Ердоган: Вечерва ќе разговарам со Путин за Украина


Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека вечерва ќе разговара со својот руски колега Владимир Путин и оти дискусијата ќе биде фокусирана на Украина, јави Анадолија. Ердоган се обрати на митинг во Анкара, а во таа прилика зборуваше за енергетската криза и Украина. Кога станува збор за енергетската ситуација, Ердоган рече дека Турција […]

СП 2022: Вакцинирањето против Ковид – 19 нема да е задолжително за фудбалските навивачи 


  Вакцинирањето против коронавирусот нема да биде задолжително за фудбалските навивачи на претстојното Светско првенство во Катар, но сите посетители ќе мораат да покажат негативен тест на Ковид – 19, соопштија денеска катарската Влада и Врховниот организациски комитет.  –Луѓето кои ќе дојдат во Катар немаат обврска да престојуваат во карантин, без разлика на вакциналниот статус […]

Субвенциите за земјоделците за 2023 ќе се исплаќаат на почетокот на првиот квартал од годината


  Во следната 2023 година исплатата на субвенциите за земјоделците ќе започне уште во текот на првиот квартал. Тоа се предвидува со новиот концепт за субвенционирање, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски. -Нашиот план е штом ќе се донесе буџетот за 2023 година веднаш на Влада да биде донесена програмата за поддршка на земјоделството и истиот […]

Годишната стапка на инфлација во Белгија 11,27 отсто, највисоко ниво за пет децении


Годишната стапка на инфлација во Белгија се искачи на 11,27 отсто во септември, што е највисоко ниво во речиси пет децении, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Таа цифра, која во претходниот месец изнесуваше 9,94 отсто, е највисока за Белгија од август 1975 година, објави белгискиот завод за статистика Статбел. Главната причина за брзиот раст на […]

Приведени три лица, сузбиена организирана криминална група која криумчарела хероин во Хрватска


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица ТИГАР, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и СВР Тетово – ОВР Гостивар и СВР Куманово во раните утрински часови спроведоа координирана акција по насоки на Јавен обвинител од Основното јавно […]

Политико: Кој би можел да го замени Путин и колку тоа би било опасно


Катастрофалната воена авантура на рускиот претседател Владимир Путин во Украина ја зголемува можноста за „негативен крај“ на неговото 22-годишно владеење, пишува во анализа европското издание „Политико“. „Дури и да не го признаат тоа јавно, руската војска трпи големи загуби во Украина, што наложи најава за мобилизација, иако делумна. Сепак, овој претседателски декрет доведе до вистински […]

Кралицата Елизабета Втора умрела од старост


  Кралицата Елизабета Втора починала од старост, се вели во извадоци од нејзината потврда за смртта. Се вели дека таа починала во 15,10 часот во замокот Балморал во Шкотска на 8 септември – имаше 96 години. Документот го потпишала нејзината ќерка, принцезата Ана. Смртта беше регистрирана на 16 септември од страна на генералниот секретар за […]

„Адора“ подготвена да ги даде топланите под закуп доколку се изнајде модел за да се подмират побарувањата


  Компанијата „Адора инженеринг“, во чија сопственост се топланите Исток и Запад, денеска соопшти дека е согласна, доколку се изнајде модел за да се подмират нивните побарувања, да се премине кон краткорочен договор за закуп со АД ЕСМ до моментот на реализација на сите потребни услови за купопродажба. – Во текот на вчерашниот и денешниот […]

Финска ја затвора границата за руските туристи


  Финска ја затвора својата граница за руските туристи по наредбата за делумна мобилизација на Владимир Путин која поттикна голем број луѓе да ја напуштат земјата. Од полноќ по финско време, руските туристи кои поседуваат шенген виза за ЕУ ​​ќе бидат одбиени, освен ако немаат семејна врска или убедлива причина да останат. Мати Питканитити, шеф […]

Енергетската криза претешка за ФЕНИ, печките изгасени, вработените на принуден одмор


  Кавадаречки „Еуроникел индустри“, еден од најголемите индустриски капацитети во државата е првата голема жртва на енергетската криза, односно на високите цени на електричната енергија. Од таму денеска соопштија дека поради енормните трошоци се принудени да ги изгасат печките, а вработените да ги пратат на принуден одмор. Сепак, како што посочуваат, доколку Владата успее во […]

Русија ги префрли речиси сите трупи од Северна Европа во Украина


  Русија префрли во Украина 80 отсто од групацијата на нејзините војници, кои беа лоцирани во близина на границата со Финска и балтичките земји. Ова го пренесува „Форин полиси“, повикувајќи се на тројца високи претставници на европските одбранбени оддели. Според изданието, од групата од 30.000 војници кои служеле во близина на границите со балтичките земји […]

Ватикан го санкционира бискупот-нобеловец по обвинувањата за сексуални злоставувања во Источен Тимор


 Ватикан денеска потврди дека бискупот Карлос Сименес Бело, добитник на Нобеловата награда за мир, е под „дисциплински санкции“ во последните две години поради обвинувањата дека сексуално злоставувал момчиња во Источен Тимор во 1990-те. Портпаролот на Ватикан во соопштението наведе дека канцеларијата која се занимава со случаи на сексуална злоупотреба добила обвинувања „во врска со однесувањето […]

Извезуваме производи со низок степен на финализација


Македонскиот извоз има многу системски проблеми и пред овој кризен период низ кој поминуваме. Македонската економија има неповолната извозна структура – најголем број од производите што ги извезуваме се со ниска додадена вредност, што де факто е еден од нашите сериозни недостатоци кој се рефлектира на хроничниот трговски дефицит на земјата, рече денеска претседателот на […]

Приведена кавадарчанка за свирепо убиство


Во средата,  полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, по преземени оперативни мерки и активности била лишена од слобода М.Б.(51) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по чл. 123 од Кривичниот законик. Имено, на 06.09.2022 […]

Измените во Законот за игри на среќа го запалија алармот кај обложувалниците и вработените во секторот


Измените во Законот за игри на среќа кои се во собраниска процедура, ги вжештија односите на релација организатори на игри на среќа и спортски обложувалници од една страна и Министерство за финансии од друга. Новото законско решение предвидува оддалеченост на објектите во кои се приредуваат игри на среќа и забавни игри да биде најмалку 500 […]

Арсовска го нарече преседателот на Советот на градот Талат Славевски


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на седница на Советот на Град Скопје, повторно го повикуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а претседателот на Советот Трајко Славевски ѝ го исклучи микрофонот. „Бега шпицниот градоначалник од дебата, се крие Христијан Мицкоски, извинете морам да ви кажам, бега, пет дебати имаше можност но бега човекот, се […]

Ковачевски: Од идната година на глобално ниво може да се очекува 50 проценти недостиг на храна


Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратеничко прашање изјави дека од идната година на глобално ниво може да се очекува 50 проценти недостиг на храна, што секако ќе се одрази и на цените. – Идната година проблемот нема да биде цената на храната и логистиката за транспорт на храна, туку недостигот на храна. Гледајќи го […]

Акциите на „Порше“ пораснаа на дебито на берзата во Франкфурт


Акциите на „Порше“ (Porsche) пораснаа на своето деби на берзата во четвртокот, во една од најголемите јавни понуди во Европа досега, јавија светските медиуми. Акциите на култната марка на спортски автомобили првично се тргуваа за 84 евра (81 долар) во четвртокот наутро, откако доцна во средата беа ценети на врвот од нивната понуда, по 82,50 […]

Осум „Грин Машинс“ возила на „Брако“ тргнаа за Велика Британија


Осум електрични возила за одржување хигиената во урбана средина тргнаа од „Брако“ за Велика Британија и во следните денови ќе бидат испорачани до нивните корисници. Осумте машини се изработени во фабриката „Грин Машинс“ во склоп на „Брако“, во специјална, нестандардна изведба според желбите и потребите на нарачателите и се испорачани во рекордно време од неполни […]

Финска утре ја затвора границата за Русите


Финска утре ќе ја затвори својата граница за руските туристи, потврди денеска финскиот шеф на дипломатијата Пека Хависто. Границата ќе биде затворена за сите руски туристи, но не и за сите руски државјани. Имено, Русите кои ги посетуваат членовите на семејството, работат или студираат во Финска и понатаму ќе можат да влезат во таа земја. […]