Софија не е среќна со условната казна за Ламбе Алабаковски


  Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков денеска на новинарите им изјави дека не би сакал да го разгорува жарот и дека некои теми треба да се затворат, притоа наведувајќи го фудбалскиот меч меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија на која беше исвиркана бугарската химна и шестмесечната условна казна за пејачот Ламбе Алабаковски за […]

Дополнителни 240 годишни и 264 месечни ЦЕМТ дозволи за транспортерите во 2023 година


За 2023 година ќе има на располагање дополнителни 240 годишни и 264 месечни ЦЕМТ дозволи. Од сегашните 1.440 годишни ЦЕМТ дозволи следната година ќе има 1.680, а месечните 2.544 ЦЕМТ дозволи се зголемуваат на 2.808, објави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на традиционалната средба на превозниците, во организација на Асоцијацијата Макам Транс. […]

Нови 105 случаи на Ковид-19, нема починати лица


Од направени 735 тестови во последните 24 часа, регистрирани се 105 нови случаи на КОВИД-19, од кои 22 се реинфекции, оздравени се 49 пациенти, починати нема, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. По градови од новите случаи во Скопје има 78, Битола – 9, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кавадарци, […]

Во Собранието летаа пердуви: дезертери, кодоши, шпиони, арамии…


  Што сѐ не се кажа денеска во Собранието уште на почетокот на седницата за пратенички прашања – еден куп обвинувања дека некој е дезертер, кодош, арамија, насилник, антимакедонец… Сосема очекувано беше дека по десетдневната канонада околу наводното „дезертерство“ на премиерот Димитар Ковачевски во 2001 година, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе настапи со нов артилериски багаж со […]

Oколу 31 отсто од смртноста се должи на срцевите заболувања


Речиси 31 процент од смртноста во земјава се должи на кардиоваскуларни болести, а загрижувачки е и податокот што укажува дека се бележи тенденција на пораст на срцеви заболувања кај се помладата популација, која што е работно активна, односно популација под 40 годишна возраст, информираше министерот за здравство Беким Сали, по повод одбележувањето на 29 септември […]

Мицкоски го вика на дебата за енергетската криза, а Ковачевски повика да ги каже контактите


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција го повика премиерот Димитар Ковачевски на дебата во врска со предлогот на опозицијата партија за надминување на енергетската и топлинска криза. Мицкоски рече Ковачевски да го одбере местото и часот за дебата, а потоа на новинарско прашање одговори дека, исто така, бара и средба со Владата. […]

Анкета: Потребна промена на постојниот модел на општински инспекциски надзор


Над 72 проценти од локалните инспектори сметаат дека постојниот модел на општински инспекциски надзор треба да претрпи измени, а за да биде поефикасен речиси половината (47,9 отсто) оценуваат дека треба да биде заменет со инспекциски служби на регионално ниво. Речиси една четвртина од испитаниците (24 отсто) се залагаат за централизиран систем на инспекциски служби, а […]

Раде Христовски, прв Македонец – Гувернер на Ротари Дистрикт 1912


  Раде Христовски ja презеде позицијата Гувернер на Ротари Дистриктот 1912 за ротаријанската 2022/2023 година, којшто ги обединува сите Ротари клубови од Словенија и Северна Македонија. На денешната прес конференција Христовски истакна дека функцијата Гувернер на Дистрикт е многу респектабилна и одговорна функција во ротаријанските кругови и рамките на Ротари Интернационал. Уште повеќе, што за […]

Операторот на „Северен тек 1“ ја разгледува можноста за поправка и бара опрема


  Оштетувањата на рускиот гасовод „Северен тек 1“ можат да бидат поправени со опрема од специјализираното здружение за поправка на цевководи и подморска интервенција ПРСИ Пул, информираше денеска операторот, јавија дел од британските медиуми. Операторот во понеделникот пријави ненадеен пад на притисокот во гасоводот, а Данска соопшти дека во Балтичкото Море истекува гас. Потоа е […]

И заменичката на Арсовска, Бујаре Абази, поднесе оставка


  Заменик-градоначалничката на Град Скопје, Бујаре Абази денеска поднесе оставка, порачувајќи дека партијата Алијанса за Албанците повеќе не ѝ дава поддршка на скопската градоначалничка. Оставката на Абази уследи по оставките на неколку в.д. директори на јавни претпријатија основани од Град Скопје и разрешувањето на доскорешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, а пораката […]

Мукаетов: Чест и задоволство е да бидеме организатори на најголемиот спортски настан во Македонија во последните десет години


  Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, денес на прес-конференција, рече дека е чест да се биде организатор на сениорското Европско првенство. – Во периодот од 4 до 20 ноември годинава се одржува Европското првенство за ракометарки во Словенија, Македонија и Црна Гора. За нас е голем предизвик задоволство и чест што можеме […]

Вчера се бараше со хеликоптер, денеска и со кучиња трагачи возачот кој со „голфот“ падна во Вардар


На третиот ден од потрагата по возачот и евентуални сопатници од автомобилот „голф“ што излета во реката Вардар кај тетовско Желино денеска се вклучени и кучиња трагачи. Освен тоа ќе се прави обид со допирање на протокот на вода во реката Вардар да се намали водостојот и олесни потрагата. Претставниците на надлежните институции проценуваат дека […]

Борбата против корупцијата во пракса сè уште на незадоволително ниво, свеста кај граѓаните зголемена


  Борбата против корупцијата во пракса е ретко видлива и таа е само теоретска, сепак свеста на граѓаните во однос на штетните последици од корупцијата е се поголема,  порачаа учесниците на денешната завршна конференција во рамки на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“ која се одржа денеска во Скопје.  На настанот покрај останатите институционални претставници присуствуваа […]

Донација во вредност од околу 570.000 долари за Клиниката за кардиологија


По повод 29 септември – Светскиот ден на срцето, министерот за здравство Беким Сали ја посети Универзитетската Клиника за кардиологија каде беше врачена нова медицинска опрема, донација на World medical relief, од македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави. – Станува збор за опрема во вкупна вредност од околу 570.000 долари, наменета за зајакнување на повеќе […]

Германија следната година ја очекува рецесија поради зголемените цени на енергенсите


  Водечките германски економски институти проценуваат дека германската економија следната година ќе влезе во рецесија, се наведува во денеска објавената редовна есенска анализа за економските текови во земјата. „Поради силно зголемените цени на плионот, трошоците за енергија се драстично зголемени, што доведува до масовно намалување на потрошувачката“, се наведува во таканаречената „Есенска проценка на водечките […]

Оранжериите во Кочани ќе се откажат од геотермалната вода ако поскапи повеќе од двојно


  Три оранжериски комплекси во Кочани, кои за затоплување во зимскиот период ја користат геотермалната вода, најавија дека ќе се откажат од услугите на подружницата „Геотерма“ на комуналното претпријатие „Водовод“ ако се прифати барањето на Управниот одбор за покачување на цената за 123,5 проценти. Во заедничкото соопштение на фирмите „Агротреф“, „Зелена куќа“ и „Оранжерии Добра“ […]

Со концерт „Зорина“ на 6 октомври почнува новата концертна сезона на Филхармонија


  Со концерт насловен „Зорина“, на 6 октомври почнува новата концертна сезона на Филхармонија, на кој како солисти ќе настапат пијанистите Алексеј Володин и Едит Пења. На програмата се три клавирски концерти од Моцарт, а ќе биде изведена и увертирата од операта „Свадбата на Фигаро“. Новата концертна сезона годинава има нов слоган насловен „Дамар на слободата“. […]

Џафери: Парламентарното мнозинство засега има 64 пратеници


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека засега брои 64 пратеници. -Парламентарното мнозинство сега засега има 64 пратеници, рече на редовната средба со новинарите претседателот на Парламентот. Прашан дали некој од пратениците на ДУИ го променил статусот во независен пратеник, Џафери рече дека нема такво известување до него […]

Русија отвори пункт за мобилизација и на границата со Казахстан


Руските власти најавија дека наредните денови ќе отворат пункт за мобилизација и во регионот Астрахан, на границата со Казахстан, јавија дел од медиумите во Русија. Тоа веќе е сторено на преминот Горен Ларс, на границата со Грузија. На границата со Казахстан, на главниот граничен премин Караузек, се создадоа километарски колони од автомобилите на оние кои […]

Времето утре сончево, за викендот облачно со поројни врнежи од дожд


 Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде 10, а максималната 27 степени. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до сабота ќе […]