Драган Бјелогрлиќ прогласен за почесен професор на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима – Скопје


Српскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ денеска беше прогласен за почесен професор на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима – Скопје, а воедно му беше и врачена наградата EUROPA PRIMA 2022 од Фестивалот на Југоисточна Европа – SEE FILM FESTIVAL Paris-Berlin Washington. Во рамки на првиот академски час на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима – Скопје, студентите […]

500 ученици од Македонија и од шест европски земји на 10. „Џифони Македонија“


 Повеќе од 500 ученици од Македонија и од шест европски земји ќе гледаат филмови, ќе дискутираат, ќе следат креативни работилници, ќе се сретнат успешни уметници, ќе ги запознаат културата и традициите на своите другарчиња од странство од денеска до 10 октомври во Скопје на 10. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Фестивалот ќе биде отворен […]

Филхармонија гостува во Белград на 14 октомври – Отворен Балкан во областа на симфониската музика


  Србија – Белградската филхармонија најави гостување на Филхармонијата на Република Северна Македонија на 14 октомври во Белград, во Коларчевата задужбина од 20 часот, јави дописникот на МИА од Србија. Диригентот Габриел Бебешелеа ќе го предводи оркестарот во изведба на атрактивна програма, а љубителите на гитарата особено ќе уживаат во изведбата на виртуозот Рафаел Агире […]

Пелистер ќе добие авантуристички  парк


  БИТОЛА – Националниот парк „Пелистер“ ги отпочна работите за изградба на авантуристички парк на неговата територија. Паркот ќе се гради преку проект за прекугранична соработка на Македонија со Грција. Паркот ќе биде сместен на локација над вилата „Седум кладенци“ или меѓу народот попозната „Вилата на Лазо“, каде сега е сместен Инфо центарот на Националниот […]

Британски аналитичар: Започна колапсот на рускиот фронт на југот


Ед Арнолд, аналитичар во британскиот институт за безбедност и одбрана Royal United Services, во интервју за Sky News ги коментираше последните случувања на фронтот во Украина. Арнолд вели дека „Украина веќе ја постигнала својата примарна политичка цел“, односно дека „му покажала на Западот дека може да ја ослободи сопствената територија користејќи оружје испратено од западните […]

ЕПП притиска Бугарија и Романија да влезат во Шенген


Претседателот на групата на народните партии во Европскиот Парламент, Манфред Вебер, побара земјите членки на ЕУ да престанат да го блокираат влезот на Бугарија и на Романија во Шенген зоната. Оваа одлука, покрај влезот во еврозоната, се начини како Брисел ја држи под контрола Бугарија да не стане дел од  „нелибералните“ членки предводени од лидерот […]

ОПЕК ќе го намали призводството на нафта за два милиони барели дневно за да ја зголеми цената


  Министерскиот комитет за мониторинг на ОПЕК+ се согласи да го намали производството на нафта за два милиони барели дневно. Тоа го пренесува Ројтерс, повикувајќи се на три извори. На оваа позадина, цената на нафтата брент на лондонската берза почна да расте, искачувајќи се над 93 долари за барел. Состанокот на 24-те земји-производители на нафта […]

Истрагата за упадот на Рускоска во финансиската полиција продолжува


 ОЈО Скопје постапува по кривичната пријава за злоупотреба на службена должност од страна на Вилма Рускоска и други две обвинителки, по претресот извршен на 18 јули годинава во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО – ГОКК. Веќе се прибрани материјални докази и сослушан е подносителот на кривичната пријава, а во следните денови ќе […]

Путин го унапреди Кадиров


Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, од денеска има чин генерал-полковник. За ова лично го информирал рускиот претседател Владимир Путин, објави Кадиров на својот официјален канал на Телеграм. „Претседателот на Русија ми го додели чинот генерал-полковник и лично Владимир Владимирович ме информираше за тоа и ми честиташе. Исклучително сум благодарен на нашиот врховен командант што ги […]

Случајот МПМ се сели во скопското обвинителство


Случајот „МПМ“ на СЈО пред една недела пристигнал во скопското обвинителство, поради утврдена надлежност во ова обвинителство, објави „Фокус“. За овој предмет предистрагата и истрагата ја водеше обвинителката Лиле Стефанова, а осомничени се Срѓан Керим, поранешната директорка на МПМ, Јасна Станисављева и бизнисменот Орце Камчев. Неофицијално, тие се гонат за лажен стечај, злоупотреба на службената положба […]

Комисиска расправа за кандидатурата за уставен судија на Љубомир Јовески


 Во Собранието денеска продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која членовите дискутираат за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен за уставен судија од страна на владејачките партии. Претседателката на Комисија, Марија Георгиевска по неколку часа работа даде пауза. И на денешната седница, пратениците од опозициската […]

ЕУ се согласи за ограничување на цената на нафтата во новиот пакет санкции за Русија


  Амбасадорите на ЕУ постигнаа договор за нови санкции кои ќе ја погодат војната на Владимир Путин со Украина, вклучително и ограничување на цената на продажбата на руската нафта, според европските дипломати. Пакетот, кој е 8. рунда против Москва, беше предложен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен минатата недела, откако рускиот претседател […]

Бектеши ги доби „контактите“ за гас и мазут од ВМРО-ДПМНЕ


  Опозициските „контакти“ со западни фирми за снабдување со гас и мазут стигнаа во Владата. Нив ВМРО-ДПМНЕ му ги предал на министерот за економија Крешник Бектеши, брифираат од партијата. Според зборовите на партискиот претседател, Христијан Мицкоски, овие „контакти“, или фирми треба да бидат алатката со кои ќе се набавуваат поевтини енергенси. Мицкоски објави дека со […]

Нови 65 заразени со Ковид-19, починаа тројца


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 695 тестови, а регистрирани се 65 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 47, Битола – 4, Кавадарци- 3, Тетово, Велес и Кичево – по 2, Куманово, Охрид, Штип, Гевгелија и Берово – по 1. Од вкупниот број […]

Жан Митрев дал милион евра за да не оди во притвор


Со гаранција од милион евра Жан Митрев ќе се брани од слобода откако се појави како осомничен во истрагата која неодамна ја отвори скопското обвинителство за процедурите на лечење во неговата болница. Претходно на докторот му беше одземен и пасошот, по барање на обвинителството, а поради опасност од бегство. Пред два месеци од обвинителството информираа […]

Грковска-Ќехаја: Ефикасни антикорупциски политики, јакнење на интегритетот и транспарентноста се предизвици за регионот


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Косово во Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, со кого разговараше за предизвиците со кои се соочуваат двете земји, како и за можностите за заедничка соработка. Вицепремиерката Грковска му честиташе на амбасадорот Ќехаја за новата функција и […]

Германија: Америка ни продава гас по астрономски цени


  Германскиот министер за стопанство се пожали денеска на „астрономските“ цени кои ги бараат „пријателските“ земји на Германија, како САД, за снабдување со гас место руската испорака. „Некои земји, дури и пријателски, бараат астрономски цени“, рече Роберт Хабек, во разговор за покраинскиот дневник „Ное оснабрикер цајтунг“ во средата. „Тоа е проблем“, додава министерот повикувајќи на […]

Евтините ирански дронови ѝ помагаат на Русија да ја тероризира Одеса


  По неколкумесечни удари на бојните полиња на Украина од американски беспилотни летала и ракетни системи со поголем дострел, Русија возвраќа со нова нејзина – напаѓајќи го јужниот пристанишен град Одеса речиси секојдневно со крилести проектили од Иран. Тоа ги натера некои Украинци повторно да почнат да бегаат од Одеса за прв пат од пред […]

Астероидот што го погоди НАСА, сега има опашка


Астероид кој беше планиран да биде погоден од сондата Дарт на НАСА, остава траги што се протегаат на илјадници километри. Телескоп во Чиле снимил извонредна слика на „опашка“ зад астероидот слична на онаа што се гледа зад патеката на кометата. Сондата, како што ја програмираа научниците, минатата недела се судри со астероид за да тестира […]

Дизелот поскапе за два, екстра лесното масло за 2,5 денари


Се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 03.10.2022 година. Малопродажната цена на […]