„Пинк Флојд “ го продава каталогот за 500 милиони долари- дали политичките изјави на Роџер Вотерс ќе го уништат тоа? 


САД– Иако се уште не е официјално, легендарните британски рокери Пинк Флојд веќе неколку месеци го продаваат својот каталог за снимена музика и други средства, барајќи дури 500 милиони долари, според Фајненшл тајмс, од големи музички компании и инвестициски фирми како врвни понудувачи. Но, изворите велат дека  експлозивното ново интервју со основачкиот член, главниот текстописец […]

Првиот снег во Скопје може брзо да дојде


Ако може да им се верува на долгорочните прогнози тогаш оваа година нема да имаме некој поголем проблем со зимата. Предвидувањата отсега покажуваат дека барем до крајот на оваа година нема да имаме некои температури кои ќе бидат длабоко под нулата. Ќе има негативни температури главно во утринските и вечерните часови но во текот на […]

Инвеститорите на тркалезна маса со Битиќи, енергетиката и инфраструктурата во фокусот


  Енергетиката и инфраструктурата, поддршката на инвеститорите во слободните економски зони, пазарот на труд, како и царинските и даночните прашања, беа теми на тркалезната маса што ја организира Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија заедно со Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори и Американската стопанска комора АмЧам. Тркалезната […]

Лирман: Индустријализирана Германија ќе биде 100 отсто со зелена енергија, зошто да не може Македонија


  Државната министерка за Европа и за климатски промени, Ана Лирман,  престојува во Македонија за да ја поттурне зелената агенда во време кога цените на гасот, на јагленот и на струјата експлодираат и Македонија на сите страни бара помош за енергетската криза. Таа во кратко интервју за „Независен“ порача дека треба да се обезбеди правилна […]

Каја Гербер создаде колекција од 30 основни парчиња за „Зара“


  САД– Американскиот модел Каја Гербер ја следи нејзината мајка, супермоделот од 90-тите Синди Крафорд. Таа владее на модните писти, дизајнерите ја бркаат, стана амбасадорка на брендот YSL Beauty, а сега создаде своја модна колекција за Zara, пишува Harper’s Bazaar. Била инспирирана од модата од 90-тите, а кој знае, можеби идеите ги пронашла во плакарот […]

SLOWSCAPES 5 – изложба на одржлива и еколошка мода и дизајн


Најновото издание на изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes” што се одржа во Kултурно-социјалниот простор „Центар – Јадро“, даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина. Како што соопштуваат организаторите, беа претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто производ е […]

Нов тинејџерски ТВ серијал “Тин камп“ на МТВ


На 15 Октомври, на Националниот сервис МРТ 1, ќе започне со емитување новиот тинејџерски серијал „Тин камп“ (Тинејџерски камп) од продукцијата „Рифенштал“ која веќе три сезони го реализира музичко- забавниот детски серијал “Дајте Музика”. Поради големиот успех на детскиот серијал, дојде и идејата е да се направи тинејџерскиот серијал „Тин камп“  кој е спин-офф на […]

Костадиновска-Стојчевска на свеченоста по повод официјалното пристапување на  Македонија во Културните рути на Советот на Европа


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, попладнево на Крит учествува на Форумот на Културните рути на Советот на Европа, во чии рамки се одржува свечена церемонија во чест на новите членки – Северна Македонија, Либан и Албанија.  Годинашниот Форум ќе биде посветен на темата „Културни рути на Советот на Европа: Заштита на европските вредности, наследство и […]

Анџелина Џоли го тужи Бред Пит за насилство кон неа и децата


САД– Анџелина Џоли повторно поднесе тужба за насилство против нејзиниот поранешен сопруг, и колега – глумецот Бред Пит (58), во Лос Анџелес, САД. Во обвинението таа подробно го опишува она коешто нејзините адвокати го навеле како злоставување, а се случило во приватен авион пред шест години. Тоа, наводно довело до барање за развод од страна на […]

Управник на експозитура на „Пошта“ уништил архивски материјал


СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Л.(59) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,уништување или прикривање на необработен архивски материјал”. Пријавениот, управник на експозитура во АД „Пошта на Северна Македонија”, во текот на 2021 година самоволно придонел за уништување на документиран службен материјал […]

„Заедно можеме повеќе“, акција за донирање облека


Во периодот од 19 до 30 септември годинава Црвениот крст и компанијата „Алкалоид“ спроведоа акција за донирање облека, со цел помош на социјално загрозените семејства. Во десетина кутии за донирање, кои беа поставени на неколку собирни пунктови на трите локалитети на „Алкалоид“, беа собрани околу 1.900 килограми облека. -Собраната донирана облека е соодветно селектирана од волонтерите на Црвениот крст и ќе се проследи до крајните корисници. Ова […]

Почна исплатата за социјална и детска заштита


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември 2022 година. -Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно […]

Комерцијална банка го продолжи периодот за уплата на дневен промет на банкомат, без надомест


  Уплатата на дневен промет нека биде брза и бесплатна затоа што тоа ви го овозможува вашата Visa Business Debit картичка за правни лица од Комерцијална банка. Банката го продолжи промотивниот период до 31.12.2022 година во кој можете бесплатно да извршите уплата на дневен промет. Доколку вашиот микро или мал бизнис е особено динамичен, имате […]

Седница на владиниот Економски совет


Владата за денеска во 12 часот ја закажа седницата на Економскиот совет. Една од темите се очекува да бидат дополнителните антикризни мерки со кои би се ублажил ценовниот удар. Како што рече премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот, замрзнувањето на маржите функционира, но инпутите, енергенсите и суровините што ги добиваат производителите на основните прехранбени производи, ги влечат […]

Путин ги потпиша законите за приклучување на четирите украински региони кон Русија


 Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги потпиша законите со кои четирите украински региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје се приклучуваат на Русија.   Како што пренесуваат странските агенции, овој потег на претседателот на Русија ја финализира анексијата извршена спротивно на меѓународното право.   На почетокот на неделава двата дома на рускиот Парламент ги ратификуваа договорите […]

Татко ја задaвил двегодишната ќерка во Вршац, па се самоубил


Незапамтена трагедија се случила во Вршац, Србија кога таткото, триесет и петгодишниот Марко.Б. во вторникот попладне, ја удавил својата двегодишна ќерка, а потоа се обесил, објавија српските медиуми. Трагедијата се случила околу 14 часот и 20 минути во стан на улицата Војнички трг во Вршац. Истрагата е во тек, а мотивот се уште не е […]

Утрово најстудено во Берово и Лазарополе


Најниски температури под нулата утрово се измерени во Берово -2 и -1 во Лазарополе, лседат Попова Шапка со 0 степени, 2 во Крива Паланка, 3 Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија, Маврови Анови, Крушево, 4 Прилеп, Струмица, Штип, 5 Претор, Дебар, 6 Охрид, Виница, 7 Скопје-Зајчев Рид, 9 Гевгелија и 12 во Дојран. Времето денеска ќе […]

Европарламентот денеска ќе расправа по прашањето за проширување на Шенген-зоната


Франција– Европскиот парламент на денешната седница ќе расправа за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген-зоната, при што се очекува европратениците да побараат проширување на областа на слободно движење за да ги вклучи сите земји-членки на ЕУ што сакаат да бидат вклучени во неа. Освен Бугарија и Романија, во моментов надвор од Шенген се и […]

Вицепремиерот Маричиќ во работна посета на Стразбур


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, од денеска е во дводневна работна посета на Стразбур, по повод одржувањето на 20-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ. Вицепремиерот Маричиќ во Европскиот парламент ќе има свое обраќање по точката: „Размена на мислења со претставници на Владата на Република Северна […]

Форбс : 700.000 луѓе ја напуштиле Русија по повикот за мобилизација


  Русија –  Речиси милион Руси ја напуштија земјата во последните две недели откако рускиот претседател Владимир Путин ја објави својата наредба за делумна мобилизација. Според Форбс Русија, таква оценка за масовната емиграција дава извор од Кремљ. Друг извор на публикацијата, кој е запознаен со тајните анализи на претседателската администрација, тврди дека цифрата е 600-700 […]