За десетина дена во владина процедура ќе биде новиот Закон за вештачење


За десетина дена во владина процедура ќе биде новиот Закон за вештачење, кој подолго време се подготвува, најави денеска министерот за правда Никола Тупанчески, посочувајќи го како добра алатка и излезно решение за сите недостатоци и дефекти кои што во моментот се случуваат, а се поврзани со таа сфера. Тупанчески, во изјава за медиумите по […]

Сојуз на средношколци: МВР брзо да ги расчисти случаите, заканите мора да бидат сериозно сфатени


Министерството за внатрешни работи максимално да се посвети на потрагата по чиновниците и брзо разрешување на ситуацијата, за повторно да може да имаме непречена и безбедна настава. Овие закани мора да бидат сфатени сериозно имајќи ја предвид  безбедносната состојба во земјата и светот, апелира Сојузот на средношколци откако втор ден по ред имаше пријави за […]

Поскапува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98


 Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денара од ноќеска на полноќ и литар ќе чини 90 денари.  Не се менуваат малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, одлучи денеска Регулаторната комисија за енерегетика и водни услуги. Литар ЕУРОСУПЕР БС […]

Личниот сон на Александар Николоски бил брза пруга меѓу Скопје и Солун


  Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски има сон Европа да преземе иницијатива и да помогне Скопје и Солун да се поврзат со брза пруга. Николоски, кој учествува на серијата настани во Брисел организирани од тинк-тенкот „Пријатели на Европа“, посветени на европската иднина, во своето обраќање најмногу зборуваше за инфраструктурни поврзување. „На пример, мојот личен сон, […]

Концертот на Божо Вреќо во Филхармонија е откажан


Компанијата „Чујте и почујте“ ја известува  публиката дека концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 1 ноември 2022 година во Филхармонијата во Скопје, е откажан поради технички причини. Организаторот изразува жалење за откажувањето на настанот и ги повикува сите кои веќе купиле билет да се обратат до продажното место каде што ќе […]

Првиот настап на „Добри гости“ – серија книжевни гостувања низ земјата утре во Штип


Со гостување во Штип, издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје утре ќе го започне проектот „Добри гости“ преку кој ќе иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори и во соработка со локални чинители.   Настанот ќе се одржи во Домот на култура „Ацо Шопов“ […]

Од 2035 година ЕУ ќе престане со продажбата на нови возила со внатрешно согорување


  Советот на Европската Унија и Европскиот парламент синоќа постигнаа договор за закон со кој се предвидува крај на продажбата на нови автомобили  и возила со мотор со внатрешно согорување, т.е. бензин и дизел, од 2035 година. – Овој договор го отвора патот за современа и конкурентна автомобилска индустрија во ЕУ. Светот се менува и […]

Илија Аџиевски со своите вешти раце ги продухови портретите на плејада познати личности: Ретроспективна изложба која мора да се види (галерија)


Портрети на неговите пријатели, духовно блиски личности, сограѓани со кои се познавал и го делел задоволството и креативниот занес во создавањето на уметнички творби. Меѓу нив и други ликовни уметници, поети, филозофи, писатели, естетичари, историчари на уметност или сродни по продуховеност пријатели. Со своите вешти раце, вдахновен од Мештровиќ, и ликовната естетика на Антун Аугустинчиќ […]

Основниот кривичен суд Скопје доби уште една целосно опремена судница со ИКТ опрема


Основниот кривичен суд Скопје доби уште една целосно опремена судница со ИКТ опрема, со што заврши проектот за опремување на пет судници во различни основни судови низ државата со дигитални алатки со кои се подобрува транспарентноста и ефикасноста во работата на судовите. Во рамки на оперативниот план за дигитализација на правосудството, со поддршка на Мисијата […]

Амбулантата Бит пазар и околината утре и задутре без вода


Поради уличен дефект на цевка со пречник од 600 милиметри на булеварот „Крсте Мисирков” пред амбуланта Бит пазар -Скопје утре и задутре од 10:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од амбуланта, зградата на Вардар Мебел, а намален притисок ќе имаат корисниците на дел од булеварот „Крсте Мисирков”. Како што информираат од ЈП „Водовод и […]

Канје Вест изгубил 2 милијарди долари во еден ден поради антисемитските коментари


  Канје Вест вели дека загубил 2 милијарди долари за еден ден оваа недела, откако изгубил неколку големи партнерства поради неговите антисемитски коментари. Во четвртокот, раперот, познат и како Је, објави порака до Ари Емануел, извршниот директор на забавната и медиумската агенција Endeavor, кој ги повика компаниите да престанат да работат со раперот поради неговата […]

Македонски производители претставени на економска конференција во Будва


Повеќе од дваесет македонски производители од прехранбената индустрија во изминатите два дена ги претставија своите производи на „Македонскиот корнер“ во рамки на економската конференција во Будва организирана од Стопанската комора на Црна Гора. Македонските компании имаа можност да остварат средби со претставници на најголемите синџири на маркети во Црна Гора, како и дистрибутери и претставници […]

Се санира оштетениот плочник на улица „Македонија“


Екипите на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје по налог на Град Скопје деновиве интензивно работат на санација на плочникот на улица „Македонија“ на потегот од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до крстосницата со улица „Даме Груев“ во центарот на градот. Како што информираат од Град Скопје, на овој потег на улицата „Македонија“ се врши […]

СИРИЗА и ПАСОК реагираат за одлуката германските тенкови да се испратат на Еврос, а не на островите


 Грчките опозициски партии СИРИЗА и ПАСОК- Движење на промена реагираат за изјавата на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис дека оклопните возила Мардер кои земјата ги доби од Германија во замена за старите ΒΜΡ-1 што ги испрати во Украина, ќе се упатат на Еврос, а не на островите, јави дописничката на МИА од Атина. Од СИРИЗА […]

Ковачевски за починатиот Глигоров: Неговите анализи се патоказ за економските политики


  Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, испрати сочувство до семејството на Владимир Глигоров. Познатиот економист и политиколог почина ненадејно синоќа во Виена на 78-годишна возраст. Владимир Глигоров е син на првиот македонски претседател Киро Глигоров. „Д-р Глигоров беше познат политиколог и економист чии што истражувања имаа придонес во политиките на државите во регионот. Неговите анализи во […]

Османи: Натпреварот со отворање на клубовите овде и во Бугарија не е во интерес на добрососедството


  Шефот на дипломатијата Бујар Османи најави дека нема да оди на отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград од истите причини поради кои не отишол и на отворањето  на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. „Нема да одам поради истите причини поради кои не отидов на отворањето на клубот во Охрид, бидејќи ниту едниот ниту […]

Средношколци од „Васил Антевски – Дрен“ вршеа едукација во јавниот превоз


Под мотото „Патуваме заедно, учиме одговорност, сигурна безбедност“, триесетина ученици од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ во текот на вчерашниот ден се возеа на повеќе линии од јавниот превоз и им помагаа на старите и изнемоштени лица и на мајките со мали деца при користење на превозот. Ова беше само дел од акцијата по иницијатива […]

Кинеските власти им се јавуваат на невестите и ги наговараат да затруднат


Интернетската објава на новопечена невеста во Кина, која локалната власт ја контактирала со прашање дали е трудна, собра десетици илјади коментари пред да биде тргната, а многу корисници на интернет рекоа дека добиле слични повици. Распаравата на интернет следеше откако претседателот Си Цинпинг минатата недела на 20 конгрес на Комунистичката партија рече дека кина ќе […]

Министерот Сали ќе го посети вакциналиот пункт во Центарот за јавно здравје-Скопје


Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе го посети вакциналниот пункт во Центарот за јавно здравје Скопје (амбуланта Пролет), каде се одвива имунизацијата против сезонски грип. На 19 октомври почна бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи население во центрите за јавно здравје низ државата и нивните подрачни единици по градовите. Како што соопшти […]

Дивите костени како средство во домаќинството и козметиката


Обичниот див костен е многу популарен за одгледување во паркови и градини во градовите. Но, пчеларите го садат и како плодородно дрво, бидејќи пчелите собираат нектар од неговите цветови. Најважно – дивиот костен не се јаде. Но, помага при респираторни проблеми, оти тој е антиинфламаторно средство и како таков се користи во медицината и фармацијата. […]