Нобеловата награда за хемија за тројца научници за работа во областа на клик хемијата


Нобеловата награда за хемија денеска им беше доделена на научниците Каролин Бертоци, Бери Шарплес и Мортен Мелдал „за развој на клик хемијата и биоортогонална хемија“, соопшти Кралската шведска академија. Шарплес (81), американски научник од Институтот Скрипс, по вторпат е награден со престижната награда. Американскиот научник е петтиот човек кој двапати ја добил Нобеловата награда. Шарплес […]

Активистите за бездомни животни се жалат дека АХВ не работи, а ги опструира


По повод барањето на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ветеринарите да не третираат кучиња без доказ за нивното потекло, реагираше граѓанската организација Бездомни животни без граници, нарекувајќи ја лицемерна и  игнорантна  решителноста да се саботира секој труд од страна на граѓаните, активистите и здруженијата поврзан со намалување на популацијата на бездомни животни.  – Со […]

Фотоволтаици да се прави паралелно со обезбедување на потребни дозволи


Состојбата во која се наоѓаат бизнисите е исклучително предизвикувачка и неопходно е итно и неодложно да се обезбедат соодветни, таргетирани и реални мерки за поддршка, истакнува Сојузот на стопански комори на Македонија. Енергетската криза задава тежок удар на стопанството, a ценовниот притисок што го предизвикуваат рекордните вредности на електричната струја на берзите веќе почна да […]

Земјотрес од 3,5 степени ја погоди Албанија


Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Албанија, соопшти ЕМСЦ. Според извештаите, земјотресот е регистриран во 11.47 часот по локално време. Земјотресот е регистриран на околу 10 километри северно од Тирана, додаде ЕМСЦ. Засега нема информации за материјална штета или повредени.

Формирано советодавното тело за контроверзни историски имиња


Во Владата се  одржа првата конститутивна седница на советодавното тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице.    За претседавач на телото, членовите едногласно го избраа Бобан Петровски од Институтот за историја при Филозофскиот факултет, а за заменик-претседавач Билјана Мицковска од […]

За фотоволтаици на земја да се внимава на имотно-правните односи и на урбанизацијата


Откако во Собранието ќе бидат изгласани измените на Законот за градење граѓаните веднаш ќе можат со новата и брза постапка да поставуваат фотоволтаци на своите објекти, на објектите за станбено домување и на деловните објекти без да чекаат некакви процедури во општините со документацијата, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Измените што […]

Прегазен пешак на булевар во Скопје, возачот избегал


Пешак е прегазен во Скопје, а возачот на возилото избегал од местото на несреќата.  На 04.10.2022 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во пешакот А.А.(36) од Скопје и го напуштило местото на несреќата, информираше полицијата. Пешакот се здобил со тешки телесни […]

Повредени две патнички откако возач на автобус од ЈСП нагло закочил


Возач на автобус од ЈСП нагло закочил и удрил во електронска рамка, при што повредени се две патнички во автобусот. Од Министерството за внатрешни работи, информираат за деталите околу случајот. -На 04.10.2022 во 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Скопје, И.М.(42) од с.Чифлик, скопско, управувајќи автобус на ЈСП нагло […]

Нуклеарната централа Запорожје ќе работи под руски надзор


 Нуклеарната централа Запорожје ќе работи под раководство на надлежните ресори на Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин. Тој додаде дека прашањата за безбедното работење на електраната ќе бидат разгледани за време на посетата на Москва на генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. – Нуклеарната централа […]

Се подготвува тендер за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, ќе се обновува постојниот пат


 За  автопатот Скопје – Блаце претстои тендер за избор на изведувач на втората делница, а ресорниот министер Благој Бочварски очекува активности на терен наредната година доколку биде успешна тендерската постапка. Се работи на првиот дел од автопатот, а за постојниот пат Скопје-Блаце е избран изведувач за обнова поради лошата состојба. -Во однос на автопатот Блаце […]

Гир во Кавадарци појасни кои фондови се отворени за општината


Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир денеска е гостин во Кавадарци. Тој оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев а ќе се сретне и со општинскиот совет, невладини организации и граѓани. -Денеска во посета на Општина Кавадарци е амбасадорот на Европската унија г-дин Дејвид Гир. Покрај средбата со градоначалникот Митко Јанчев, […]

Два тима средношколци од Орце Николов, Зеф Љуш Марку и Корчагин заеднички на тронот на годинашниов NASA Space Apps Challenge во Македонија


Познати се победниците на NASA Space Apps Challenge 2022 националното супер финале од 48-часовниот хакатон NASA Space Apps Challenge 2022 кое се одржа вчера попладне. Во конкуренција на 5 тимови избрани за финалисти, за првпат во 10 годишното постоење на овој настан кај нас, 5-членото жири едногласно одлучи да избере два тима како прво пласирани. […]

Шах: Новата голема ѕвезда, Ханс Ниман, мамел во најмалку 100 меча


  Последната бомба во скандалот што го потресе шаховскиот свет до темел падна во вторникот кога истрагата за партиите на Ханс Ниман откри дека американскиот велемајстор мамел многу почесто отколку што претходно беше обелоденето. Извештајот од 72 страници, спроведен од Chess.com и првично разгледан од „Волстрит џорнал“покажа дека Ниман „најверојатно добил нелегална помош во повеќе […]

Филмските студија на Џон Малкович ќе се градат во Карпош


Министерството за транспорт и врски првично ги разгледало документите за проектот за изградба на филмски студија  во Општина Карпош и во текот на денов или утре ќе ја информира Владата за утврдената состојба. Ќе има координација и со општината за да се утврди јасна слика за состојбата на терен во однос на евентуални кориснички права. […]

„Пари“: И тоа го има – четворица извршители биле во минус


  Додека некои од нивните колеги прават годишни профити од над 100.000 евра, или повеќе десетици илјади евра, четворица извршители минатата година ја завршиле во минус. Станува збор за Александра Заринска-Дуровска, Роза Родиќ, Горан Манојлов и Игор Антевски. Комората на извршители веќе крена тревога дека има извршители, особено во малите места, на кои не им се […]

Ќе има пари и за исплата на пензии и за плати


 Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели граѓаните да бидат спокојни, бидејќи, пари ќе има и за исплата на пензии и за плати, посочувајќи притоа дека средства за исплата на пензии, плати и надоместоци за социјална и детска заштита се предвидени во Буџетот.  -Пензионерите ги добија септемвриските пензии, зголемени за 6.8 отсто и […]

„Депеш Мод“ ги најавува првиот албум и турнеја по смртта на Енди Флечер


  Англија– Depeche Mode ќе се вратат следната година со нов албум „Memento Mori“ и придружна турнеја низ Северна Америка и Европа. Објавата доаѓа само неколку месеци откако ко-основачот на групата и клавијатурист Енди Флечер почина на 60 години во мај. Албумот ќе биде 15-то студиско издание на Depeche Mode (нивно прво како дуо) и […]

Јавниот долг на Србија на крајот во август изнесуваше 53,4 отсто од БДП


  Јавниот долг на Србија на крајот на август 2022 година изнесува 32,24 милијарди евра или 53,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП), покажуваат денешните податоци на Министерството за финансии. Јавниот долг е номинално повисок за 790 милиони евра во однос на претходниот месец, кога изнесуваше 31,45 милијарди евра, а учеството во БДП е зголемено […]

Челниците на сепаратистите признаваат дека Украина е во противнапад: „Русите се прегрупираат“


  Повеќе челници на проруските сепаратисти од окупираните делови на Украина наведуваат дека руските сили се обидуваат да ги сопрат украинските противнапади. Владимир Рогов, еден од челниците на сепаратистите во окупираниот регион Запорожје, за руската режимска агенција РИА вели дека „ситуацијата на бојното поле е напната“, додавајќи дека „украинскиот противнапад продолжува“. Челникот на Херсон призна […]

Путин ги потпиша законите за анексија на териториите од Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша федералните закони за ратификување на „договорите за прием во Руската Федерација“ на самопрогласените ДПР и ЛПР, како и на окупираните региони Херсон и Запорожје во Украина. Путин, исто така, потпиша федерални уставни закони за „прием во Руската Федерација“ на четири нови субјекти. Претседателот, исто така, потпиша декрети за […]