(Видео) Ловец на урагани објави снимка: „Ова ќе го памтам засекогаш“


 

Ловец на урагани кој во авион влета во ураганот Ијан ја опиша бурата како најлоша во својот живот.

Ник Андервуд беше во мисија за извидување со американската Национална океанска и атмосферска администрација (NOAA) за да ја процени опасноста која се заканува од една оајсилните бури која некогаш ги погодила САД.

„Секогаш ќе го памтам Ијан, барем до следната бура за која ќе морам да кажам дека е најлошата. На снимката се обидувам да издржам за да соберам податоци. Изгледаше како да трае засекогаш“, објави Андервуд во описот на снимката.

рече дека неколку моменти му се чинело дека авионот е во „лоша ситуација“, додавајќи дека пилотите сепак ги извлекле.