Самитот за Берлински процес е историски затоа што доаѓа во време на продолжена криза и од истиот се очекува да произлезат конкретни чекори кои ќе ја зајакнат регионалната соработка во сите сфери, со што уште повеќе се зголемува неговата важност. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски, денеска на сесијата за Регионална соработка и заеднички регионални […]

На Правниот факултет повеќе нема да се учи англиски јазик


На Правниот факултет во Скопје најверојатно нема да се учи англиски јазик и англиска правна терминологија. Ова на Наставно-научниот совет го соопштил деканот на факултетот, објаснувајќи ја новата студиска програма на Правните студии. Професорот Тони Дескоски на Фејсбук извести за ова непријатно изненадување. „Проверив, на Правните факултети во Белград, Загреб и Љубљана, трите во првите […]

Акциска контрола во Битола, одземено злато без соодветен жиг


Во средата, од 11.30 до 15.00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола во координација со Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, како и Секторот за економски криминал и корупција при МВР спроведоа акциска контрола врз 14 правни субјекти кои се занимаваат со продажба, […]

Наредната година 350 до 400 милиони евра за изградба и реконструкција на патната инфраструктура во земјава


  За наредната 2023 година имаме најголем буџет за патна инфраструктура и нашите очекувања се дека заедно со ЈП за државни патишта ќе инвестираме помеѓу 350 и 400 милиони евра што ќе биде историски највисоко ниво за изградба и реконструкција на патна инфраструктура, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на отворањето на „Вториот […]

МВР направи претрес и одзело предмети од домот на Никола Николовски


 Со лицето кое синоќа беше приведено поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во неколку средни училишта е извршен распит и претрес во неговиот дом.   – Со лицето е извршен службен разговор, во координација со Јавното обвинителство извршен е претрес во дом, одземени се предмети за вештачење и се преземаат […]

Во Швајцарија инфлацијата падна на три отсто – поевтиниja горивото и новитe автомобили


Додека во цела Европа е забележана рекордна инфлација, во Швајцарија е регистриран пад, па во октомври инфлацијата достигна три отсто, објави денеска швајцарскиот завод за статистика. Во август, инфлацијата во Швајцарија го достигна врвот од 3,5 отсто, што беше највисоко ниво во последните 30 години. Поскапувањата првенствено се однесуваат на увезените стоки, чии цени се повисоки […]

За земјоделството предвидени рекордни 9 милијарди денари во Буџетот за 2023 година


  Со новиот државен Буџет за 2023 година во земјоделството се проектирани скоро девет милијарди денари. Според ресорниот министер Љупчо Николовски, ова е рекорден и до сега најголем Буџет во земјоделството. -Со новиот Буџет за 2023 година обезбедуваме близу 9 милијарди денари, средства наменети за земјоделците. Преку овој Буџет почнуваме со целосна имплементација на најголемата земјоделска […]

Македонски државјанин приведен во Бугарија за шверц на мигранти


Регионалното јавно обвинителство од бугарскиот град Бургас им одреди мерка притвор во траење од 72 часа на државјани на Северна Македонија и на Романија, под сомнеж за организирање на илегален транспорт на мигранти од Авганистан. Како што соопшти Обвинителството, двајцата странски државјани се товарат дека незаконски им помагале на лица со авганистанско потекло да престојуваат […]

Шолц: Време е да се надминат регионалните конфликти во Западен Балкан


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Берлин им порача на земјите од Западниот Балкан  дека е „крајно време да ги надминат регионалните конфликти“, особено во моментот на бруталната војна на Русија против Украина. Според него, сите земји од Западен Балкан се дел од слободна и демократска Европа и заедничка работа на Европската унија и регионот […]

Премиерот Ковачевски пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин


 Премиерот Димитар Ковачевски во Берлин беше пречекан од германскиот канцелар, Олаф Шолц. Ковачевски, заедно со шефовите на Владите од земјите од Западен Балкан, како и високи претставници на Влади од земјите на ЕУ и Обединетото Кралство, денеска присуствува на официјалното започнување на Самитот за Берлински процес. Првиот Самит за Западен Балкан се одржа исто така […]

Муцунски бара МВР да се извини што води истрага за бомбите


  Градоначалникот на општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, реагира на вчерашното приведување на Никола Николовски во врска со дојавите за бомби во средните училишта во Скопје тврдејќи  дека се нашол на мета зошто е успешен и слободоумен, иако самиот потврдува дека пораката за бомбите стигнала од неговиот мејл. „Синоќешното приведување на Никола […]

МСУ – Скопје иницира еколошки проект кон зачувување на здравата животна средина


Музејот на современата уметност – Скопје започнува со реализaција на проектот  „Пејзаж на вознемиреност“ (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени). Реализацијата на проектот започнува утре на 4 ноември со работилница во Велес. Проектот се однесува на климатските состојби и еколошки предизвици, кои генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење на биодиверзитетот, […]

ВМРО-ДПМНЕ објави директори на училишта што не пријавиле имот


ВМРО-ДПМНЕ почна да објавува имиња на директори на скопски училишта кои не пријавиле анкетни листови тврдејќи дека тоа го избегнуваат бидејќи кријат имот.  -Нема јавно објавени анкетни листови и пријавен имот Силвана Кржовска, директорка на СУГС Јосип Броз Тито која доаѓа од партијата на власт ДОМ, Митко Димовски, директор на СУГС Орце Николов, Горанчо Николовски […]

Во Австрија вакцинирале со погрешни дози вакцини против корона вирус


Неправилна етикета на картон во Австрија предизвика збунетост кај лекарите, поради што беа дадени погрешни дози на вакцини против корона вирусот.  Во пакетот вакцини на Фајзер пишувало дека се вакцини прилагодени на новиот сој BA.4 и BA.5, но се дози за стариот сој BA.1, јави јавниот сервис ОРФ.  Колку такви дози биле инјектирани засега е […]

Антонија Гиговска блесна во креација на ЗЕРО потпишана од Огнен Анѓушев


Младата пејачка сензација Антонија Гиговска блесна во луксузна, светло сина креација со дијамантски сјај од модната куќа ЗЕРО, потпишана од модниот дизајнер Огнен Анѓушев. Убавината и природната харизма на Антонија одлично се надополнија со смелиот италијански шарм и префинетата елеганција на вечерниот фустан, кој ја постави нашата млада ѕвезда во центарот на вниманието на прославата […]

Мицотакис ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во Берлин


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во Берлин, а според медиумите во Грција, се очекува да ја истакне протагонистичката улога на земјата и како столб на стабилност во регионот, но и како клучна сила за енергетска безбедност на Балканот и во Југоисточна Европа, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Постапката за признавање странски дипломи ќе биде по електронски пат


Постапката за признавање странски дипломи и образовни квалификации од утре, 4 ноември, ќе се реализира само по електронски пат. Поднесување барање за нострификација/еквиваленција на образовни квалификации стекнати надвор од Република Северна Македонија, заедно со сите неопходни документи согласно со правните прописи, како и електронско плаќање, ќе се прави преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk. -Изработениот позадински софтвер овозможува електронско […]

Средношколци не одат во училиште, пуштен приведениот за заканите со бомби


Откако три пати досега се случи закана со поставени бомби во десетина скопски средни училишта, кои се покажаа како лажни, во една скопска гимназија утрово учениците се вратија дома, затоа што самоиницијативно се организирале, од страв за својата безбедност, да не посетуваат настава. Ова се случува на тромесечие, кога секојдневно се врши тестирање на стекнатото […]

Надал по елиминацијата во Париз: Ќе се обидам да се подготвам добро за завршниот турнир сезонава


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги сподели своите очекувања за финалниот АТП турнир. – Ако се чувствувам нормално, ќе настапам. Ќе стигнам малку порано од вообичаено, ќе вежбам. Ќе си дадам можност да уживам на завршниот АТП турнир. Никогаш не знаеш кога ќе ти биде последен турнир, особено на мои години. Па сега треба да уживам. […]

Инфлацијата во Турција зголемена на 85,51 отсто во октомври


  Годишната стапка на инфлација во Турција се искачи на 85,51 отсто во октомври. Тоа е највисоко ниво од 1997 година, покажаа официјалните податоци објавени денеска. Потрошувачките цени се зголемија од 83,45 отсто во септември, продлабочувајќи ја кризата за трошоците на животот во државата.