Германија се спрема за криза, списокот како пред апокалипса


Германското здружение на градови и општини предупреди за можни раширени рестрикции на струја во Германија поради енергетската криза и ги повика граѓаните сериозно фа ги сфатат сојузните препораки за цивилна заштита. Составија и список на залихи кои секое домаќинство треба да ги има при рака во случај да нема струја, вода и гориво, пренесе Fenix-magazin.de.

Предупредија дека немањето струја може да се должи и на зголемената употреба на греаливи, затоа што само оваа година се продаде 650.000, кои треба да бидат алтернатива за греење ако снема гас. Предупредуваат и од хакерски напади.

Сепак, канцеларот Олаф Шолц вели дека во текот на викендот Германија се подготвила. Стрес-тестот што го спровела сојузната влада покажал дека малку веројатно е да снема струја подолго од еден час. Се работеше за екстремно сценарио, на пример доколку откажат половина од гасните лектрани во Германија.

И стручњаците велат дека германската електроенергетска мрежа е доволно добра и дека не треба панично да се реагира.

Како правилно да се снабдат со итни намирници

Сојузната канцеларија за цивилна заштита и помош во нереќи советува жителите да се подготват со снабдување намирници за десет дена, затоа што во случај на катастрофи не можат итните служби да интервенираат секаде, па така на соседска основа луѓето меѓусебно ќе може да се помагаат.

Направен е список за најпотребните работи и храна, која задоволува дневни потреби од 2.200 килокалории по човек, за десет дена.

20 литри вода (или само вода од чешма)
3,5 кг житарки, производи од жито, леб, компир, тестенини или ориз
2,5 кг овошје (во лименки или тегли) и јаткасти плодови
4 кг мешунки и зеленчук (во лименки или тегли)
2,6 кг млеко и млечни производи
1.5 кг риба, месо или јајца или цели јајца во прав (јајцата се расипливи, а оние во прав имаат рок на траење од повеќе години)
0,4 кг масти и масло

Намирници кои не мора да се подгреваат или да се варат (шечер, мед, чоколадо, брашно, инстант супа, тврди колачиња, соленки) – количина по желба
Шпорет на гас (за кампување) за загревање на храната.

Дрогериски производи:
дезинфекциско средство
дупли сапун/детергент
доволно тоалетна хартија
четка и паста за заби двојно

Медицински:
прибор за прва помош
важни лекови што ги пропишува лекар
топломер
лекови против болка и температура
лек против дијареа, мачнина и повраќање

Разно:
свеќи
лампи
шпорет за кампување
светилки на батерија
резервни батерии
вреќи за ѓубре

СОветуваат да се обезбедат и потребните документи како изводи од матична книга на родени, венчани, починати…

Оригинал или копија од штедни книшки, договори, акции, вредносни хартии, полиси за осигурување, потврди за станарина, пензија или плата…

Докази за квалификација: свидетелства, факултетски дипломи и друго.

Тестаменти…

Единствени копии од лична карта, пасош, возачка дозвола и сообраќајни документи за возилото, имотен лист, фактури за побарувања, членски карти за здруженија, клубови или други организации, вакцинален картон.

„Секој кој нема доволно простор за складирање вода или храна за 10 дена може да ги намализ алихите за три дена, што еподобро отколку ништо“, објаснува Сојузната канцеларија за помош во катастрофи.