Санстефанскиот идеал стана стана клуч на бугарската политика


Доселените Македонци, особено во градовите, не беа добредојдени од сите Бугари, особено во местата каде што имаше малку работни места. Резултатот беше, меѓу другото, тоа што македонските „емигранти“ се обидоа да бидат национално побугарски од домородните Бугари Во јануари годинава македонската писателка Кица Колбе, која живее во Германија, во колумна за Дојче веле, пишувајќи за […]

Спасовски: Уништени околу десет тони различни видови на наркотични дроги


Во „Макстил“ денеска беа уништени околу десет тони различни видови на наркотични дроги одземени до август 2022 година по основ на правосилни судски одлуки донесени по завршени кривични постапки, како и врз основа на судски решенија за нивно ништење,  изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. – Станува збор за уништени повеќе од 8,2 тона марихуана, […]

Во Грција започнува имунизација со ажурираните вакцини против Ковид-19


Грција – Имунизацијата со ажурираните вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат од варијантата Омикрон, во Грција ќе започне в среда, а вакцините ќе се користат само како прва или втора бустер доза, односно само за оние кои се веќе вакцинирани до две или три дози, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателката на Националната комисија за […]

Ѓоковиќ доби дозвола да игра на Австралија опен


Австралија– „Хералд Сан“ ексклузивно пренесува дека Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен кој ќе се одржи во јануари 2023 година.   Оваа година Ѓоковиќ помина вистинска голгота во Австралија откако стигна до таму, но го вратија поради тоа што не е вакциниран.   Имаше информација дека Ѓоковиќ би можел да добие тригодишна забрана за […]

(Анкета) Кој сака најмногу да влезе во ЕУ?


Анализа која земја колку сака да влезе во Европската унија , според анкетите направени меѓу граѓаните во нив, покажува дела Албанците се шампиони во европската кауза, зад ние е Украина, а Србија е на дното, помалку и од Велика Британија која излезе од Унијата.  

За три дена 179 нови заболени од Ковид- 19, пријавени шест починати лица


Во последните три дена од изминатиот викенд (9-11 септември), направени се 1.286 тестови, а регистрирани се 179 нови случаи на КОВИД-19 од кои 36 се реинфекции, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новите случаи најголем број има регистрирано во Скопје – 94, Битола – 16 и Куманово – 11. […]

Дали британската монархија може да опстане без својата кралица?


Англија- Смртта на кралицата Елизабета Втора, која владееше со Обединетото Кралство 70 години, предизвика излив на сочувство и наклонетост од целиот свет, а исто така покрена големи прашања за иднината на кралското семејство во отсуство на единствениот монарх што повеќето Британци некогаш го имале. Формалните чекори се јасни. Најстариот син на кралицата, Чарлс, сега е […]

Ќе се проверува дали имало упад во личните податоци по хакирањето на МОН


Министерството за образование и наука (МОН) досега не доставило до Агенцијата за заштита на лични податоци известување за нарушување на безбедноста на личните податоци, откако пред два дена сајтот на Министерството беше цел на напад на хакерска група. Веб -страната на МОН и денеска не е достапна за јавноста. Од Агенцијата за МИА наведуваат дека […]

Ифо: Германија се соочува со рецесија во 2023 година


Економијата на Германија ќе се намали во 2023 година бидејќи драматичното зголемување на трошоците за енергија поради руско-украинската војна ги намали изгледите за закрепнување од пандемиската криза, соопшти во понеделникот институтот Ифо. Во јуни институтот прогнозираше дека економијата ќе порасне за 3,7 проценти следната година, а сега предвидува дека активноста ќе падне за 0,3 проценти. […]

Во Русија кружи петиција за оставка на Путин


  Советници од 18 општински области во Москва, Санкт Петербург и Колпино побараа оставка на рускиот претседател Владимир Путин, според петицијата со список на потписи објавена на Твитер во понеделникот. „Ние, општинските советници на Русија, веруваме дека постапките на нејзиниот претседател Владимир Путин се штетни за иднината на Русија и нејзините граѓани. Бараме оставка на […]

Џош Духамел се ожени со Аудра Мари на свадбената церемонија во Северна Дакота


  САД-  Актерот Џош Духамел и Аудра Мари се венчаа!Парот – кој се свршиво јануари – се венча за време на церемонијата во саботата во Фарго, Северна Дакота. ТМЗ, кој прв ја објави веста, рече дека Духамел (49) и Мари (28) се венчале на покривот на хотелот Џаспер во областа, цитирајќи очевидец. Двојката потоа, наводно, […]

Инфлацијата не запира и во Србија – во август се искачи на 13,2 отсто


Потрошувачките цени во август 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 13,2 отсто, објави Републичкиот завод за статистика. Од лани до овој август најмногу поскапела групата производи „кафе, чај и какао“ – за 25,7 отсто. Лебот и житариците поскапеа за 24,1 отсто, а месото за една година поскапе за […]

Русија се соочува со пораз и во војната со гас


Една недела откако рускиот енергетски гигант Газпром го прекина извозот на гас во Германија преку Северен тек 1, рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе ги намали преостанатите испораки и ќе го остави „Западот да замрзне“ доколку се обиде да ги ограничи цените на нафтата и гасот. Ваквите изјави би ги фрлиле пазарите во […]

Жителите на повеќе градови во Ростовската област во Русија пријавиле огромна експлозија


  Жителите на Ростовската област пријавиле силна експлозија која се слушнала во повеќе градови во регионот. Како што забележува локалниот медиум „161.ru“, повикувајќи се на очевидци, растојанието помеѓу екстремните точки каде се слушнала експлозијата е речиси 200 километри. Новинарите, повикувајќи се на очевидци, пишуваат дека по експлозијата „на некои места“ трепереле оградите, а алармите за […]

Во општина Пустец само седум првачиња


 Новата учебна 2022/2023 година денеска почна и за основците и средношколците во општина Пустец, област Мала Преспа, Република Албанија.  На почетокот на учебната година со учениците во Пустец беше градоначалникот Пали Колефски кој им посака среќен почеток и многу успех во совладувањето на наставните единици.  -Вам драги ученици и на вашите наставници ви посакувам среќен […]

СЗО: Каде Македонија напредува во здравството, а каде не


Во својот нов Извештај за Северна Македонија Светската здравствена организација (СЗО) забележува дека земјава постигнува напредок во намалувањето на антимикробна резистентност и во користењето е-здравство во одговорот на КОВИД-19, додека катастрофалните здравствени трошоци и понатаму претставуваат предизвик. Во „Здравствени системи во акција: Северна Македонија“ – новиот извештај на СЗО за Северна Македонија нагласува дека земјата почнала […]

Напуштено приватно земјиште ќе се дава под наем, осигурувањето ќе биде задолжително


Според измените на Законот за земјоделство, кои треба да се изгласаат во Собранието, и напуштеното земјоделско земјиште кое е во приватна сопственост ќе се дава под наем. – Во законските измени предвидуваме и напуштеното приватно земјоделско земјиште да имаме право како држава да го дадеме под наем под соодветни услови откако тоа земјиште ќе биде […]

АВМУ: Рекламирање на локалната власт во медиумите е спротивно на законот


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека користењето буџетски средства за промовирање активности на локалната власт е во спротивност со член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Реакцијата на АВМУ следува по  информациите дека Град Скопје склучил договор вреден околу 5 милиони денари за промоција на кампањи за посебни активности […]

Заклучоци од самитот Брдо-Бриони: Поддршка за кандидатски статус за БиХ и безвизен режим за целиот регион


 Учесниците на денешниот самит на Процесот Брдо-Бриони донесоа заеднички заклучоци со кои се бара забрзување на процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан и барање кандидатски статус за членство во ЕУ за Босна и Херцеговина и безвизен режим за целиот Западен Балкан до крајот на 2022 година. Шесте усвоени заклучоци денеска на Твитер ги објави словенечкиот претседател Борут Пахор, кој заедно со хрватскиот […]

Главниот пропагандист на Кремљ бара егзекуција за воените команданти заради поразот


Главниот пропагандист на Кремљ, Володомир Соловиев, повика на егзекуција на руските команданти кои дозволиле контраофанзива на вооружените сили на Украина во регионот Харков. „Јас не оправдувам никого, уште повеќе не се расправам со фактот дека многу началници во еполети (јазикот не ми дава да ги наречам команданти) се достојни за отпуштање со обесчестување, па и […]