Скопски џез фестивал од 13 до 16 октомври: Десет концерти и еден документарец


Четириесет и првото издание на Скопскиот џез фестивал, годинава ќе се одржи од 13 до 16 октомври, а ќе понуди 10 концертни настапи и еден документарен филм. Фестивалот годинава е сочинет од извонредно силна програма, внимателно составена и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес. […]

Каракаш, Жакељ, Алексиева, Бајац, Грлиќ, Османли – гости на 10. издание на „ПРО-ЗА Балкан“


  Десетина писатели, издавачи, уредници од регионот и пошироко ќе бидат гости на јубилејното 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, што ќе се одржи од 18 до 21 септември во Скопје. На годинашната добитничка на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, македонската писателка Оливера Николова, ќе ѝ се […]

Над 2000 балерини на Европското првенство во џез, модерен и класичен балет во Скопје


  Над 2000 балерини од 23 земји беа дел од Европското првенство во џез, модерен и класичен балет, што се одржа во СЦ „Јане Сандански“ од осми до 11 септември 2022 година. Организатори на првенството се танцовите клубови Студио „Брејк а лег“ и „Ит да бит“ од Скопје. Покрај балерините, кои имаа можност да ги […]

Германија се спрема за криза, списокот како пред апокалипса


Германското здружение на градови и општини предупреди за можни раширени рестрикции на струја во Германија поради енергетската криза и ги повика граѓаните сериозно фа ги сфатат сојузните препораки за цивилна заштита. Составија и список на залихи кои секое домаќинство треба да ги има при рака во случај да нема струја, вода и гориво, пренесе Fenix-magazin.de. […]

Блинкен: Украина постигна значаен напредок во контраофанзивата


Американскиот државен секретар Антони Блинкен синоќа изјави дека украинската контраофанзива против руската војска сѐ уште е во рана фаза, но дека украинските сили постигнале „значаен напредок“. Блинкен, кој се наоѓа во работна посета на Мексико, беше прашан за неговата проценка за ситуацијата во Украина. Украинските сили зазедоа десетици позиции во изминатите неколку дена, откако Москва […]

Почина композиторот Корнелије Ковач: Го „создаде“ Здравко Чолиќ и му ги напиша најубавите хитови


Познатиот српски композитор Корнелие Ковач почина денеска на 81-годишна возраст во Белград, потврдија од кругот на семејството. Музичарот бил позитивен на корона вирус и бил сместен во болницата „Ковид“ во Батајница, јавува „Курир.рс“. Корнелие Ковач беше српски композитор, пијанист, аранжер. Роден е во Ниш во 1942 година, а Ковач ја составил својата прва композиција „Пусти […]

Македонија 42. во светот по смртност според листата на ЦИА


Македонија e на 42 место по стапка на смртност на листата на ЦИА на која се рангирани 229 држави во светот. Земјава има коефициент од 9,61 смртни случаи на 1.000 жители годишно. Kоефициентoт, според методологијата на анализата, се пресметува како просечен годишен број на смртни случаи на 1.000 жители на средината на годината. Според листата на […]

Чешката Влада донесе одлука за ограничување на цените на електричната енергија и гасот


Чешката Влада донесе одлука за ограничување на цените на електричната енергија и гасот, со цел да ги заштити домаќинствата од растечките цени на пазарот, информираше премиерот Петр Фијала. Како и други европски земји, Чешка одлучи да ги заштити граѓаните и компаниите од растот на цените на пазарот во период на намален проток на руски гас […]

ПСЖ е подготвен да му понуди нов договор на Меси


 Раководството на ПСЖ е задоволно од изданијата на напаѓачот Лионел Меси. Клубот е подготвен да му понуди на Аргентинецот нов двегодишен договор. Според новинарот Лоик Танзи, спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Луис Кампос сака Меси да продолжи да игра за парижаните. Официјалните преговори може да започнат по Светското првенство во Катар, доколку Меси продолжи со […]

Никако да се надмине проблемот со учебниците, нема ни за средношколците


Учебната година почна навреме, но и годинава изостанаа учебниците за учениците од основните и средните училишта. Во основното образование се импровизира со еден учебник по сите предмети од прво до петто одделение, а оние во повисоките класови мака мачат со учебниците кои ги добиле од претходните генерации затоа што се неупотребливи, искинати или им фалат […]

Зеленски: Украинската војска поврати контрола над околу 6.000 квадратни километри


За време на контраофанзивата изведена од почетокот на септември украинската армија повторно ја поврати контролата над речиси 6.000 квадратни километри територија што досега ја имаа окупирано руските сили, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. -Од почетокот на септември нашите војници веќе ослободија 6.000 квадратни километри украинска територија на исток и југ, а ние одиме напред, […]

Зендаја со „Еуфорија“ повторно испиша историја на наградите „Еми“


  САД- Ѕвездата на „Еуфорија“ Зендаја повторно испиша историја на Еми наградите, стана најмладата двократна актерка победничка досега, бидејќи ја доби својата втора статуетка за  најдобра актерка во серија-драма за улогата во „Еуфорија“, реномирана тинејџерска драмска серија на HBO.  Кога актерката излезе на сцената во елегантна тоалета на „Валентино“, таа сподели дека е „почестена“  и […]

Повторно судир меѓу Азербејџан и Ерменија за Нагорно-Карабах


Во спорниот регион Нагорно-Карабах синоќа повторно избија борби меѓу војските на Азербејџан и Ерменија, откако азербејџанската армија ги нападнаа ерменските позиции. Азербејџанските војници ги нападнаа ерменските позиции на три позиции со артилерија и оружје од висок калибар, соопштија руските медиуми, повикувајќи се на ерменското Министерство за одбрана. Во меѓувреме, азербејџанското Министерство за одбрана во Баку […]

Италијанецот Алесандро Чиочети именуван за нов главен секретар на ЕП


Франција – Италијанецот Алесандро Чиочети е именуван за нов главен секретар на Европскиот парламент (ЕП), а постапката според медиумите е изведена со контроверзна одлука. Чиочети на 1 јануари ќе го наследи Германецот Клаус Веле, кој на функцијата беше од 2009 година. Одлуката кој ќе ја добие оваа позиција, ја донесуваат 14 потпретседатели на ЕП и пет […]

Ковачевски денеска во Атина: Ќе има ли струја и гас по поволна цена за стопанството?


  Ќе има ли доволно енергенти по поволна цена што ќе овозможи компаниите во земјава да ја пребродат зимата и да не стават клуч на врата, ќе биде појасно денеска по работната посета на премиерот Димитар Ковачевски на соседна Грција, каде што во фокусот на разговорите ќе биде енергетската криза и начините како таа да […]

Косово потпишува договор со ЕУ за 64 милиони евра од програмата ИПА III


Косово– Косовскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Бесник Бислими ќе потпише денеска договор со Европската унија за првата финансиска програма ИПА III во вредност од речиси 64 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Службата за информирање на косовската Влада соопшти дека настанот ќе се случи претпладнево во 10 часот во зградата на Владата. – Првиот вицепремиер […]

Игор Ангелов: Ние актерите сме за балканска кинематографија


  Игор Ангелов е најпознатиот македонски актер во Бугарија, а Телевизија Нова денеска започнува со емитување на серијата „Со река на срцето“. Пред емитувањето на првата епизода во Cinema city во Paradise Mall во Софија, за гостите на Nova Broadcasting Group се одржа гала-премиера. Како што јави дописникот на МИА од Софија, режисер на серијата […]

Милков разговараше со амбасадорите на земјите од Западен Балкан


  Бугарија – Бугарскиот министер за надворешни работи во техничката влада, Николај Милков, синоќа разговараше со амбасадорите и претставниците на амбасадите на земјите од Западен Балкан во Софија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова е првата регионална средба на техничкиот шеф на бугарската дипломатија по неговото учество на средбата на премиерот Галаб Донев […]

Џафери треба да се изјасни за иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ


  Претседателот на Собранието Талат Џафери се очекува денеска да ја разгледа иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за одржување референдум за поништување на Договорот со Бугарија. Официјалните информации од Кабинетот на Џафери се дека тој денеска ќе биде на работа и оти ќе информираат во врска со неговата одлука за инцијативата. Доколку таа добие „зелено“ светло, тогаш […]

Битиќи на конференција на Зелениот климатски фонд во Јужна Кореја


  Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе учествува и ќе се обрати на Втората конференција за глобално програмирање на Зелениот климатски фонд, која ќе се одржи од денеска до 15 септември 2022 година во Инчеон, Република Кореја. Вицепремиерот Битиќи, како што соопштија од […]