Арсовска го нарече преседателот на Советот на градот Талат Славевски


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на седница на Советот на Град Скопје, повторно го повикуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а претседателот на Советот Трајко Славевски ѝ го исклучи микрофонот.

„Бега шпицниот градоначалник од дебата, се крие Христијан Мицкоски, извинете морам да ви кажам, бега, пет дебати имаше можност но бега човекот, се плаши, рече градоначалничката на Град Скопје, Арсовска обраќајќи им се на советницте на ВМРО-ДПМНЕ, по што претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски додека таа говореше ѝ го одзеде зборот и го исклучи микрофонот.

„Ниту еден лидер не е поканет на седницата и не може да го барате тука“, кажа Славевски.

По ова градоначалничката Арсовска го нарече претседавачот Талат Славевски и посочи дека нема право да ѝ го одземе зборот.

-Господине Талат Славевски немате право да исклучувате – рече Арсовска.

Тензиите во Советот на Градот меѓу градоначалничката и членовите и претседателот на Советот почнаа по отказите и оставките на директорите на јавните претпријатија, пред две недели, а одтогаш градоначалничката Арсовска место на своето почесно место, седи во последните редови во салата, кај службите.