Три “Писма од Македонија” во Истанбул – Денови на македонската литература во Турција


Со претставување на македонскиот писател Томислав Османли  вчера вечер завршија книжевните вечери “Писма од Македонија” во Истанбул. Во рамките на трите одлично посетени денови на литературата на Македонија што се оджаа од 25 до 27 октомври во Македонскиот културен центар во Истанбул, Турција на 25 октомври беше претставен писателот Ким Мехмети, наредниот ден нашата поетеса […]

Еден мртов и четворица ранети во напад со нож во супермаркет крај Милано


Едно лице загина, а најмалку четири други се повредени, од кои дел и потешко, во напад со нож во супермаркет во Милано, во северна Италија, наведуваат локалните медиуми. Полицијата уапси 46-годишен Италијанец, кој е осомничен за нападот, јавува агенцијата ЛаПрес. Нападот се случил во супермаркетот „Карфур“ во близина на Милано, на северот на Италија. Едно […]

Mурињо: Среќен сум поради победата над ХЈК


Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е задоволен од изданието на неговиот тим на синоќешниот натпреварот од Лига Европа против ХЈК. Римјаните победија со 2:1 и си ги зачуваа шансите за пласман во плејофот. – Дали сум задоволен. Да. Пред натпреварот знаевме како заврши средбата Бетис – Лудогорец, па секој резултат го оставаше отворено прашањето за […]

МААЕ ќе спроведе независна проверка на руските обвинувања за „валкана бомба“


  На официјално барање од Киев Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) неделава  ќе посети две украински локации  за да ги проверат обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина ги брише доказите за подготовката на „валкана бомба“. -Инспекторите ќе спроведат независна проверка… за да откријат какво било отстранување на нуклеарен материјал, изјави генералниот директор […]

Амбасадорите во ОН со критика до Русија: Уште колку треба да ги трпиме овие глупости и да губиме време во СБ на ОН


  САД и нивните сојузници вчера ја критикуваа Русија дека „му го губење времето“ на Советот за безбедност на ОН со ширење заговори и повторување на обвинувањата дека САД имаат „воени биолошки програми“ во Украина. -Уште колку треба да ги трпиме овие глупости?, запраша британската амбасадорка во ОН, Барбара Вудворд. Русија претходно во Советот за […]

Маск официјално стана сопственик на Твитер, веднаш отпушти неколку менаџери


Американскиот милијардер Илон Маск и официјално стана сопственик на социјалната мрежа Твитер, по неколкумесечни преговори со акционерите. Откако ја презеде компанијата, Маск отпушти неколку менаџери во компанијата и најави дополнителни отпуштања, пренесува Ројтерс. Меѓу отпуштените се извршниот директор на Твитер Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сегал и шефот за правни прашања и политика Виџај Гаде. […]

Зеленски: За два дена соборивме 23 дрона, руските напади нема да ни го скршат духот


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно ноќно обраќање до нацијата соопшти дека во изминатите два дена украинските сили соборила 23 беспилотни летала, додавајќи дека масовните руски напади врз електраните нема да го скршат духот на Украина. -Гранатирањето нема да не скрши. Слушањето на националната химна на непријателот на нашата земја е пострашно од […]

Бугарскиот премиер Донев доаѓа на почетокот на изградбата на железничкиот коридор Куманово – Бељаковце – Крива Паланка


  Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Галаб Донев, во сабота ќе дојде во Република Северна Македонија, на покана на неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски, за да учествува на церемонијата по повод почетокот на изградбата на источниот дел на железничкиот Коридор VIII, делница Куманово – Бељаковце – Крива Паланка, соопшти прес-центарот на бугарската влада. Како […]

Бајден е скептичен за изјавата на Путин дека нема намера да употреби нуклеарно оружје во Украина


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изрази скептицизам за изјавите на рускиот претседател Владимир Путин дека нема намера да употреби нуклеарно оружје во Украина. -Ако нема намера зошто постојано зборува за тоа? Зошто зборува за можноста за користење тактичко нуклеарно оружје? Тој беше многу опасен во начинот на кој му пристапи, рече Бајден во интервју за […]

Османи: Треба да се провери кој стои зад македонскиот клуб во Благоевград


  Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, за БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград, но и во Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Османи, тоа треба да се провери, внимавајќи на чувствителноста на билатералните односи и да […]

Нов почеток за патување со воз до Бугарија


  Ако ги изградиме првите две делници (Куманово – Бељаковце и Бељаковце – Крива Паланка) од железницата кон Бугарија во 2025 година преку неа би се транспортирале 6 421 тони на ден, а со целосната изградба и на третата делница, од Крива Паланка до бугарската граница, во 2046 година се проектира транспорт на 22 876 […]

Северна Кореја лансирала две балистички ракети со краток дострел


Северна Кореја од нејзиниот источен брег истрела две балистички ракети со краток дострел, соопштија денеска јужнокорејски воени претставници. Британските медиуми пренесуваат дека ракетите се истрелани од областа Тонгчеон, во провинцијата Гангвон, на источниот брег на Северна Кореја, само четири дена откако Пјонгјанг и Сеул разменија предупредувачки истрели од западниот брег поради зголемените тензии. „Нашата армија […]

Продолжува расправата за изборот на Пенов за министер за локална самоуправа


  Во Собранието денеска треба да продолжи 88. седница на која ќе се расправа за изборот на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа и за изборот на уставните судии. Предлогот Пенов да биде министер за локална самоуправа доаѓа откако неговиот сопартиец и претходник Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини. Премиерот Димитар […]

„Секој куршум има мета“ – настан за подигнување на свеста за опасностите од употреба на оружје


Министерството за внатрешни работи и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Општина Липково денеска го организираат настанот „Секој куршум има мета“ во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носење и злоупотреба на мало и лесно оружје. Настанот ќе се одржи во спортската сала на […]

Почна мониторингот на дива коза во Националниот парк „Галичица, првично регистрирана една единка


  Два тима на Националниот парк „Галичица“ и Македонското еколошко друштво реализираа активност за следење на диви кози (Rupicapra rupicapra balcanica) на територија на националниот парк. Климент Нанев, соработник за живеалишта и видови во НП „Галичица“, информира дека на теренските активности биле воспоставени трансекти, точки за набљудување, но и дека била забележана само една дива […]

Промоција на зборникот на научни трудови Архиви на невидливите: „Македонка – Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија


  Во Музејот на Република Северна Македонија–Скопје денеска ќе се одржи промотивен настан со фокус на сеопфатно истражување на првото македонско женско списание „Македонка – Орган на АФЖ“, во организација на Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК), во партнерство со Музејот на Република Северна Македонија и Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво […]

Комеморација по повод смртта на Марин Бабиќ


  Драмски театар Скопје денеска ќе одржи комеморација по повод смртта на актерот Марин Бабиќ. Комеморацијата ќе започне во 12:00 часот. Доајенот на македонското глумиште Марин Бабиќ почина на 16 октомври во Скопје, на возраст од 74 години. Драмски театар беше негова матична куќа во која го помина целиот работен век.

Сончево и топло, температура до 24 степени


  Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени. Во Скопје, слично време со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а […]

Висока мода во Токио: Манчевски меѓу дами со стил


Македонските актерки Ана Стојановска и Сара Климоска блеснаа со модерниот стил на црвениот килим на 35.Меѓународен филмски фестивал во Токио, по повод светската премиера на филмот Кајмак во режија на Милчо Манчевски. На Ана Стојановска  стилист и беше Катарина Ивановска и носеше потпетици Stuart Weitzman, палто Markov, панталони Maison Margiela, и чанта Aleksandar Mcqueen. Сара […]

Путин изјави дека Русија нема да употреби нуклеарно оружје во Украина


  МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот негираше дека има какви било намери за употреба на нуклеарно оружје во Украина, но го опиша тамошниот конфликт како дел од наводните напори на Западот да ја обезбеди својата глобална доминација, за која тој инсистираше дека е осудена на неуспех. Говорејќи на конференцијата на меѓународни експерти […]