Ковачевски за починатиот Глигоров: Неговите анализи се патоказ за економските политики


 

Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, испрати сочувство до семејството на Владимир Глигоров. Познатиот економист и политиколог почина ненадејно синоќа во Виена на 78-годишна возраст. Владимир Глигоров е син на првиот македонски претседател Киро Глигоров.

„Д-р Глигоров беше познат политиколог и економист чии што истражувања имаа придонес во политиките на државите во регионот. Неговите анализи во делот на макроекономијата, финансии како и економскиот раст на земјите во транзиција, и натаму ќе бидат користени како патоказ при креирање на економските политики“, напиша Ковачевски.