Финска утре ја затвора границата за Русите


Финска утре ќе ја затвори својата граница за руските туристи, потврди денеска финскиот шеф на дипломатијата Пека Хависто.

Границата ќе биде затворена за сите руски туристи, но не и за сите руски државјани.

Имено, Русите кои ги посетуваат членовите на семејството, работат или студираат во Финска и понатаму ќе можат да влезат во таа земја.

Финска сака драстично да го ограничи бројот на Руси кои влегуваат во земјата.

Потсетуваме, по прогласувањето на мобилизацијата за војната со Украина, илјадници Руси почнаа да бегаат во соседните земји, па така и во Финска.