Инвеститорски ден на Берзата – тргување со акции без провизии за домашните физички лица


  Македонската берза, денеска, го организира третиот по ред „Инвеститорски ден“, кога сите домашни физички лица можат да тргуваат на Берзата со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници. Како што информираат од Берзата, целта на настанот е промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални […]

Промоција на учебник по Детска стоматологија


Првиот сеопфатен учебник по детска стоматологија кај нас – Детска стоматологија од група автори, ќе биде промовиран денеска напладне во амфитеатарот на Стоматолошки факултет во Скопје. На промоцијата ќе се обратат проф. д-р Ќиро Ивановски, декан на Стоматолошкиот факултет, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска уредничката и една од авторите на книгата, проф. д-р Џон Николсон еден […]

„Пат за Волкодери“ – ретроспективна изложба на Симон Узуновски во МСУ


  Во Музејот на современата уметност – Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба „Пат за Волкодери – Ретроспектива“ со дела од македонскиот уметник Симон Узуновски. Изложбата во МСУ ќе биде отворена до 25 октомври 2022 година. Тим од петмина историчари на уметноста Марика Бочварова Плавевска, Зоран Петровски, Љиљана Неделковска, Валентино Димитровски […]

Патувачкото кино на МакеДокс 2022 во Преспа


Магаренцето на Патувачкото кино на „МакеДокс“ го продолжува своето тринаесетто патување во Преспанскиот регион. Од денеска до 17 септември предвидени се четири проекции на документарни филмови кои ќе се одржат на различни локации. – Преспа е повторно во фокус, бидејќи (агро)културата во тој регион е тотално девастирана, а таа е основа за сите понатамошни сегменти […]

Во продажба билетите за 41.Скопски џез фестивал


  Влезниците за претстојното издание на традиционалниот Скопски џез фестивал, што годинава ќе се одржи од 13 до 16 октомври, се веќе достапни на билетарниците на НОБ, МКЦ и онлајн на МКтикетс. Фестивалот годинава е сочинет од 10 концертни настапи и еден документарен филм. Програмата е извонредно силна, внимателно составена и исполнета со низа ексклузивни настапи на […]

Астрономски календар


  Денеска е вторник, 13 септември 2022 година, 251-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 114 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 10 минути, а ќе зајде во 18 часот и 49 минути. Денов трае 12 часа и 39 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе […]

Руски војници масовно им се предаваат на украинските сили


  ХАРКОВ – Украинските војници во понеделникот вратија широк дел од територијата од руските сили, притискајќи сѐ до североисточната граница на некои места и тврдеа дека заробиле многу руски војници како дел од молскавичното напредување што ја принуди Москва да направи избрзано повлекување. Портпаролот на украинското воено разузнавање рече дека руските војници масовно се предаваат […]

Бесими: Даночните реформи не почнуваат сега, има акциски план 2021/2025


Министерот за финансии Фатмир Бесими вечерва изјави дека даночните реформи не почнуваат сега, тие се дел од програмата на Владата и се дел од стратегијата за реформи на даночниот систем што е усвоен во декември 2020. Тајмингот, во однос на имплементацијата, би бил транзициски, не значи дека сè што се разговара сега ќе се примени […]

Алкараз на чело според заработката во 2022


Победникот на УС Опен и од денеска најдбар светски тенисер Карлос Алкараз (19) се наоѓа и на првото место според заработката во 2022 година. Младиот шпански тенисер само од турнирските награди инкасирал 7.39 милиони долари. На второто место според заработката е неговиот сонародник Рафаел Надал, кој годинава инкасирал 6.69 милиони евра. Трет е финалистот на […]

НАСА ја поправи ракетата, закажан последниот тест лет пред лансирање


НАСА конечно ја заврши поправката на првата ракета од мисијата Artemis која треба да ги врати луѓето на Месечината. Американската вселенска агенција планира да спроведе тест на полнење гориво за да потврди дека работи според предвиденото. Агенцијата се надева дека успешно ќе го заврши тестот на 17 септември. „Оваа демонстрација ќе им овозможи на инженерите […]

Лига Европа: Одложен натпреварот Арсенал – ПСВ


Натпреварот меѓу фудбалерите на Арсенал и ПСВ кој требаше да се одигра в четврток во рамки на Лига Европа е одложен, соопшти денеска УЕФА. Дуелот, како што се прецизира во соопштението, е одложен поради „сериозни ограничувања на полициските ресурси и организациски прашања“ во врска со тековните настани по смртта на британската кралица Елизабета Втора. УЕФА наведе дека новиот термин за одигрување […]

ЕМА ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер


 Европската агенција за лекови (ЕМА) ја препорача бустер вакцината против варијантата омикрон на коронавирусот БА. 4/5, неколку дена откако одобри две вакцини против постарата варијанта БА.1. Станува збор за т.н двовалентна вакцина на Фајзер и Бионтек, која ги таргетира и BA. 4/5 и оригиналниот вид на коронавирус кој првпат се појави во Кина во декември 2019 година. Додека постоечките вакцини обезбедуваат добра заштита од […]

Три деца најдени мртви во Њујорк, можно е да ги убила нивната мајка


Три деца биле пронајдени починати во Њујорк, полицијата се сомнева во нивната мајкаОбјавено пред 3 минути – 12 септември, 2022Од Макфакс Три деца се пронајдени починати денеска во близина на познатата патека на Кони Ајленд во Бруклин, Њујорк, а полицијата верува дека ги удавила нивната мајка, пренесува АП. Добивај вести на вибер Телата на седумгодишно […]

ОН ги предупредија талибанците да не го вознемируваат нивниот женски персонал


 Мисијата на Обединетите нации во Авганистан ги обвини талибанските власти за малтретирање на нивните вработени во Авганистан, соопштија денеска претставници на мисијата на ОН. Тие ги повикаа локалните власти да го почитуваат персоналот на мисијата на ОН. – Се појави шема на малтретирање на авганистанските жени од персоналот на ОН од страна на талибанските власти, се вели […]

Научниците створија дијаманти од пластика


Научници гаѓале пластика со силен ласер при што успеале да направат дијаманти. Сличен процес веројатно се случува при високи температури и притисоци на некои планети во Сончевиот систем, што би можело да објасни зошто Уран и Нептун се толку чудни. Стручњаците и претходно успеаја да створат нанодијаманти насочувајќи ласери кон мешавина од јаглерод и водород, […]

Премиерот Ковачевски приреди прием по повод завршувањето на мандатот на амбасадорката на САД Брнз


  Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски вечерва приреди прием по повод завршувањето на мандатот на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.   Премиерот истакна дека амбасадорката Брнз беше присутна во клучен период за земјата и дека секогаш ќе остане пријателка на Република Северна Македонија. „Нашата соработка изминативе години беше партнерска и блиска, […]

Во Сирија пет смртни случаи од колера, повеќе од 20 нови инфекции поради загадена вода


  Болниците во Дамаск се ставени во состојба на готовност откако беа регистрирани повеќе од 20 случаи на колера, а најмалку пет лица починаа, соопштија денеска здравствените власти. Се претпоставува дека луѓето се заразиле затоа што пиеле загадена вода и со неа полевале растенија кои подоцна ги јаделе. Дел од населението во Сирија нема пристап […]

Шведските конзервативци добија голема поддршка од гласачите, резултатите од парламентарните избори сè уште се неизвесни


  По 94 отсто преброени гласови на парламентарните избори во Шведска, демократите станаа втората најсилна партија во парламентот, по социјалдемократите на премиерката Магдалена Андерсон. Шведските демократи, популистичка антиимиграциска партија, ветија дека ќе ги разбијат бандите во гетоизираните населби каде стапката на криминал е зголемена, пренесе Бета. Затоа, Швеѓаните се загрижени за безбедносната ситуација во земјата, […]

Харисон Форд заврши со Индијана Џонс: „Дојде крај на моите авантури“


  САД- Последен истрел кон среќата и славата. Харисон Форд го претстави петтиот филм од серијалот „Индијана Џонс” на шоуто „Д-23“ на „Дизни“ во околината на Лос Анџелес. Околу 6.000 луѓе притоа му ракоплескаа на 80-годишниот американски глумец. Филмот допрва ќе го добие насловот, а ќе биде објавен на 30 јуни 2023 година.   Форд […]

Поќерката на Камала Харис ги разголи градите на Модната недела во Њујорк


  САД– Ела Емхоф го удвојува статусот на модна икона! Еден ден откако магазинот Harper’s Bazaar ја прогласи за икона , манекенката и ќерката на вториот господин Даг Емхоф прошета по пистата на ревијата на Њујоршката модна недела UN Plaza на Прабал Гурунг во саботата со необичен изглед. 23-годишната Ела се осмели да се разголи […]