На мобилен се разговара четири часа месечно


Во првиот квартал од годинава претплатниците во мобилната телефонија просечно во тек на еден месец иницирале 103,38 повици, а зборувале просечно 243,67 минути. Најголем дел од разговорите се остваруваат во сопствена мобилна мрежа и изнесува 157,74 минути (64,74 проценти). Сообраќајот кон други мобилни мрежи во државата е значително помал и изнесува 80,98 минути (33,23 проценти). […]

Либанскиот парламент не успеа да избере наследник на претседателот Мишел Аун


Либанскиот парламент денеска не успеа да избере нов шеф на државата, кој ќе го наследи актуелниот претседател Мишел Аун, на кого  мандатот му завршува на 31 октомври, пренесуваат британските меидуми. Претседателот на парламентот Набих Бери соопшти дека ќе свика нова седница откако ќе се постигне консензус за заеднички прифатлив кандидат. Повеќето од гласачките ливчиња на […]

Путин утре ќе ги анектира окупираните територии


  Владимир Путин утре, петок 30 септември, ќе потпише декрет за припојување на четири окупирани региони во Украина, соопшти Кремљ. Руската државна новинска агенција Тас се повикува на изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, дека церемонијата на потпишување договори за влегување во Руската Федерација ќе се одржи во петок во 15 часот по московско […]

САД: Договорот на Србија со Русија е изненадувачки и чекор во погрешна насока


  САД сметаат дека ниту една земја не треба да ја проширува соработката со Русија додека таа ја продолжува својата агресија врз Украина, објави американскиот Стејт департмент во врска со одлуката на Министерството за надворешни работи на Србија да потпише план за консултации со руското Министерство за следните две години, јави дописникот на МИА од […]

Почна собраниската седница за пратенички прашања


  Во Собранието претпладнево почна седницата на чиј дневен ред е точката за поставување пратенички прашања. На почетокот од седницата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски со процедурална забелешка го повика премиерот Димитар Ковачевски да ги опомене министрите во Владата, поради, како што кажа, „несериозниот однос бидејќи во моментот на седницата се присутни […]

Македонските Бугари бараат цела политичка елита да го осуди исвиркувањето на химната, а не само МНР


  Организациите на Бугарите бараат од ЕУ, ОБСЕ, Советотот на Европа да гледаат што се случува во Македонија, бидејќи во земјава има „демократски дефицит“ Претставници на 10 бугарски здруженија во Македонија го осудија она што се случи на 26 септември 2022 година во Скопје за време на фудбалскиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на двете земји. […]

Продадена зградата на мисијата на СФРЈ во Њујорк за 50 милиони долари, сукцесор е и Северна Македонија


  Една од најстарите њујоршки вили, која Југославија ја купила во 1946 година, продадена е за 50 милиони долари во готовина, потврди најголемата агенција за недвижности во САД, компанијата „Даглас Елиман“, соопшти американскиот весник „Волстрит џурнал“. Агенцијата објави дека ја продала вилата во Њујорк, инаку поранешна резиденција на југословенска мисија во Обединетите нации, на престижната […]

Познати добитниците на алтернативните Нобелови награди


Алтернативните Нобелови награди годинава отидоа кај активисти од Украина, Сомалија, Венецуела и Уганда. Наградата за правичен живот „Рајт лајвлихуд“ (Right Livelihood), меѓу другите, ја добија сомалиските активисти за човекови права, Фартуун Адан и Илвад Елман, потоа – украинската адвокатка Олександра Матвичук и Центарот за граѓански слободи (ЦЦЛ), венецуелскиот колектив за социјални услуги, „Секосесола“ и Африканскиот […]

ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за енергетика, бара Владата да го поддржи


  ВМРО-ДПМНЕ не е задоволно од мерките што ги презентираше премиерот Димитар Ковачевски за надвинување на енергетската криза и бара тие да се прошират. Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска достави барање до Собранието за одржување итна седница за предлог-законот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ кој се однесува на Законот за енергетика и бара Владата, а и […]

Лидерот на светскиот пазар IWG се проширува на Западен Балкан


  Осум милиони луѓе во повеќе од 120 земји веќе уживаат во хибриден начин на работа во модерни и технички опремени работни простори благодарение на IWG – и трендот не запира наскоро. Истражувањата покажуваат дека 63 отсто од најбрзорастечките компании веќе го препознале потенцијалот и го имплементирале овој современ модел на работа. Ова им користи […]

Порше се откажа од влез во Формула 1


  Германската автомобилска компанија Порше се откажа од идејата да учествува во Формула 1 како снабдувач на мотори. Првично, Порше сакаше да купи 50 проценти од Ред Бул. Сепак, преговорите не завршија успешно. Според „Auto-Motor-und-Sport“, Порше одлучи да не бара партнери за алтернативен договор и го ограничи својот план да се натпреварува во Формула 1 […]

Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“


ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2022“. Право на бесплатен превоз ќе имаат сите граѓани во период од 18 часот во сабота (1.10.2022 год) до 05 часот во недела (2.10.2022 год). Потсетуваме дека во функција се и ноќните линии, а возниот ред е […]

(Видео) Ловец на урагани објави снимка: „Ова ќе го памтам засекогаш“


  Ловец на урагани кој во авион влета во ураганот Ијан ја опиша бурата како најлоша во својот живот. Ник Андервуд беше во мисија за извидување со американската Национална океанска и атмосферска администрација (NOAA) за да ја процени опасноста која се заканува од една оајсилните бури која некогаш ги погодила САД. „Секогаш ќе го памтам […]

МФ апелира да се усвојат измените на Законот за игри на среќа


Собранието што побрзо да ги усвои измените на Законот за приредување игри на среќа со кои ќе се обезбеди 500 метри оддалеченост на обложувалниците од училиштата, апелираат од Министерството за финансии, на чиј предлог од јуни лани законот е во собраниска процедура и чека расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет. – Измените и […]

Со септемвриската пензија пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти


,Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8%, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. Новата Методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата на сите вработени во […]

Уште едно истекување на гас од Северен поток 2


 Шведската крајбрежна стража лоцира четврто истекување на гас од Северен поток 2. Истекувањето е во близина на големата дупка пронајдена на блискиот гасовод Северен поток 1. – Две од четирите истекувања се во ексклузивната економска зона на Шведска. Другите две истекувања на гас се во данската ексклузивна економска зона, изјави портпаролката на шведската крајбрежна стража […]

Дијамантите повторно поштедени од европските санкции врз Русија


Осмиот пакет санкции на ЕУ против Русија содржи повеќе скапоцени метали, но не и дијамантите, клучна индустрија за Белгија. Европската Комисија вчера го презентираше последниот предлог за нови рестрикции врз Русија. Меѓу нив ограничување на цената на руската нафта што се извезува во трети земји кои немаат санкции против Москва, но и низа материјали, супстанци […]

Младите бегаат од Бугарија: „Овде е хаос“


  Празни ходници и само осум новороденчиња во креветчињата. Одделот за породување во бугарскиот град Габрово зборува сѐ што треба да знаете за драстичниот пад на наталитетот во Бугарија. „Овде не останаа многу луѓе во репродуктивна возраст. Младите отидоа по работа во големите градови и во странство“, вели педијатарката Бистра Камбурова (68) за АФП. Габрово, […]

МТСП: Во тек е етапната исплата на септемвриските пензии


Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 29.09.2022 година (четврток) започнува етапната исплата на пензиите за м.септември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина […]

Почнува снимањето на играниот филм „Емил врати се“ на Илија Павлов


Снимањето на вториот игран филм на Илија Павлов – „Емил врати се“ почнува денеска, во продукција на „Персона филм“ и „Кино Балкан“.   Според режисерот Павлов, снимањето ќе се одвива во такси низ цело Скопје со цел, како што вели, да се остави еден специфичен печат на градот кој наскоро ќе стане метропола.   Во […]