Македонските Бугари бараат цела политичка елита да го осуди исвиркувањето на химната, а не само МНР


Фото: Б. Грданоски

 

Организациите на Бугарите бараат од ЕУ, ОБСЕ, Советотот на Европа да гледаат што се случува во Македонија, бидејќи во земјава има „демократски дефицит“

Претставници на 10 бугарски здруженија во Македонија го осудија она што се случи на 26 септември 2022 година во Скопје за време на фудбалскиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на двете земји.

Тие ги повикаа претседателот на Македонија, владата, парламентот, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, народниот правобранител, невладиниот сектор да го осудат исвиркувањето на бугарската химна и говорот на омраза, како што тоа го направи Министерството за надворешни работи на земјава, што беше оценето како позитивен факт.

„Истовремено, нагласуваме дека ‘политичката елита’ во земјата е жртва на сопствениот ‘успех’ во создавањето атмосфера на нетрпеливост кон нас, луѓето со бугарска самосвест во Република Северна Македонија и Бугарија во целина“, писмото на десетте невладини организации.

Во него се повикуваат претставниците на ЕУ, како и амбасадите на земјите-членки на ЕУ, ОБСЕ, Советот на Европа и меѓународните партнери да обрнат внимание на „демонстрацијата на говор на омраза против земја-членка на ЕУ, каде што Северна Македонија декларативно сака да се придружи“.

„Оставаме на почитуваните дипломати да оценат колку манифестациите и во поширок контекст севкупниот амбиент во кој живееме ние македонските Бугари се вклопуваат во вредностите на кои се заснова ЕУ“, се вели во писмото.

„Се надеваме дека настаните од фудбалскиот натпревар меѓу Северна Македонија и Бугарија конечно ќе придонесат меѓународните партнери да го разберат секојдневниот живот во кој живееме ние и нашите предци по 1944 година и бруталниот притисок со премолчена согласност на сите владејачки групи во Република Северна Македонија против оние кои се осмелуваат да се декларираат како Бугари“, се вели во писмото.

Организациите на македонските Бугари во писмото го оценуваат како „алармантен податокот дека меѓу најгласните фанови имало претставници на помладата генерација на Северна Македонија“. Ова, според потписниците на писмото, „уште еднаш ја покажува потребата од промена на наставните програми на Северна Македонија поврзани со предметот историја, врз основа на препораките на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања и, се разбира, врз основа на историски факти и историски извори и документи“.

Македонските Бугари уште пишуваат дека фудбалскиот натпревар „се претвори во демонстрација против земја членка на ЕУ“ и дека тоа е „јасен доказ за демократскиот дефицит во земјата“.