Сончево и топло, температура до 24 степени


 

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје, слично време со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.

И во следните денови продолжува периодот на стабилно и претежно сончево време. Утринската температура за време на викендот наместа ќе се спушта под нулата.